Нескафе Долче Густо

  • Креатор на темата Креатор на темата јас
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Дали некој на форумов има некакво искуство со машиниве?
Пофалби, критики, совети?
Белки има доволно кафе хроници на форумов
 
Имам јас од пред некоја недела. Не сум имала до сега искуство со кафемати дома, и не можам да го споредам со друг :) Ама сум задоволна, брзо се мести, според инструкциите видов дека едноставно се чисти, а кафето ти е готово за 2 минути :) Мене еспресото ми е најубаво :)
Само штета што не ги носат сите видови на капсули што ги има на официјалната страна: http://www.dolce-gusto.us/Products/Capsule-Flavors.aspx
 
Е да тоа беа оние со малите паковања ко млекцата за у кафе што ги има нели? БАш и мене ме интересираше се мислев за у канцеларија да си земам. Како се цените за апаратот и рефилите?
 
Апаратите се од отприлика 6.000 до 10.000 во зависност од моделот, а капсулите се 310 денари, 16 во пакет.
 
Какви модели има? Јас пак мислев дека е само 1 модел..
 
Имам јас од пред некоја недела. Не сум имала до сега искуство со кафемати дома, и не можам да го споредам со друг :) Ама сум задоволна, брзо се мести, според инструкциите видов дека едноставно се чисти, а кафето ти е готово за 2 минути :) Мене еспресото ми е најубаво :)
Само штета што не ги носат сите видови на капсули што ги има на официјалната страна: http://www.dolce-gusto.us/Products/Capsule-Flavors.aspx
Фала,
малку сум скептичен околу проблемот дека мора чоек да е врзан со нескафе. Особено дека некое време им го игнорирам нескафето и сум преселен на јакобс.
Дали има други производители на кертриџи за чудово. Некој стандард е или?
 
Не, мислам дека апаратот само со нивните капсули работи, така мислам пишуваше на официјалниот сајт.. Лошо е што си врзан само за Нескафе и лошо е што не ги носат сите видови на капсули... Може во иднина :)
 
за Jacobs и Milka
ова тамам за тебе:)
http://www.tassimo.ru/tassimo/page?PagecRef=1
 
Не, мислам дека апаратот само со нивните капсули работи, така мислам пишуваше на официјалниот сајт.. Лошо е што си врзан само за Нескафе и лошо е што не ги носат сите видови на капсули... Може во иднина :)

A јас мислев дека цело време можеш било какво кафе да ставаш.
Причина плус да не купам, покрај скапата цена.
 
Како мислиш "било какво кафе"? :) Не знам како би било изводливо било какви капсули да можеш да користиш, пошто се нели различни. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom