Новата roamfree сим картичка

  • Креатор на темата Креатор на темата cYb3rc0re
  • Време на започнување Време на започнување

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Возраст
41
Темава не ја отварам за реклама, него ме интересира дали некој има искуство со оваа картичка, и (или) кои се цените од мобилен ако те побараат.

Од што се распрашав во продавницата во Битола, картичката се купува еднаш и трае бесконечно (не е со ограничен рок), има сопствен број, кошта 2400 +/- со вклучен кредит од 300 денари.

Според цените на разговорите, ако те побараат дури си во странство, ти не плаќаш ништо, додека тој што те бара (ако е од фиксен) плаќа 17 денари минута.
Ако се јавиш ти, плаќаш до (можда зависи од земја до земја) 10 денари поевтино од постоечка роаминг услуга (зеемам пример од т-мобиле).

Ме интересира дали некој има искуство со оваа картичка, и одприлика дали се исплаќа да се купи за патување во странство, дали споредбено трошоците се исти доколку користиш некој од постоечките роаминг услуги на т-мобиле или космофон, или ова повеќе се исплаќа?

Сајтот: http://www.roamfree.com.mk/contact.html

Јас бев Норвешка пред една година, и за роаминг потрошив 3000+ денари, за неколку куси разговори (поднесов барање да ми дадат детална сметка, ама не ми дадоа, се сомневам дека крадат - имам припејд договор од т-мобиле, и за детална сметка треба да се поднесе барање, на кое не ми беше одговорено).

ЕДИТ: Не е 17 денари минута од фиксен, туку 40 (без ддв), на сметката за телефон ми стигна толку, имајте на ум кога планирате дали (и ако ви се исплати). Мене не ми се исплати, џабе толку пари дадов, и на крај се усрамив од сите што ми се јавија мислејќи дека е 17 денари.
 
Јас колку што знам цените ќе бидат доста поевтини од досегашните цени за роаминг, само се зависи на кој колку му треба. Ете на тебе дефинитивно би ти требал. Ама на некој што иде 10 дена на одмор во Грција незнам баш дали ќе му се исплати. Сепак и јас мислам дека бројот останува засекогаш.
Иначе ви даваат Швајцарски број.:wink:
 
ova e samo za roaming?
 
јас за ова првпат сега видов.Дали може некој да ги најде цините по минута (на сајтот линкот не работи)?
 
Уште нешто заборавив.
Ќе продаваат телефони со можност да ставите 2 СИМ картички за да ви бидат во исто време активни и македонскиот број и швајцарскиот. Незнам само што марка ама знам дека се телефони кои се произведуваат специјално за Roamfree.
:helou:
 
Луѓе имате проспект да земете со сите цени има една продавница карши соборна, ја таму видов и доста се исплати и доста е поевтино од колку со роаминг, само како шо рече јане ако често патувате!!!
 
Нормално дека се исплати, мене секоја година ме сушат кога ќе отидам на одмор. За 5-6 кратки разговори додека сум бил во странство, кога ќе ми стигне сметка гледам по 3000-4000 за роаминг.

Картичкава например ја плаќаш 2400 и те боли Стојко, додека си на одмор му креваш на секој шо ќе ти заѕвони, без уплав по сметка.
 
И тој шо ти се јавил ќе има уплав после или?
 
Mac)) напиша:
И тој шо ти се јавил ќе има уплав после или?
Па не би требало, ако навистина го чарџаат по 17 ден/мин, тогаш исто ко да ти свртел на мобилен во обична тарифа, не плаќа ништо повеќе.
 
Toa мислев ја таму да не има финта :)
Ај ако зеам од овие со две сим телефониве ќе зеам и ова :)
 
Mac)) напиша:
И тој шо ти се јавил ќе има уплав после или?
Епа мислам дека во првиот пост има цени. 17 денари да вртиш на мобилен во странство е сосема супер цена и тоа вртиш од фиксен. А од мобилен на мобилен може да е уште поевтино. Треба ваљда да потпишат некои договори, за да се знаат дефинитвно кои се цените.
 
не се исплати,освен ако не киснеш на мобилен у странство.рачунај дека на почеток 2400 си у минус,а тек за после.
 
cYb3rc0re напиша:
кошта 2400 +/- со вклучен кредит од 300 денари.

Уфф ценава е солена на SIM картичката, многууууу поскапа од кај нас
 
Ја купив картичкава, НЕМОЈТЕ и вие да се зезнете.

Ми стигна сметката од телефон, испадна дека место 17-те денари, се плаќаат 40 (без ддв), така да за 20 минути, ми дојде сметка од 1000 денари (+ 2400 што ги лупнав на почеток), јас се усрамив ептен и пред пријатели и пред бизнис соработници кои ме бараа и тоа доста, мислејќи дека 17 плаќаат, се усрамив оти им реков дека само толку ќе платат.

Иначе, и да ја имав картичката на т-мобиле, ќе платев 40 денари ако ме бараше некој (што пак не се исплаќа, затоа што 2400 плаќаш за да ја имаш картичката, и ништо повеќе не добиваш - услугата е иста).

Ама срамота е да не кажат кои се трошоците, да лажат дека е 17 денари минутата од фиксен. Ваљда од неколку како мене, ќе бидат во добивка на крај од година.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom