Никој не е незаменлив?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Често се употребува оваа реченица, дали се согласувате со неа?

Дали сметате дека секој може да биде заменет во вашиот живот и да дојде исто толку важна личност, ко што била таа пред него?

Или сепак има луѓе кои се незаменливи, луѓе чие заминување од нашиот живот остава дупка која не може никогаш да се пополни?

И во кои други сфери во животот може или не може да се замени човек?
 
Секако дека може да се замени во секоја сфера во животот,од самата личност зависи колку успешно ќе се снајде во улогата,дали ќе биде подобар или полош во улогата,впрочем така и ги согледуваме недостатоците/предностите на претходната/сегашната личност.

Е сега некако прашањево природно ми се наметна и за во љубовното поле,да,и таму може да се замени секој ако дозволите да се замени,ако не,сите особини кои сте ги сакале кај партнерот а поради некоја причина сте го изгубиле ќе ги барате во следните.

Единствени незаменливи во животот се најблиската фамилија,тие според мене дефинитивно се незаменливи и нивната загуба секако ќе остави трага на нас,дупката никако нема да може да се пополни,може само да се ублажи нејзиното дно.
 
Секој човек е незаменлив.
Сите сме различни. Секој е со различен карактер, со различна улога во животот на некој човек..
Тоа го прави единствен и незаменлив.
Во наредната личност што би се нашла на негово место можеби ке наидеме на подобра, а можеби и на полоша ситуација. Не се знае. Но таа особа никогаш нема да може да биде иста со претходната.
 
Емотивно никој не е заменлив, а практично сепак може до некаде некои празнини да се пополнат.
Ако зборуваме еве на пример позиција центар се повредил Тим Данкан. Да тој е незаменлив во статистичка но и морално емотивна смисла. Играчот што ќе игра наместо него нема да ги има истите бројки, ниту пак ќе успее да ги мотивира толку своите согирачи со негово присуство, но сепак тој ќе биде негова физичка замена.
Но верувам дека темава е фокусирана на емотивниот ефект.
Тука работите се малку покомплицирани. Личностите со кои што на некаков начин се имаме емотивно поврзано а подоцна од некакви причина мораат да го напиштат нашиот живот мислам дека апсолутно не се заменливи. За секого чуствуваме нешто посебно, и го гледаме индивидуално затоа што и ние сме индивидуи.
Никој не е незаменлив, но тоа не треба да ни удира во глава. :)
 
Маикон е незаменлив:vozbud:
Кога ја видов темава, едноставно морав да го пишам ова :)

онтопик: не постои адекватна замена(ниту кај авто-делови)
 
Постојат личности кои што едноставно се незаменливи. Еве прост пример, не можам да си ја заменам мајка ми, единствена ми е, па со кој и да живеам или кој и да ме одгледува секој има една биолошка мајка незаменлива.
А во контекст кон други работи у стилу никој не може да ме насмее ко него, никој не знае да ми напраи таков ручек или слично, не се согласувам. Се сереш од смеење на клипови од youtube, излагаш од Џино, презадоволен од ручекот.
Но пак емотивната поврзаност кон некоја личност која што оставила преголем впечаток врз нас и нашата психа, не може да се смени. Еднаш влагаш и никад не излагаш. Срце -‘манастир‘
 
Интересна тема за размислување, дали замената ќе биде подобра од оригиналот или уште полоша?
Ќе почнам со љубовта?
Сите мислат дека девојката или дечкото во кој се заљубиле се незаменливи се до тој степен кога веќе нема да се поднесуваат еден со друг од разноразни причини, новиот или новата ќе биде подобар или подобра а може и уште полош-а?

Во врска со работата можам да кажам дека е слична работата како и со љубовта, има луѓе кои веднаш треба да бидат сменети а има луѓе кои ако бидат заменети никогаш работата нема да така организирана како што некој си знаел да ја организира?

Не го мачете многу мозокот, ако вредите нешто никој нема да сака да ве замени а ако не вредите ќе бидете сменети по итна постапка!!!

Секој си го ствара имиџот во фирмата кај што работи или кај личноста што ја љуби, оние кои не знаат да си створат имиџ во денешно време ги викаат лузери или тоа се луѓе кои не можат да го најдат своето место под сонцето, не сакат да се потрудат ама тоа е веќе сосема друга тема?
 
Во мојот живот некои личности ми се премногу драги и нема шанси ништо да ги замени.
Пр. за другарство или љубов - може ќе се појави нова личност ама ипак нема да биде тоа што си го имал со онаа личност од претходно. Доволно е само да се сетиш на еден миг поминат со таа особа и ќе кажеш „ НЕЗАМЕНЛИВ/А Е“
 
Прво мавање на рифреш копчето и глеам ваква тема и таман си викам мора да е од Crazy in love отворена. Интересно иако имамногу слична тема на ова - серијски број.
Како и таму така и тука - се` зависи од човекот како го третира сето она што го опкружува. Ако тој мисли дека има заменливост во личности, ќе има. Иако тоа е некако површно.
Но повеќето мислиме дека не постои заменливост. Со самово ова вршам некоја генерализација но јбг. Гилозофиите на живот никогаш нема да бидат јасни. Се` зависи од личноста.
Според мене, не постои заменливост. Пример еве љубов. Сум имал некаква си врска од 6 месеци да речеме. И после тоа раскин и некој период dark ages па пак врска (мување) од месец. И пак dark ages и пак врска од година-две. Секоја личност ќе ја доживувам различно порафи тоа што јас ја гледам секоја личност друкчие. Со самото тоа, не постои replacable parts во животот. Секогаш ќе има други чувства кон секоја личност во нашиот живот.
 
Кога би бил Бог на еден ден ќе го вратам времето пред 4 Август 2009 год.
 
Сите луѓе се незаменливи.

Сите сме различни, поседуваме различни карактеристики и специфики што нè прават препознатливи. Кога имаме блиски луѓе и премногу сме приврзани за нив не верувам дека лесно може да им најдеме некаква замена. Барем јас така ги гледам луѓето, индивидуално, секој одделно за себе. Многу се приврзувам за нив, веројатно затоа и така размислувам, но мене ми е невозможно да ги гледам луѓето како еден предмет кој кога ќе го нема може да се смени со друг.
Да не постоеја емоциите, сè ќе беше поинаку.
 
Оваа реченица најмногу се користи на работно место.Со неа сака да се укаже дека дигањето акции не е добро за тимскиот дух.И имаат право менаџерите кога ќе ја споменат.Човек со високи акции,без разлика колку е добар може лошо да влијае на работниот дух.Затоа нема човек кој е незаменлив.Секој може да ја фати вратата.
За сите други полиња се согласувам дкеа секој човек е различен и неможе да се замени со било кој.
 
Секој човек што влегува и излегува од нашиот живот има посебно зачење за нас. И самиот тој остава посебна трага и спомен за него. Мислам дека не може да се замени некој, но не велам дека не може да помогне да се залечи раната од заминувањето на претходниот...Сепак секој човек кој веќе ќе го засакаме ни останува понатака во сеќавањето без разлика што и да се случи понатаму,дали ќе има среќен или несреќен крај тоа не е важно.
 
најблиските се незаменливи....
НИКОЈ НЕ Е НЕЗАМЕНЛИВ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom