Nokia Lumia 1520

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.273
Поени од реакции
34.636
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Nokia неодамна претстави својот најнов модел, Lumia 1520, па со оглед на тоа што станува збор за интересно 6-инчно чудовиште и првиот фаблет (phone + tablet) кој ми го привлекол вниманието, решив да отворам посебна тема за него.


082748gsmarena_006.jpg

За што станува збор?

Nokia Lumia 1520 е телефон со 6 инчен FullHD (1080p) екран, quad-core Snapdragon 800 процесор кој работи на 2,2Ghz (најмоќниот на светот и првиот што е интегриран во Windows Phone), како и 2GB RAM. Дополнително, добивате 32GB вградена меморија во стандардниот модел, како и слот за MicroSD картичка доколку ви е потребен поголем простор за складирање на податоци.

083051gsmarena_008.jpg

Сепак, главната ѕвезда овде, и покрај импресивните перформанси е камерата.

Nokia вгради 20 мегапикселна OIS камера со 26mm леќа, која дополнително вклучува голем број на хардверски и софтверски трикови за разубавување на вашите слики (пр. oversampling). Видеото се снима со 30 фрејма во секунда и FullHD (1080p) резолуција. Единствената негативност е што не постои Xenon блиц, туку имаме двоен LED блиц.

Телефонот ќе започне да се продава оваа есен по цена од 749 долари во Франција, Германија, Велика Британија и останатите европски земји...

Текстот е преземен од GSM.mk




Споредба со Samsung Note 3 (германски јазик)

Би користеле вакво чудовиште од 6 инчи за секојдневна употреба? Со оглед на тоа колку доцна пристигнуваат новите модели на Nokia во Македонија, можеби додека Lumia 1520 стигне на нашиот пазар, ние веќе ќе се навикнеме на другите модели од слична категорија...
 
Новите телефони од Нокиа навистина се добри но за жал никој не ги купува :(
 
Новите телефони од Нокиа навистина се добри но за жал никој не ги купува :(

Може кога ќе ги донесат кај нас, некој ќе почне да ги купува...
Кога-тогаш ќе здосади Apple vs. Android биткава, па ќе се свртат и кон нешто друго луѓево.
 
Може кога ќе ги донесат кај нас, некој ќе почне да ги купува...
Кога-тогаш ќе здосади Apple vs. Android биткава, па ќе се свртат и кон нешто друго луѓево.
Те сметам како за бог на форумот :D фала што ми го цитираше мислењето
Само да е побрзо
 
Квалитет на изработка 9/10, камера 10/10, перформанси 10/10, OS - 5/10.
 
Мое субјективно мислење, за едно година дена ќе биде ок, сега не..
 
imeto da bese samsung galaxy do sea ke svrsavaa site i ke go imaa ispostirano nasekade da ne zboram pa ako imase jabolko za logo...
 
Мое субјективно мислење, за едно година дена ќе биде ок, сега не..
И сега е добро е инаку сум користел и искусив кратко време ден-два и доволно е да знам дека О.С не е лош и побрза е дури и од андроид и ќе се доближи до iOS да го гази ;)


Sent from my iPad 3 using Tapatalk - now Free
 
Телефонов мислам дека е премногууу голем за 80% од народов. Чекам истото да биде спаковано во 5 инчи и ќе биде мое веднаш. 6 инчи некако е премногу.
_____________________________________________________________________________________

Лошото е тоа што љуѓето не сакаат промени. Како да купуваат кола или незнам што кога станува збор за телефон. Што се се уплашиле не сваќам искрено.

Функционалноста е тука
Апликациите се тука
Брзината и стабилноста се тука

Се што ви треба од еден паметен телефон е тука.
 
Апликациите не се баш тука.

Иначе 6 инчи е идеално, таблет/телефон, одлично. Наместо да мкнеш 2.
 
Windows е супер OS, го користев 7 месеци и презадоволен сум од системот. Без разлика на каков телефон го користиш, никаде нема лагирања и такви глупости. Мал минус се апликациите но тоа со тек на време ќе се покрие :)
 
Новиве модели на нокиа се многу јаки.Особено 1520:)
 
Мое субјективно мислење, за едно година дена ќе биде ок, сега не..
Класичен капиталистички домино ефект што го одржува нивото на пазарната коњуктура.
ОС-от и хардверот никогаш нема да се гз и гашти.. Мора да егзистира континуирана потреба од нов хардвер или апдејт на софтвер.

Ако успее Мајкрософт да направи добра оптимизација на ос-от и хардверот, тогаш дефинитивно ќе влезе во трио со епл и андроид.
Тука се бара иновативност од една страна, и алтернативна иновативност на веќе постоечките патентирани модули кои работат доста солидно.

Те сметам како за бог на форумот :D фала што ми го цитираше мислењето
Само да е побрзо

:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom