Научно истражување и негова презентација

  • Креатор на темата Креатор на темата macedon89
  • Време на започнување Време на започнување

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Локација
Што подалеку од Македонија.
Ме интересира дали некој на форумов додека бил студент спровел научно истражување на некоја тема и истото го објавил во некое научно списание или го презентирал на некој конгрес.
Јас сакам да почнам некое истражување во областа Медицина (Хирургија). На Гугл не најдов нешто концизно за како да почнам и кои се чекорите, дури и ме збуна малку. Секое мислење е добредојдено.
 
Прво, пребарај стручни списанија, за да видиш како изгледа научен труд (ревијален или истражувачки), а потоа пребарај ги имињата на твоите професори. Некој од нив би требало да ти биде и ментор и од него/неа да добиеш упатства и менторство.
 
Ме интересира дали некој на форумов додека бил студент спровел научно истражување на некоја тема и истото го објавил во некое научно списание или го презентирал на некој конгрес.
Јас сакам да почнам некое истражување во областа Медицина (Хирургија). На Гугл не најдов нешто концизно за како да почнам и кои се чекорите, дури и ме збуна малку. Секое мислење е добредојдено.
Што те интересира конкретно имам искуство со тоа ...пиши ПП. Студент по Медицина си?
 
Мој совет е да не го споделуваш тоа со професори или не знам кој друг....ако можеш сам да ја изведеш работата да не речам тајно тогаш само напред....ако имаш можности да го направиш тоа во странство тогаш што побргу оди....овде секој ке гледа прво да те заебе и да профитира на твојот грб...размисли пет пати што ке правиш...........инаку он топик...немам искуство со медицина..
 
-Ти требаат добри лабораториски услови.
-Изнајмување на простор за извршување на експериментот.
-Изнајмување на стручен кадар кој ќе ги надгледува субјектите врз кои ќе се извршува истражувањето
-Правење на анкети и наоѓање на тест субјекти кои ќе бидат во специфичната возраст и психофизичка состојба потребна за дефинирање на контролните групи во истражувањето.
-Изнајмување на опрема.
-Дефинирање на хипотезата.
-Нулификација на хипотезата.
-Реплицирање на експериментите.
-Извлекување на заклучоци и теории.
-Плаќање на тест субјектите специфичен паричен надоместок за нивната партиципација во експериментот и студијата.
-Консултација со други релевантни авторитети во тоа поле како и редефинирање на студиите.
-Правење на мета анализа.
-Објавување на студиите на различни реномирани локации.
-Објавување во научни списанија
-Објавување во медицинските центри
-Објавување на медиумите итн итн...
-

Ова е многу прост план кој секако во реалност е покомплексен и има повеќе потточки.

Со еден збор ти требаат мнооогу пари кои ќе ги добиеш со спонзорства или ќе ги платиш од твој џеб!!!:X3:
Ако студиите ти се покажат успешни, потоа ќе бидеш платен за твојата работа. Ако не, чорба македонче!:)
 
Прво ти треба Scopus, или друг пребарувач, порано идеше со Index of Abstracts, но сега се е електронски. Работава кај нас е тоа што нашиве немаат пари да се преплатат на некој пребарувач. Да исчиташ барем 100 труда, она што ќе ти фати на око, го истражуваш подетално и гледаш што можеш ново да воведеш или ти да допринесеш.

Кога веќе имаш идеја, можеш да му пишеш на главниот автор на трудот маил да го замолиш да ти го прати трудот, оти ти си студент кој нема пари да го плати, ние сме сиромашна земја и бла бла. Најчесто не одбиваат и го праќаат трудот.

Од биолошките и медицинските науки имаш убав пребарувач, како NCBI, тука имаш доста бесплатни трудови ако идеш со опција PMC.

Ако си студент, па и ако си дипломиран, секако дека многу работи не можеш сам да ги знаеш, секогаш е корисна соработката со некој искусен во областа, дали ќе го пишеш во трудот, тоа е ваш договор, но најчесто иде така.

Внимавај со идејата, секогаш може некој да ти ја украде. :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom