Нумерација на улици

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Живеам на улица каде што нема броеви.На лична карта кај сите пишува ББ(без број).Е сега некој на олуците си напишале броеви и хаос е све.Алал да му е на поштарот што ни носи пратки, мора да знае кој човек во која куќа живее :pos:.Ај поштариве се спремни ама овие што доаѓаат од Скопје за интернет од t-home или некои такви ствари нема шанса да се снајдат.Ако најдат некој на улица да го прашаат кој кај живее или ќе тропнат на рандом врата па ќе прашаат за Х човек кај му е куќата.
Еднаш дојде еден од Скопје за да ни ги менува каблите од интернетот и ми вика: Аман бе дечко сите овде сте без број кај да ги најдам луѓево :pos:.Жал ми се падна и за тие што знаев му запишав на еден лист ама голема е населбава и не ги познавам сите луѓе.Има и многу албанци во населбава така да кој знае кај има тропнато за да ги најде сите корисници.
 
Стварно има голем хаос со нумерацијата на улиците во Скопје (не знам во другите градови). Можам да кажам дека Центар има најсредена нумерација, но и тука се јавуваат некои проблеми како двојни бројчиња (стари/нови), објекти кои се водат на улица на која не излагаат, два или повеќе објекти на ист број итн. Знам дека имаше еден проект на Град Скопје пред неколку месеци со кој се проба да се минимизираат таквите работи, конкретно беше само за Центар, па ако биде успешен, ке се прошири и на другите општини. Тоа го знам бидејќи јас бев еден од тие кои одеа на терен и ги запишуваа податоците. Е сега дали беше успешен проектот не знам, зошто после Нова Година требаше да се обработат тие податоци, да се споредат со старите, со катастарските планови итн, и да се изврши пренумерација таму кај што треба, дел од (имињата на) улиците ке се укинуваа ако не исполнуваат услови и некои други работи. Не знам до каде се со обработка на податоците бидејќи наше беше да ги донесеме само од терен, за другото задолжени се од Град Скопје.
П.С. Проектот мислам беше од Светска Банка, ама не сум сигурен. Како и да е, беше финансиран од надвор.
П.П.С. Плава табла означува улица(бројки и букви во бела боја), зелена означува булевар, црвена кеј, сребрено-мат боја се таблите на имиња на трговски центри, подземни и надземни премини(бројки и букви во црна боја), бела боја се таблите со имиња на паркови и фонтани (и за нив треба табли, ама кај нас не знам дали има xD, букви и бројки во црна боја), име на плоштад и мост со портокалова табла (букви и бројки со бела боја). Има правилник за тие работи....
 
Son... ме тераш да те цитирам.
Гледаш во импровизирана "скица". На терен, куќата сино1 е скоро невидлива. Со други зборови, треба да си ретардиран да не можеш да ја најдеш куќата на цртежот.
Не ми се веруе дека го објаснуем ова...
сериозно треба да се стави фонт за сарказам на формуов ;)
 
ок.


да не биде оптен оф топик. Во Дојран имам викендица, на улицата ( ако може улица да се нарече тоа ) има сите куќи се запишани како ББ и оди снајди се да те видам ( среќа нема такси или достава на храна па неможат да се збунат :D ) . Со сметки беше проблемот порано ама поштарот на список си запиоша кој каде има викендица па сеа е ок :)
 
Пијан бил тој што ги лепел бројките ништо страшно :) Мене еднаш во Штип вакво нешто ми се случи , ми велат таа и таа улица број тој и тој , идам на таа улица нема таков број , тек 4 улици погоре ја најдов таа куќа. Шит бро :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom