Најлоши прогнози

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.622
Поени од реакции
413
Американскиот милијардер и сопственик на компанијата „Microsoft“, Бил Гејтс, ќе остане запамтен не само по компјутерите туку и по едно од најлошите предвидувања на полето на технологијата. Имено, британско списание за технолошки иновации „Т3“ објави листа со 10 најлоши предвидувања на сите времиња, на која две се на Бил Гејтс.
Еве ја листата:

1. iPod Никогаш нема за „заживее“ - Алан Шугар 2005 година.

2. Компјутерите никогаш нема да се користат по домовите - Кен Олсен, основач на корпорација за дигитална технологија, 1977 година.

3. Правосмукалките на нуклеарен погон за десет години ќе бидат по сите домови - Алекс Луит, претседател на компанијата „Luit“, која произведува правосмукалки (сигурно пред повеќе од 10 години изјавил
smeshno.gif
).

4. Интересот за телевизија многу брзо ќе помине. Луѓето ќе се заморат од гледање во таа кутија секоја вечер - Дарил Занук, 1946 година.

5. После првиот лет на „боинг 247“, кој можел да прими најмногу 10 патници, 1933 година, еден горд инженер изјави дека „никогаш никој нема да направи поголем авион“.

6. На праг сме на ракетна пошта, изјави претставник на Американската пошта, Артут Самерфилд 1959 година.

7. На никој нема да му биде потребно повеќе од 640KB меморија на персоналниот компјутер - Бил Гејтс 1981 година.

8. На американците им е потребен телефон, но не и нам. Ние имаме многу млади курири - Вилијам Прис, главен инженер на британската пошта, 1878 година.

9. Наскоро ќе нема спам-ови - Бил Гејтс 2004 година.

10. Наскоро ќе се дознае дека рентген апаратот е чиста лага - Лорд Келвин, претседател на британското научно друштво 1883 година.
 
3. Правосмукалките на нуклеарен погон за десет години ќе бидат по сите домови - Алекс Луит, претседател на компанијата „Luit“, која произведува правосмукалки (сигурно пред повеќе од 10 години изјавил
smeshno.gif
).
А нели би зрачеле радиоактивност?
 
4. Интересот за телевизија многу брзо ќе помине. Луѓето ќе се заморат од гледање во таа кутија секоја вечер - Дарил Занук, 1946 година.
Да би бил и јас тогаш роден може и јас би го изјавил истото,чудно навистина како до сега не ни здосадил телевизорот

А нели би зрачеле радиоактивност?
Па можда за тоа не му успеала намерата:toe:
Ќе има некој сигурно ќе одговори.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom