НАТО го напушти последниот камп во Македонија. 11 години од бегалската криза и влегувањето на НАТО силите на Косово, КФОР има своја логистичка поддршка на воениот аеродром во Скопје. Од денеска оваа база е напуштена, целосната логистичка поддршка ќе ја дава АРМ.
Во земјава останува советодавниот тим на НАТО сместен во Министерство за одбрана.
„Искрено се надевам дека следната година ќе донесе напредок во преговорите за името и сите ќе можеме да ве видиме како земја членка на НАТО. Посакувам официјалните лица вклучени во преговарачкиот процес да најдат доволно волја, сила и храброст за да најдат компромисно решение и со тоа да ја обезбедат економската перспектива на луѓето во земјава“, изјави бригаден генерал Давид Хумар, шеф на советодавниот тим на НАТО.
Од денеска кампот Ејбл сентри на воениот аеродром крај Скопје во целост е предаден на АРМ која самостојно ќе дава логистичка поддршка за силите на КФОР на Косово иако не сме земја членка на НАТО.
„Овие клучеви кој денеска ги добивам, се клучеви кои ја симболизираат нашата зрелост и подготвеност како и нашето партнерство со алијансата. Нашето принципиелно и искрено партнерство, докажано тука во РМ, докажано во Косово, во Авганистан и во Ирак“, вели Зоран Коњановски, министер за одбрана.
На воениот дел од скопскиот аеродром во следните години ќе биде изградена и школа за пилоти која треба да стане регионален центар за обука на воени и цивилни пилоти.
Најверојатно симулаторите за обука ќе ги обезбеди израелската компанија Елбит, која вршеше модернизација на воените хеликоптери.
Извор