- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.268
- Поени од реакции
- 12.995
Точно е дека нема да се справат во догледно време. Мое мислење е дека справувањето ке одложуваат бесконечно само со цел да ги оправдаат скапите воени програми кои ги имаат пред се Америка и Русија, а не заостануваат и другите постојани членки на Советот за безбедност.
Тука исто така мора да се спомне и капиталот кој постојано се влече по еден или друг основ од Арапските земји. Што всушност и е многу паметно.
Но сепак на крај ке се сведе на две можни сценарија.
Првото ако помине долго време и сеуште не преставуваат закана за останатиот свет ке бидат само маргинализирани кога веке нема светот да има потреба од нафта.
И втората ако станат закана ке бидат збришани буквално.
Држи вода теоријата.
На крајот на краиштата, едни од главните финансиери на Адолф Хитлер и на нацистите во 1920-те години и во 1930-те години, биле Велика Британија и САД, токму британските бизнисмени купувале германска нафта, а американските банкари ја финансирале нацистичката пропагандна машинерија.
После сето ова, Хитлер бил изненаден кога Велика Британија и објавила војна на Нацистичка Германија откако Нацистичка Германија ја започнала инвазијата на Полска во септември 1939.
Но по нападот на Јапонија на американската поморска база Перл Харбор на Хаваите во декември 1941, САД и објавиле војна на Јапонија, но не и на Нацистичка Германија, напротив, токму Хитлер бил тој кој им објавил војна на САД дури 3 дена по јапонскиот напад врз Перл Харбор и по објавувањето војна на Јапонија од страна на САД.
Делува како Франклин Делано Рузвелт воопшто да не ни планирал да војува со Нацистичка Германија, но на крајот Хитлер си ја запечатил судбината, бидејќи додека војувал против Советскиот Сојуз, можел да ја искористи слабата, но не и мртва, соработка која ја уживал со САД, за да ги задржи САД надвор од војната во Европа, па можеби никогаш не ќе се случел денот Д на 6 јуни 1944 со сојузничката инвазија на Нормандија и отворањето на западниот фронт во Европа, но со објавувањето војна на САД, Хитлер го запечатил сопствениот пораз во војната, а со тоа и сопствената судбина.
За волја на вистината, ако Хитлер продолжел да војува против Советскиот Сојуз, повеќе од сигурно би било дека сепак би изгубел во војната, особено по поразите во битката за Сталинград и во битката кај Курск, после битката кај Курск, Хитлер можел да извади жива глава единствено ако прифател примирје со Советскиот Сојуз, но тогаш веќе било предоцна, бидејќи се случил денот Д и бил отворен западниот фронт во Европа, после ова, поразот на Хитлер и на нацистите во војната и нивните судбини веќе биле запечатени.
Можеби денес улогата на оската Берлин-Рим-Токио во светот ја играат арапските тоталитаристички режими, почнувајќи од Саудиска Арабија, Иран и Египет, или оската Техеран-Ријад-Каиро.
Иран веќе претрпува економски и трговски ембарга од САД и од европските држави, па можеби целта на истите тие ембарга е Иран прв да започне војна со западот за да западот има оправдание зошто да го нападне Иран, а Иран би очекувал поддршка ако не од Саудиска Арабија, тогаш сигурно од Египет или од Либан, каде што радикалното исламистичко движење Хезболах ги масакрира Евреите, христијаните и сите останати немуслимани со оружје од Иран.