Nokia Lumia 1520

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Да ве запознаам со Nokia Rich Recording

Се дур се со Windows Phone нема да се издигнат на врвот.

Ваљда „се дур има луѓе со ограничени мислења и страв од промена (како тебе) нема да се издигнат на врвот“, ама ајде... :)
 
@Acid не разбирам шо повеќе те ареса кај тај телефон? Не дека имам нешто против ама би сакал да знам дали повеќе ти се ареса оти има моќен процесор или моќна камера? Ако ти се ареса поради камерата, другар, дозволи да те потсетам оти има телефон со оште помоќна камера а тоа е Nokia 1020. Човеку, ти не си свесен каква машина е телефонов. Имам едно другарче купи си го и искрено да ти кажам, „влезе ми ќирфијата у газо„ за овој телефон ама мн е скап... :/
 
Не реков дека ми се допаѓа повеќе од 1020, ниту од 920 :)
Ама ми е поинтересен од Note 3 пример. Или од iPad. На пример, кога би сакал да земам таблет, повеќе би го земал фаблетов... :)
 
Еве оценки за WP8 да бидеме малку поконкретни:

- брзина 10/10
- апликации 7/10
- стабилност 10/10
- дизајн 8/10 (им фалат некои ситници во мултитаскинг)
- игри 9/10
- канцелариско работење 10/10
- developer 5/10
- интернет сурфање 9/10
- мејл 10/10
- телефон функции 10/10

ВКУПНО: 88

Еве за споредба и Андроид:

- брзина 8/10
- апликации 10/10
- стабилност 9/10
- дизајн 10/10
- игри 10/10
- канцелариско работење 8/10
- developer 10/10
- интернет сурфање 10/10
- мејл 9/10
- телефон функции 7/10

ВКУПНО: 91

За Епл не можам да кажам имам мало искуство. Ова што го пишувам тука е од многу пробани телефони (10-тина на Андроид и 3-4 на WP 8). Се среќавам секојдневно со луѓе што имаат најразлични потреби и сакаат да ги реализираат преку телефон. Ако некој е заинтересиран нудам и објаснување зошто е така. Сега кај секој овие функции не тежат исто, затоа во мојот случај користам WP8.

Инаку кога сме кај Нокиата сакам да си ја земам 1520 од amazon.com околу 40.000,00 е таму и има сервиси во САД кои што ти ја препраќаат до дома. Веќе дојдов до калкулации за тоа колку долго ќе враќам на кредитна :)
 
Заборавив за навигација, но тука сме:

Андроид 8/10
WP8 9/10

Разговараме за нативната навигација бинг мапи vs. гугл мапи. Поминав повеќе од 2000 км. без да вадам гармин, намерно, за да ги пробам.

Голема предност има Виндоус со тоа што нуди симнување на цели држави офлајн, за разлика од некомплетната поддршка на гугл за офлајн мапи. Би им дал 10/10 на виндоус да не беше послабата поддршка за трети земји, пр. Македонија (разликата е во тоа што во помалите градови пр. Пробиштип или Кавадарци не ги знае имињата на улиците а улиците ги има) и да можеше мапите да се снимаат на СД картица.
--- надополнето: 18 ноември 2013 во 16:15 ---
Девелопер 5/10?

Пробај да едитираш веб страна, која што веќе си ја снимил на скајдрајв. Од таа страна на девелопер мислев, за развој на апликации немам искуство.
 
Еве едно review од најдобриот на YT

Дечково е Аднроид фан, мислам фала богу. Но чим тој не кажа ништо ама баш ништо негативно за телефонов не треба да се прави муабет за тоа каков хардвер станува збор.

Нека му падне малце цена, ништо чудно да се премислам и да го земам.
 
Дечково е искрен за разлика од некои.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom