Nudes (интимни фотографии / Јавна соба)

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Ти навистина мисиш дека за дечковците се сликаат?
Збориме за голи слики пратени приватно, тие секако дека се наменети за дечковците.
Не би одел дотаму да мислам дека некои имаат искалкулирано дека голите приватни слики што ги испраќаат, ќе бидат ликнати, или споделени приватно со мал број пријатели, како би им помогнале во иднина за наоѓање нов спонзор/кур.
Тие на Инстаграм јавно што се полу голи, нормално дека не се за дечковците :D
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
68
Поени од реакции
40
Abe sakat da se jeborat zenite sto ne e jasno
Автоматски споено мислење:

Koj sme nie da izmisluvame topla voda sega zasto se prakale
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Технички Мите е во право германско презиме е и тоа е изворниот изговор.
Сите го викаат Епстин.
Ете и ако се фати германското Епштајн, далеку е од АЈПштајн.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.369
Последни вести:

Полицијата го откри администраторот и ги има телефонските броеви на членовите на затворената група „Јавна соба“ на социјалната мрежа „Телеграм“ на која се објавувани фотографии со експлицитна содржина, потрврдија за МИА извори од истрагата.

Станува збор за околу 7.400 телефонски броеви на членови на „Јавна соба“. Истрагата што ја води Бирото за јавна безбедност продолжува, но повеќе детали засега не се откриваат.

Претходно, МВР соопшти дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот со затворената група на „Телеграм“ која споделувала фотографии и видео од девојчиња со интимна содржина.

-Веднаш по добиената пријава преземени се мерки и активности за расчитување на случајот. Секторот за компјутерски криминал и форензика веднаш контактира со мрежата „Телеграм“, со цел добивање на потребните податоци околу функционирањето на оваа група и воедно го известивме за содржините што се објавени, информира за МИА портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Тој додаде дека е известено и Јавното обвинителство и дека се преземаат мерки за расчистување, а воедно апелира до граѓаните да пријават во полицијата злоупотреба на фотографии не само за овој, туку и за кој било друг случај.

Реакции за групата имаше вчера по социјалните мрежи. Според споделените информации на социјалните мрежи дел од фотографиите објавени во оваа затворена група се преземени од отворени профили, а дел биле препраќани преку приватни профили и имале порнографска соддржина.

Групата, како што изјави премиерот Оливер Спасовски, е креирана за многу брзо и за многу кратко време има толкав број учесници.

– Според информации што ги добив од Бирото за јавна безбедност покрената е целосна постапка за расчистување на овој случај, известено е јавното обвинителство и заедно се работи на откривање на администраторот, меѓутоа и на членовите на оваа група, изјави Спасовски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конфренција во Владата.

Тој апелира да се заврши што е можно побрзо активноста околу завршување на сите процедури во делот на истрагата и на одговорните што ќе се утврдат да сносат целосна одговорност.

-Ова е апел до сите нас, апел е и до родителите, апел и до образовните институции да имаме надзор над своите деца и да реагираме благовремено и семејствата, но и образовните институции се со цел заеднички да придонесе да не се случуваат вакви случаи. Имало секако вакви случаи и претходно на кои сме работеле заеднички со Министерството за труд и социјална политика и биле расчистувани навремено, меѓутоа сето ова треба да покажува дека не само репресивниот елемент во откривањето на вакви состојби, туку и многу порано да се работи превентивно и сите заедно да работиме и во семејствата и во институциите, посочи Спасовски.

Дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Санела Шкирељ истакна дека се работи координирано со Министерството за внатрешни работи и со Министерството за образование и дека во моментов немаат пријава од родители, но апелираше до сите родители кои имаат информација дека нивните деца биле изложени и биле дел од оваа група да се обратат до центарите за социјални раобти.

-Информацијата ја добивме синоќа и ведаш со Минстерството за внатрешни работи и МОН се искоординиравме. МВР постапува во делот на истрагата. Јас синоќа упатив апел и сега аплеирам до сите родители чии што девојчиња биле изложени на таква содржина во таа група да се обратат до центарите за социјални работи, каде нашите тимови стојат на располагање за психолошка помош, поддршка и советување, рече Шкриељ.

