National Geographic или History channel преводи или титлови?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѕатара
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 март 2019
Мислења
6
Поени од реакции
1
Каде може да се најде преводи на македонски јазик на документарците од National Geographic или History channel? Да речеме за Banged up abroad или за документарците за Втората светска војна, Римска империја? Има ли некој сајт кој што има преводи за документапни емисии, само некој titlovi.com или opensubtitles таму има 20 преводи за документарци на друго место не сум нашол. Ако има некој да ми помогне во оваа кризно време :)
 
Никој!? Или можеби тоа што го барам не постои изгледа?
 
Преводи на македонски нема за сите документарци од тие продукции на интернет. Тоа што си нашол тоа е тоа што е достапно на интернет.
 
Преводи на македонски нема за сите документарци од тие продукции на интернет. Тоа што си нашол тоа е тоа што е достапно на интернет.

Изгледа многу барав. Фала за одговорот.
 
Ретко има и за филмови и серии преводи на македонски. Едноставно не многу луѓе се решаваат да преведуваат без да бидат платени за тоа.
 
За филмови и серии има доста како што можам да забележам. За постарите нема, но за поновите и новите има.Само за споредба Хрватска со 4 мил. луѓе ги имаат кажи речи сите преводи на документарни филмови качени на интернет. Тоа само кажува колку ни е банана државата.
 
Дали ти би се нафатил да преведуваш или преснимуваш, па да го прикачиш видеото на интернет/торент? Голем дел тоа го прават со сопствени веб-сајтови каде на истите поставуваат реклами, па имаат каква таква материјална корист, но овде тешко се профитира од тие реклами.. Во една Србија тројно повеќе пари може да се генерираат при иста посетеност во споредба со нас.
И друг факт, мала држава сме, а уште помалку ги интересираат документарците. Ние сме само за политика. Мицко и Зоки ќе ти соберат без проблем 100к гледаност само со една изјава, а тие документарци што ги спомна нема да имаат ни по 500 прегледи.
 
Не гледам друг начин да се промовираш освен да прикачуваш авторски преводи на интернет, со некој рестрикции се разбира. Можеби си во право за во Србија не знам како оди таму, но едно знам дека овде 90% од качените преводи, дали за филмови или серии небитно се со ужасен квалитет. Без надредни знаци, без тире и 1000 други печатни грешки. Пред месец-два гледам филм и наместо “Ѕвезда“ авторот “Звезда“ 10 пати најмалку, страшно. А за Мицко и Зоки тој факт само потврдува колку сме банана држава.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom