Nokia Device Status

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Nokia Device Status е нова дијагностицирачка алатка од Nokia која се инсталира на компјутер и овозможува детален преглед и информации како за самиот компјутер така и за вашиот Nokia S60 Symbian - мобилен телефон.

Имено, со помош на оваа алатка може да се види моменталната конфигурација на мобилниот телефон, сетинзите на истиот, и детален извештај за телефонот кој може да се сочува како фајл и да се прати до сервис центарот, во случај ако имате било какви проблеми со вашиот мобилен телефон. Благодарејќи на овој програм, утврдувањето на проблемот е доста олеснето и во значителна мера може да им помогне на сервисерите брзо да ја откријат причината и самиот проблем.
nokia_device_status.jpg


Меѓу другото, Nokia Device Status, ги прибира следниве информации:

Од компјутерот:

o Оперативен систем
o Јазикот на оперативниот систем vs. оној на Nokia PC Suite
o Моментално инсталираната верзија на Nokia PC Suite
o Потребни драјвери кои треба да се инсталираат за конекција со мобилниот телефон
o Локалната временска зона
o Логови од Nokia PC Suite
o Регионални сетинзи

Од телефонот:

o Модел на телефонот
o IMEI код на телефонот
o Внатрешна меморија и мемориска картичка
o Профили и теми кои се инсталирани
o Локации каде се инсталирани системските фајлови и останатиот софтвер
о Детални технички информации
о Дијагностички извештај

Nokia Device Status може да го симнете тука.
 
Најс :) иако на некој начин - технички некорисна алатка е - сепак барм се потрудиле од нокиа да направат нешто за нивните потрошувачи.
 
Рачунај дека е направена за обичните корисници, не за advanced. Нешто како "прва помош" :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom