- Член од
- 4 април 2006
- Мислења
- 9.179
- Поени од реакции
- 3.073
- Возраст
- 41
- Локација
- кај дримон
- Веб-сајт
- www.facebook.com

Трговците вклучувајќи ги тука „Hewlett-Packard (HP)“, „IBM“ и „Sun Microsystems“ објавија дека планираат да продаваат сервери кои ќе го користат чипот "Rev F" кој формално е идната генерација на „AMD Opteron Processor“.
Аплаузите кои беа упатени на адреса на производителите на чипот, најмногу се однесуваа на DDR2 меморијата и константните перформанси и температурата.
О квалитетниот производ АМД успеа да зграби 25,9% од пазарот, што претставува 113% повеќе од минатата година во исто време, велат истражувачите на пазарот „Mercury Research“.
Остатокот од пазарот и припаѓа на империјата наречена „Интел“ која за претходнатагенерација на АМД процесори го врати ударот. Тоа се случи со лансирањето на чипот за сервери "Woodcrest" Xeon 5100, претставник на „Core 2 Duo“ генерацијата која е „градена“ со архитектура од 65- нанаометри.
Цената на чинење на конкурентските чипови на АМД изнесува 2149 долари за „Opteron 8218“, 873$ за „Opteron 2218“ и $749 за Opteron 1218. Сите три чипа работат на 2.6GHz, но варијациите се движат од 1.8GHz до 2.8GHz.
„ HP“ планира да го користи „Rev F“ чипот на шест свои нови продукти: „ProLiant DL385 G2“ и „DL585 G2“ како и кај „BL25p G2“, „BL45p G2“,„BL465c“ и „BL685c“.
„НР“ со употребата на новиот чип „Opteron“ сака да ги подобри перформансите за 15% споредувајќи ги „DL585 G1“ и „DL585G2“. Освен тоа истата фирма сака да ги намали своите диск – драјвови од 3,5 на 2,5 инчи (од 8,89см на 6,35см).