Според неа, доколку се утврди дека и креторите на гурпата се малолетници Центарот за социјални работи во сорабокта со МВР ќе постапува во рамки на своите надлежности, а со МОН, како што додаде, сме координирани и тие ќе постапуваат преку своите стручни тимови што ги имаат во училиштата.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.614
Поени од реакции
34.802
ЗАКОН !!!
како што има забрана за возачка дозвола, само над 18 години, како што има забрана за 8 часовно работење под 18 години, така да има забрана на имање на смартфон со Нет и камера, за под 18 години малолетници да користат САМО класични мобилки за телефонски разговор и ништо друго, да нема никакви апликации, Нет и можност за фотографии, нека си купат фотоапарат.
... ете како се решава делимично проблемот, а не тука родители немаат што да јадат, а мобилки над 500 евра за децата- малолетни! е па не може - казливо со закон нека биде и крај, кога ќе наполни 18 години дајте му смартфон !
...никој не може на дете да му каже НЕ! ако веќе му купи смартфон, ниту пак ќе го држи под контрола, нема шанса и колку да е вопитано ќе биде под влијание од другите и ако се гледа пошироко, не би рекла дека само слики и видеа имало од девојчиња, оти тие истото не би го направиле ако предходно не би го направиле и момчињата, кој можеби се подискретни, но и кај нив има опасност од таа иста присутност на педофилија од профили кои се лажни, а се возрасни... и кај нив психолошката диструкција ќе има повеќе штета отколку кај девојчињата кои ќе страдаат повеќе поради озборување на околината, а не толку од психолошкиот фактор што би било многу потежок кај момчињата со нивните фотографии и видеа злоупотребувани од повозрасни!
 
Последно уредено:
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.092
Поени од реакции
15.952
Со кој памет ќе делиш фотографии од девојки?
Да сум татко на некоја од тие, и да те дознаам жими господ ти викам, храна за шарпланинецот ќе бидеш.
Проблемот е што овие деца немаат ни татковци, ни мајки.
Автоматски споено мислење:

Веројатно на тебе мислат.
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
Ко немаме сајтови од 18+ за запознавање како Бугарите, ќе креираат луѓето групи на мрежи :)

Малолетните веќе се клецкаат повеќе од полнолетните и мене не ми е јасно шо толку паника се крена. Си праќале луѓето слики од жени што веќе ги исклецкале или знаат дека се курвички, па си ги разменувале за да клецнат и обратно.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.369
Ама зошто мислите дека истрагите се вршат само преку добиени информации од Телеграм? Па као у шок сте што успеале да откријат нешто од ваква "хард-кор мрежа која ги штити податоците на своите корисници". Мислите дека досега глупиот копиљ админ не се пофалил на некого дека е админ на групата? Мислите тешко е да се дознае од кого потекнуваат линковите со покана кои се делат надвор од апликацијата? :)

Па јас да сум у тоа cyber crime секторот има пуздер да напраам со 2 фејк профила и за 15 дена има да приберам барем 10 педофили.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.614
Поени од реакции
34.802
Проблемот е што овие деца немаат ни татковци, ни мајки.
...како немаат, па од каде такви смартфони и бесконечен Нет? што знаат родителите што значи тоа во рацете на малолетник? важно децата да бидат во тренд со другите деца па макар тие оделе со стара облека и јадат леб и сол!
... прашање дали воопшто има некое дете без смартфон би рекла од возраст од три години па натака?!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Да се надоврзам на Ејсид, кога се работи за малолетничка порнографија не спијте на картата дека Телеграм биле Руси па штителе не знам што. Добро ви кажа Бејтман погоре, подобро да сте отепале некого или да сте шерувале gore материјали отколку малолетнички.

Админот само нека се моли ќерка му на некој од главците во МВР да не е во групата, баш зошто зошто никој и ништо во државава ќе го наебе дебело.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom