- Член од
- 27 август 2005
- Мислења
- 783
- Поени од реакции
- 7
- Возраст
- 122
Одамна чекав некој да собере повеќе време и да постави вавка тема али пошто не се појави јунак еве јас да скршам лед.
Последниве неколку дена новинарите доста јавно зборуваат за својата професија и тоа за проблемите со кои се соочуваат. Наслови од типот Новинарите во затвор за едни се само ефтини обиди на уредниците да продадат дел повеќе од својата вест ама за други е знак дека нешто не е во ред. Според изнесените изјави на новинарите во оваа наша демократија судовите се најекспедитивни кога се во прашање новинарите . Колку од тоа е вистина можеме да многу да расправаме без конечен исход, но во целата приказна едно е сигурно а тоа е дека врз македонските новинари има притисок. Кога
премиерот ќе ги обвини новинарите без да даде докази не се случува ништо, меѓутоа ако новинар изнесе некоја (не)вистина која нема да му се допадне на некој моќник, било политичар или бизнисмен, тогаш судството станува нетипично ефикасно. Се делат затворски казни, се пресудуваат астрономски парични казни па дури и се апсат новинари во 4 саат сабајле. Секако ова го зборувам како што го читам од весниците т.е. од самите новинари а тие самите сигурно нема да ги напишат лошите работи за себе. Не може да се оспорува дека некои работи кои се изнесуваат во медиумите се големи лаги и глупости. Една од скоро обвинетите на три месеци затвор, Ида Протугер од Канал 5, има изјавено дека Трифун Костовски е сопственик на Еуростандард Банка. Ваква информација е многу лесно да се провери дека не е точна ако се внесе барем малку професионализам во работата. Меѓутоа ајде се изглупирала, немало салам уредник да увиди некоја таква грешка, отишла веста у програма и ајде сега 3 месеци затвор! :lud:
Треба да има закони за да се спречат кашкања на нечии имиња од страна на глупи или исполитизирани новинарски пера, меѓутоа со тие затворски казни мислам дека се нарушуваат принципите на демократското општество. Од друга страна дали се криви самите новинари за вестите кои ги пишуваат или новинарските куќи кои ги застапуваат?
Ваши мислења...