Најми со правилен менталитет, и обучи на вештини

  • Креатор на темата Креатор на темата YoucancallmeV
  • Време на започнување Време на започнување

Дали треба да се најми човек со правилен менталитет без вештини?

  • Да

    Гласови: 15 71,4%
  • Не

    Гласови: 6 28,6%

  • Вкупно гласачи
    21
Немам баш некое огромно искуство по фирми ама од она што сум го видел има еден куп луѓе со висок скил а тапа менталитет и таквите можеби моментално придонесуваат во фирмата (прават профит) ама џабе кога истите се штетни за околината околу нив.
Кога ќе си во таква фирма, само набиј искуство и надвор одма оди. Тоа е слепа улица.
Конкретно има еден еден вреден одговорен работник во фирмата кај мене, ама човекот има комуникација 0 со останатите, на новите наместо како поискусен да им објасни он им ја отежнува и прави во старт да се осеќаат во фирмата како отфрлени.
Еден од најголемите совети што сум ги добил од C-suite ниво: Ако сакаш да напредуваш во компанија, мора тој што е одма под тебе да го истренираш толку добро, што можи да ја работи твојата работа. Кога ќе гледаат кој да напредат, ти ќе ја земеш позицијата, тој под тебе ќе ја земе твојата.
Да сум јас газда на истава фирма би го заменил да бидам искрен, џабе допринесуваш со работа кога си себичен а средината не е за индивидуална работа - го саботира во старт идниот кадар на фирмата, веројатно и намерно за да другите не напредуваат еве од мене се зависи во работата.
Ако си газда со визија, тој работник не е за ништо подобро од обичен работник. За водич на смена, управител на одсек, директор не ти треба само да бидиш интелект.
 
Кај нас у фирма, генерален менаџер на продажба стана лик што претходно бил вилушкарист во магацин, и никогаш во животот немал ни пенкало продадено, нити пак имал поима од онлајн продажба. Така да, и те како е битно дали сакаш да учиш и напредуваш, и сето тоа да го надоградиш со знаење во дадена област.
 
Тоа е проблемот. Јас знам инжинери што прават огромни пари, ама се само инжинери, не се надзорници на смена, не се Менаџери, не се Директори. Ако го бивало него на виљушкар, дај му поќе пари и задржи го, ама ако нема врска од продажба, тоа е лошо за сите.
 
Не сме се разбрале, човекот сега е одговорен за 20+ вработени во секторот за онлајн продажба, и го бива ептен. Сакав да кажам, ако наумиш дека нешто можеш да го научиш, веројатно така и ке биде.
 
Не сме се разбрале, човекот сега е одговорен за 20+ вработени во секторот за онлајн продажба, и го бива ептен. Сакав да кажам, ако наумиш дека нешто можеш да го научиш, веројатно така и ке биде.
Тоа е друго, така е супер. Ако човекот го бива за местото, тогаш е идеално.

Ама сум видел многу примери каде газдата несака да му даде повеќе пари без да му товари уште нешто, иако не го бива (не го бива за екстрата, не викам дека е лош работник).
 
Ако најмувам човек, воопшто не ми е гајле за неговиот менталитет, го најмувам за вештини.

Ако вработувам за долгорочно е друг муабет. Тогаш во секој случај менталитет е многу битна работа. За позиции со понизок сениоритет, дури и нула скилови не е страшно. За позиции со повисок сениоритет, не може да се игнорираат вештини.
 
Цитатов е повеќе за пракса/џуниор позиции. Во овој случај пологично е да гледаш потенцијал отколку моментални вештини. За сениор позиции вештините не само што се потребни туку и треба се запрашаш како некој станал сениор без тие потребни вештини.
 
Еден од најголемите совети што сум ги добил од C-suite ниво: Ако сакаш да напредуваш во компанија, мора тој што е одма под тебе да го истренираш толку добро, што можи да ја работи твојата работа. Кога ќе гледаат кој да напредат, ти ќе ја земеш позицијата, тој под тебе ќе ја земе твојата.
Ова јас го советувам на тие што сакаат да напредуваат. За да напредуваш мораш да научиш некој друг да ја врши твојата работа. Ако го држиш екслузивитетот на знаењето, сам себеси си си правиш сопка, баш заради тој екслузивитет нема да напредуваш.

Многу често луѓето се плашат да го споделат знаењето, дека си мислат дека така ќе бидат незаменливи. Имав пред една година ептен лошо искуство со една жена од САД која неќеше да го сподели мислејќи дека и се заканува бркање.
 
Знам, сега се расправам со таков проблем. Една постара колешка, пред пензија е, енциклопедија права е, ама никако неќи да соработува со никој.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom