Nokia 6600 Slide

  • Креатор на темата Креатор на темата Necrophilia
  • Време на започнување Време на започнување

Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
Возраст
37
Локација
Usa
Веб-сајт
meettomy.site
Nokia 6600 Slide

Овој телефон преставува еден од најмалите "лизгачи" на Nokia. Како и претходниот модел, така и овој има "стаклена" завршна обработка со челични преклопници и алуминиумски D-pad. Сево ова дава впечаток на минимализам и едноставност. Со двојно "тапирање" на телефонот се активира часовникот, исклучува алармот, одбива повик и тн. Телефонот е опремен со 2.2 инчен QVGA дисплеј со 16 милиони бои. 6600 slide нуди и мапи (Nokia Maps) кои можат да се надоградат со понудениот опвионален GPS модул.

6600 slide има и 3.2 мегапикселна камера, а софтверот дозволоува аплоудирање и споделување на фотографиите и видео клиповите директно од галеријата на телефонот. Покрај ова интергриран е и microSD слот за картички кој подржува модули од 4 гигабајти, а со телефонот како подарок доаѓа и картичка од 512 мегабајти која на почетниците им нуди доволно простор за складирање на фотографии и видео клипови.

Телефонот работи на Quad-band GSM како и на Европските HSDPA мрежи. Батеријата нуди околу 3 часа разговор, вграден е Bluetooth 2.0 модулот, а тука е и Opera Mini 4 бровсерот. Цената ќе биде околу 250 евра, а ќе се појави неколку недели по презентирањето на 6600 Fold моделот.

nokia-6600-slide-00.jpg
 
Да ти кажам право искрено овој мобилен вреди за тие пари.Кај е нокиа кај има супер изглед има и многу добри функции.Телефонов е топ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom