Нега на лице

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Возраст
39
Па, како го негувате вашето лице? Дали користите маски, пилинзи, дали се тоа купени или пак самите си правите дома?
Јас користам купени, но знам често дома сама да си направам.
Еве неколку рецепти за маски.А и навиистина добро делуваат.


Маска од авокадо

Оваа маска ја прави кожата мека.По неколку минути почнува да пецка, па така можи одма да се забележи кога ќе почни да дејствува.
1 голема лажица пасирано авокадо
1 мала лажичка јогурт
1/2 лажичка мед
Да се измеша во една хомогена смеса и да се нанеси на лицето.Да се остави да делива 10-15 мин и да се измие внимателно со млака вода, без да се користи сапун.Потоа лицето само малки да се избриши со сува крпа, за да можи маската и понатаму да делува.


Пилинг од јогурт и ореви

Овај пилинг редовно го употребувам и е навистина добар.Ја прави кожата навистина мека и мазна, посебно после капење кога кожата е сува и како излупена.
неколку оревчиња измелени
1 голема лажица јогурт
Ова заедно да се измеша, да се нанеси на лицето и да се остави да делува 10 мин.Потоа се мие со ладна или малака вода.Кожата ќе ви биди како нова:)


Маска од домати

Оваа маска посебно помага против мозолчиња.
2 домати
1 мала лажица мед

Доматите мора прво добро да се испасираат, потоа му се додава медот и целата смеса уште еднаш добро се пасира.Се остава да делува до 10 мин и потоа се мие.


Маска од банана

Оваа маска е наменета за сува кожа, а може да се користи и на лактите.
1 банана
1 мала лажица мед
Бананата се пасира и потоа се додава медот.Се остава да делува 10 мин и потоа се мие.


Па кажете и вие некој ваш домашен рецепт за маска или пилинг.Мислам дека природните маски многу подобро делуваат од купените.
 
Jas licno nema sansi na svoja raka da pripremam maska i da ja stavam na lice, nekako mi e rizicno, upotrebuvam samo provereni raboti, najcesto od Nivea, najmnogu mi odgovaraat.
 
јас користам пилинг од freeman...и ептен сум задоволна...супер се стварно! а домашни маски не користам...:nenene:
 
Се бара:
Некаков рецеп[FONT=&quot]т[/FONT] за лекување проширени пори:) Сериозно, иам масна и проблематична кожа...се шлакам со тоници, кремови и сл. Делува, но има последици – она за што барам лек :) Help!
:D
 
Се бара:
Некаков рецеп[FONT=&quot]т[/FONT] за лекување проширени пори:) Сериозно, иам масна и проблематична кожа...се шлакам со тоници, кремови и сл. Делува, но има последици – она за што барам лек :) Help!
:D

1. На утро, измиј го лицето со гел за лице, никако сапун, ти препорачувам со чајно дрво, тие се најдобри за такво лице....
2. Истонизирај го лицето со сличен тоник.
3. Исплакни го лицето
4. стави крема за проблематична кожа или чувствителна.

Навечер исто, со разлика, ноќен крем...
Постапката повторувај ја најмалку 3 месеци...Има ефекти
 
Danke, ali tragam po pokonkreten recept za porive prokleti. Kolku tolku facata uspevam da ja kontroliram i da gi reduciram aknite, ali porite...argh!
Fala u sekoj slucaj
:)
 
Danke, ali tragam po pokonkreten recept za porive prokleti. Kolku tolku facata uspevam da ja kontroliram i da gi reduciram aknite, ali porite...argh!
Fala u sekoj slucaj
:)

Па со овој третман, барем секогаш лицето ќе ти е чисто, порите, и има можност истите да се елиминираат до некој степен..
А ако толку ти пречат, на козметика можеш ласерски да ги отстраниш...
Среќно:helou:
 
Се бара:
Некаков рецеп[FONT=&quot]т[/FONT] за лекување проширени пори:) Сериозно, иам масна и проблематична кожа...се шлакам со тоници, кремови и сл. Делува, но има последици – она за што барам лек :) Help!
:D
Е па пробај да не се шлакаш со се што ќе ти се најде. :)
Земи си маска на Garnier, ги има низ Tinex i Vero, од крставица. И имаше и една на Afrodita ама не ми текнува од што точно беше.:helou:
 
Се бара:
Некаков рецеп[FONT=&quot]т[/FONT] за лекување проширени пори:) Сериозно, иам масна и проблематична кожа...се шлакам со тоници, кремови и сл. Делува, но има последици – она за што барам лек :) Help!
:D

Мислам дека имам нешто за тебе :smir:

Лосиони за мрсна кожа


~Лекување на акни
*Состојки: 25 гр. чичков корен и 3 дл. студена вода
Подготовка: Напролет или наесен треба да се собере корен од чичок. Добро се исмива и се остава да се суши на сонце. Сувиот корен се сече на тенки кругови и се вади во вода за да проврие. Потоа се цеди низ чиста газа.
Лосионот се дрши на темно место.
Употреба: Лицето најпрвин се мие со сумпорен сапун. Сапуницата се остава да одстои најмалку 5 минути на лицето, потоа се мие со млака вода и се чисти. Потоа лицето се тампонира со лосион. Постапката се повторува неколку пати во текот на денот. Кожата на лицето ќе стане сјајна, свежа и еластична.

*Состојки: 1 чешен бел лук и 1 дл. 70% алкохол
Подготовка: Белиот лук се толчи и се прелива со алкохол. Се остава преку ноќ, се цеди и се чува во темница.
Употреба: Со памук натопен во лосион се тампонираат гнијниците. Секојдневно се масираат заболените места. Бргу ќе забележите дека гнојниците се губат.

*Состојки: 10 гр. свежо глуварче, 1 дл. вода, 0,5 дл. 70% алкохол.
Подготовка: Свежи цветови (само цветните ливчиња) од глуварче добро се мијат и се прелеваат со врела вода. Се остава да стине, се цеди и се меша со алкохол.
Употреба: Лицето најпрвин треба да се измие со сумпурен сапун. Се тампонира во текот на денот неколку пати. За неколку дена ќе забележите подобрување.

*Состојки: врзло магданос и 0,5л студена вода.
Подготовка: Магданосот се мие и се прелева со студена вода. Треба да отстои 48 часа. потоа се цеди. Со овој лосион два пати дневно (навечер и наутро) се тампонира лицето. Се чува во фрижидер. Правете свеж лосион на 2-3 дена.


~Отстранување на митисери
*Состојки: 25 гр. семки од тиква, 2,5 дл. 70% алкохол
Подготовка: Семките се сецкаат ситно и се ставаат во алкохолот. Се ставаат на сонце 6 дена, потоа се цедат. Лосионот се чува во фрижидер.
Употреба: Лицето треба прво да се измие со сапун (сумпорен, глицерински или бораксов). Се тампонира со овој лосион со лесна масажа. Лосионот истовремено го дезинфицира лицето, а митисерите со време ќе снема.

*Состојки: 15 цветни ливчиња од ружа, 15 гр. бел слез, 15 гр. жалфија, 15 гр. камилица и 0,5 литри вода.
Подготовка: Се вари чај од ружа, жалфија, камилица. Кога се олади се става слезот. Се остава да одстои 3 часа по што се цеди и се флашира.
Употреба: Лицето треба прво добро да се измие со топла вода и сапун, потоа се тампонира со лосионот. Овој лосион ги стегнува порите на лицето, а митисерите со време ќе исчезнат.

*Состојки: 75 гр. сув босилок и 3 дл. вода.
Подготовка: Босилокот се става во студена вода и се остава да одстои 12 часа, по што се вари до вриење. Се трга од шпорет, се лади и се сипува во шише.
Употреба: Лицето се мие со медицински сапун, се чисти и се тампонира со лосионот наутро и навечер. Овој лосион многу успешно ги лекува митисерите. Ако сакате подолго да стои, ставете 2-3 лажици алкохол во него.

*Состојки: 15 гр. нане, 250 мл. врела вода
Подготовка: Нането се прелива со водата и се става да отстои поклопено половина час, потоа се цеди. Шишето со лосионот треба да биде добро затворена.
Употреба: Овој лосион се користи за мрсна кожа полна со митисери, а добар е и за гноенки. Доколку се стави малку алкохол, дејството е поефикасно, а лекувањето поуспешно. Лицето се тампонира неколку пати на ден. По кратка употреба кожата станува свежа и нежна.


~Проширени пори
*Состојки: 15 гр. рузмаринов лист, 20 гр. цветни ливчиња од мајска ружа и 2,5 дл. врела вода.
Подготовка: Билките се парат во врела вода и се остава да отстои 1 час. Потоа се цеди, лосионот се става во шишенца и се држи на темно место.
Употреба: Лосионот се користи за мрсна кожа со проширени пори. Доколку во лосионот се стави сок од лимон или свежа краставица, лицето ќе стане чисто, свежо и еластично. Лицето најпрвин треба да се измие со сапун, се брише со крпа и се тампонира навечер и наутро.

*Состојки: 15 гр. цветови од мајска ружа, 30 гр. жалфија, 10 гр. коњско опавче и 1л. вода.
Подготовка: Сушените билки се варат до вриење . Потоа се ладат и се цедат. Лосионот се става во шишенце и се држи на темно и ладно место, најдобро во фрижидер.
Употреба: Лицето се мие со сумпурен сапун, се чисти и се тампонира со лосион наутро и навечер.
 
Љеље фала многу на сите :)
Само едно прашање: Кај да најдам мајска ружа у пенис? До мај да чекам?...јао...:)
 
Користам и пилинзи и маски и серуми и креми и ампули.......уф
 
Редовно си одам на третмани во козметичкото студио на мајка ми и си немам гајле....
 
Најубаво се чисти лицето дома, така, со палома на прсти, огледалце и добро светло, па стискај додека не излезе се што има маснотија, црнки, чиреви, ...они мене под кожа...све тоа мора да се истиска до крв...Па после ракиица со памуче, да се избрише гној и крв:pos2:и озгора-пудра, да се камуфлира црвенилото.
 
Шо убава кожа си имав порано без ниедно мозолче , само некогаш за време на ПМС ќе ми излезеа едно-две и што ќе ми дојдеше при рака ставав и си го сје*ав лицето.. И сеа е Ок , се среди ( пупупу ) , ама ипак ... Кажете нешто што можам да ставам на челото ..шо сум имала некои мозолчиња сеа тука ми е кожата ко потемна, ко флеки имам ..? Совет?
 
Шо убава кожа си имав порано без ниедно мозолче , само некогаш за време на ПМС ќе ми излезеа едно-две и што ќе ми дојдеше при рака ставав и си го сје*ав лицето.. И сеа е Ок , се среди ( пупупу ) , ама ипак ... Кажете нешто што можам да ставам на челото ..шо сум имала некои мозолчиња сеа тука ми е кожата ко потемна, ко флеки имам ..? Совет?
баш пред некое време купив едни специјални памучиња од авон за избледување на флеки од акни.точно се викаат пилинг тампончиња за избледување на флеки.дефинитивно помагаат.пробај:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom