Nashville

  • Креатор на темата Креатор на темата MyloXyloto
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Заедно со Last Resort засега ми е најдобриот пилот од годинешнава 2012/2013 американска ТВ сезона... Предобро се прикажани моментите од кантри музиката во Тексас, а и ликовите се одлично оформени. Се надевам ќе продолжи со истото темпо серијава...


Рајна Џејмс е кантри пејачка/легенда чии песни постојано се врвот на топ листите и има кариера за која секој друг пејач би ѝ завидувал, иако нејзината популарност во скоро време започнува да бледнее. Фановите сѐ уште се борат да добијат нејзин автограм, но таа веќе не ги полни арените како што тоа некогаш го правеше. Нејзината матична куќа планира концертна турнеја, на која ќе ѝ се придружи и новата надеж Џулиет Барнс, млада и секси иднина во кантри музиката. Но шармантната Џулиет не може да дочека да го украде местото на Рајна. Делејќи ја сцената со непочитувачка, неталентирана девојка е последното нешто што Рајна сака да го прави, што поставува моќна борба за популарноста. Може ли неоткриениот талент за пишување на песни на Скартлет О'Конор да биде клучот за да ѝ помогне на Рајна да ја воскресне својата кариера? Она што ги комплицира работите е богатиот татко на Рајна, Ламар Хемптон, кој е моќна сила во бизнисиот, политиката на Тениси, и животот на неговите две возрасни ќерки. Тој сака да добие моќни резултати сѐ со цел да го врати згодниот маж на Рајна, Теди во трка за Градоначалник на Нешвил, што е против нејзина волја.
 
Уште подобра втора епизода. Серијата има совршени ликови.
Никој не ја гледа? :(
 
Јас ја гледам не си сам:)
Мене не ми е толку лоша, не ми брилијантна но не е лоша, знам одма да набројам многу полоши а погледани серии. Да оваа и уште 2-3 беа најдоброто во оваа измината сезона.
Мене ми се екстра како актерска екипа послебно девојчињава на Реина кои и во приваен живот си се сетрички ми се толку слатки и талентирани тоа чудо.
Сигурно ова повеќемина го знаат и паметат.
Екстра возбуливо заврши првава сезона, се надевам на одлична втора сезона.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom