- Член од
- 5 јануари 2008
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 3.069
22.02.2011 07:38
Најмалку 65 загинати е црниот биланс од силниот земјотрес кој го погоди вториот по големина град во Нов Зеланд, Крајстчрч. Градот наликува на воена зона. Од силината на потресот урнати се голем број станбени згради, а големи оштетувања има и на сообраќајниците.
Најголем дел од загинатите се патници од два автобуси врз кои се урнале згради.
Од силината на потресот делумно е урната и познатата камена катедрала.
„Немам зборови да го опишам чувството кога падна катедралата. Имаше прашина и луѓето бегаа. Беше ужасно“, вели очевидец.
Властите стравуваат дека бројот на жртвите ќе биде многу поголем бидејќи спасувачките служби сеуште бараат преживеани под урнатините. Им помага и локалното население, кое очајно копа за да дојде до своите најмили.
По големиот удар следеле уште неколку силни потреси, кои дополнително ги разурнале зградите.
„Сведоци сме на најмрачниот ден во историјата на Нов Зеланд. Помош веќе почна да пристига од САД и Австралија“, изјави Џон Ки, премиер на Нов Зеланд.
Земјотресот со јачина од 6,5 степени по Рихтер го погодил Крајстчрс напладне кога улиците, продавниците и канцелариите биле полни со луѓе.
Градоначалникот објави вонредна состојба и нареди луѓето да бидат евакуирани. Во прекин е напојувањето со вода, електрична енергија и телекомуникациските врски, а откажани се и сите летови.
„Ова е многу тажен ден, ни претстои уште потежок. Ќе има многу мртви и повредени“, рекол градоначалникот Боб Паркер.
Ова е втор поголем потрес во Крајстчрч во последните пет месеци. Во септември истата област ја погоди земјотрес со јачина од 7,1 степени по Рихтер, но тогаш освен материјална штета немаше човечки жртви.
извор - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=134640
Имам другарка од таму и се надевам е добро, цел ден нема вратено ништо nа фејсбук :S