Најнови секс феномени

Вергилиј

Развртник
Член од
12 јануари 2012
Мислења
65
Поени од реакции
40
Локација
Скопје
Сексот е забавна работа. А за и понатака да остане така тој мора да се менува. Сепак многумина тоа го сфаќаат премногу екстремно па измислуваат секакви глупости. Што поѓаволите се сексорексија и секс граб? И каде оди сексот во 21-иот век?

  • Сексорексија
Комбинацијата од секс и анорексија се однесува на луѓето кои се откажуваат од сексот од страв да не бидат повредени. Било да се незадоволни од своето тело и изглед тие хронично се плашат од интимноста бидејќи во тој случај премногу емоционално би ризикувале, заедничко е што од сексот се плашат како ѓавол од крст. Воглавно ги погаѓа жените помеѓу 18 и 30 години а еден од клучните симптоми е опседнатоста со тежината, како реалната така и замислената. Сексорексичарите се тешки „контрол“ фрикови со мегаломанско суперего. Па сега вие најдете психијатар за ваков случај ако можете.

  • Социосексуалност
Термин создаден од американските психолози, а кој друг! Станува збор за барометар колку е личноста отворена за нов сексуален контакт. Авторите предупредуваат дека лесно влегување во сексуални односи не значи автоматски и промискуитетност, туку едоставно факт дека личноста нема проблеми со раздвојување на сексуалниот од емоционален однос. И што е тука ново, апсолутно ништо освен терминот.

  • Гастросексуалност
Голиот кувар Џејми Оливер веројатно е еден од несвесните пионери на новиот вид на мажи кои женската популација не ја заведуваат со бесни автомобили или со пишување на песни, туку со тенџериња и кецели. Дали е се ова последица на статистиките кои велат дека во 21-иот век 70 % од жените работат, па мажите имаат повеќе време да се докажат во кујна? Нам ни се чини дека сепак како расте свеста за храна и сите нутристионистички и здравствени аспекти така истата станала и нов полигон за докажување на машкоста.

  • Адреносексуалност
По инвазијата од метросексуалци во деведесетите, сексолозите одлучиле да не забавуваат со нов вид на мажи – адреносексуалци. Наводно, околу 41 % од британските типови подлегнуваат на дефиницијата – човечки мажјаци зависни од адреналин. Бројката од година на година расте, а некои анализи покажуваат дека интересот за екстремните спортови расте 30 % годишно.

  • Техносексуалност
Терминот толку им се допаѓал на одговорните до „Келвин Клајн“, што го патентирале во 2005 година. Инаку, истиот се однесува на нарциосидно феминизирани мажи, со наглесен фетиш на гаџети. Тоа е нешто како „франкејштајн“ дете на метросексуалците и техно фриковите. Всушност, овој поим има и второ значење – означува личности кои сексулано ги возбудуваат роботи, андроиди и силиконски јапонски кукли со вокабулар од 100 зборови и 200 типови на стенкања.

  • Гуглсексуалност
„На кој му треба девојка, кога има Гугл?“ – во оваа група на луѓе порано или подоцна се нашол секој кој поседува машки полов орган и интернет конекција. Значи, овде зборувам за фраерите кои поминуваат неверојатен број на часови сурфајќи по бесплатните порно страници, само за да на крај ја „завршат работата“ за 20 секунди.

  • Макросексуалност
Спротивно на она што веројатно прво ви падна на памет, макросексуалност не значи сексуална опседнатост со големи нешта. Зборуваме за група на „луѓе“ кои ги пали се што се движи. Значи, подеднакво може да ги возбуди пингвин како и разголена фотка на Анџелина Џоли. Ги имаат сите сексуални склоности – на хомосексуалци, хетеросексуалци, а и останатите „сексуалци“.

  • Секси „пипкање“
Во пренаселените градови на 21. Век, гениталиите на жителите се поблиску едни до други повеќе од било кога во историјата. Тоа е голема разлика во споредба со руралните подрачја каде првиот следен пар гради од соседниот двор може да се наоѓа на далечина од неколку километри. Кога на тој просторен факт ќе се додадат и низата фактори како урбан стрес, морална декаденција и општа сексуална исфруструираност, ништо чудно не е доколку во јавен превоз некој тип одеднаш зграби жена за гради или задник. Изненадното секси „пипкање“ (или, на англиски sex grab) е особено раширено во Мумбаи, Њу Делхи и Сингапур.

  • Секси вежбање
Откако ни ги наполнија главите со тоа како сексот е здрав, го продолжува животот, ја балансира психата, како оргазам дневно делува подобро од маска од свежи краставици и како нема шминка која може да се спореди со „само што имав секс“ свежината на лицето, терминот секси вежбање совршено се вклопува во козметичкото и медицинското „галамење“ за сексот. Терминот, имено, ги опишува луѓето кои имаат секс поради кондиција и согорување на калории. Иако истражувањата велат дека оргазам доживуваат само 27 проценти од нив, има и една добра вест за „сктерките“ – лажниот оргазам согорува дури 160 калории.

  • Секс-експерти
Од сето претходно наведени, заклучуваме дека светот станал едно многу сложено место. Луѓето се „растргнати“ помеѓу најновите научни истражувања и анкети на 317 испитаници кои дефинитивно покажуваат дека кафето, чоколадото, виното и цигарите се здрави, но и дека не се. Во реката на сензационални научни откритија се бројни се и оние за сексот чии „автори“ целосни професионално ги жртвуваат своите гениталии за унапредување на човековото знаење. Рака на срце, не знаеме како им изгледала одбраната на дипломската или докторатот, но таканаречените секс-експерти знаат се за тоа како треба да ви изгледа сексуалниот живот. Сексот е, како што знаеме, најдобар кога ќе му се пристапи стручно, систематски, аналитички и со пар цитати.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom