- Член од
- 8 октомври 2009
- Мислења
- 821
- Поени од реакции
- 301
Мислам дека темава е прилично јасна.
Да постираме слики и информации за некои хотели кои ни се допаѓаат, без разлика дали сме ги посетиле или се надеваме дека некогаш ќе ги посетиме.
Ако не повеќе...да плакнеме очи од убавината :smir:
--- надополнето ---
Еве јас ќе започнам
Hotel de Paris, Монте Карло
“Hotel de Paris“ кој е во срцето на Монте Карло има извонредна традиција, ексклузивност и шарм. Омилен е и најпрестижен е за гостите на кои цената не им е важна, а тоа се оние од кралевските фамилии, славните и богати личности и џет сетот.
Хотелот има и вински подрум со 600.000 шишиња најдобро и најпознато вино. За гостите на располагање им е “Beach Club“ за скоро сите видови доживувања и спортови на вода, а во близина е и Голф клубот.
--- надополнето ---
"Armani" хотел, Дубаи
Италијанскиот моден гуру Џорџо Армани во април 2010 година го отвори првиот од серијата луксузни хотели и одморалишта во светот брендирани со неговото име. Изборот му беше одличен. Во Дубаи, во Бурџ Калифа која со своите 828 метри највисока зграда во светот.
Хотелот “Armani“ е на првите 6 спрата и на 38-иот и 39-иот спрат од облакодерот. Има вкупно 160 - помалку се соби (од 45 м2 до 70м2) во кои најефтино еден гостин може да се смести за 800 евра по ноќ, а повеќето се апартмани (од 150 м2 до 390 м2) за кои цените најчесто се “соодветни“ на висината на облакодерот.
Најубави и највпечатливи се апартманите “Armani Signature“ со површина од 235 м2, кои се на 38-иот и 39-иот спрат од каде се пружа воодушевувачки поглед на се’ што е Дубаи, и дење и ноќе. За еднодневен престој во нив, најреќните треба да платат најмалку по 2.250 евра по човек.