deXterche
тадаммм
Nintendo Co. Ltd денес изјави дека новата играчка конзола ќе се вика "Wii" и се изговара како "We", што само посебе кажува дека е конзола за секого. До денес оваа конзола беше позната под code-name - "Revolution." Wii се очекува да излезе во четвртата четвртина од оваа година, што ќе е одговор на Microsoft Xbox 360 и PlayStation 3. Револуционерно во оваа играчка конзола е тоа што џоестикот е направен за држење со една рака (исто како далечинскиот управувач за телевизорот). За потенциалот на оваа конзола сеуште е рано да се зборува но се очекува да биде рамо до рамо со неговите ривали Microsoft Xbox 360 и PlayStation 3.
