На 30 април само Скопјани нема да учат?

  • Креатор на темата Креатор на темата ПрИтИ_гРл
  • Време на започнување Време на започнување

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
22
Веб-сајт
www.kajgana.com
Како е можно сите Скопски средни и основни училишта да не учат во понеделник, а другиве градови да учат бе? Шо е ова? Дискриминација ОГРОМНА! Не е фер воопшто зашто направиле вака! Шо се Скопјаните, нешто посебно? Кој е поводот за нивно не учење? Знае ли некој нешто па да подобјасни!?:tepamglava:
 
А кој ти кажа дека скопјани не учат?
 
Не се само Скопјани.
Во Струмица единствено моето школо работи во понеделник, ама ова на ништо не личи. Ако рекле дека има закон од Министерство за образование да биде работен ден нека биде за сите.
Ми ги уништија сите планови, во темата „Каде за 1 мај” го реков истото


walker_girl напиша:
Не е тоа темата ама да ти објаснам малце, џабе што ние не сакаме да идеме на школо кога има одлука од министерството за образование дека во понеделник ќе се учи и директорката рече дека нема да признава никакви оправданија. Автоматски ако не одам, во понеделник би имала 6 неоправдани, а не го сакам тоа.
За жал не знам дали од што не се почитува одлуката или шо и да е, само учениците од моето школо во Струмица учат во понеделник. Ако е закон треба за сите да биде...
Затоа се изнервирав ама ај...
Сепак убаво ќе си поминеме макар и еден ден било :)
 
Крејзи ин лов, чапо каппиштец... и шуте многу скопјани, бартучетками пример! НЕ е фер, кога министерството донело закон, законот нека е за сите, а не за поединци!!!
 
Средношколците не учат в понеделник
Средношколците нема да учат в понеделник. Скопскиот градоначалник Трифун Костовски ги одобри барањето на директорите на средните училишта што се наоѓаат на територија на градот Скопје да не држат настава на 30 април. Нивното барање било со цел понеделникот да се спои со празникот 1 Мај.

Училиштата имаат обврска часовите од понеделник да ги одработат во сабота на 5 мај. За оваа одлука е известено и Министерството за образование.
 
Cekajte sea ja malce glupa sum,pa ako moze da mi podobjasnite.Ucime nie u Sk sea ili ne ucime,zasto u Boris nisto ne ni procitaa i samo neformalno slusnavme deka ke se uci i deka mora da se dojde bla bla.Ama ako toa e kazano na tv i odobreno od gradonacalnikot,logicno bi bilo da ne se uci.Ama kako i da e ucime ili ne ucme?Ajdeeee izraduvajte meeeeeee!!!!!!
 
Епа ако треба да го обработат денот во сабота, кај сите школи треба да биде истото а не само за некои.
Каква им е таа одлука не ми е јасно...
 
И охриѓани не учиме за 1ви, па дури ни на 30ти не учиме...:helou:
 
walker_girl напиша:
Епа ако треба да го обработат денот во сабота, кај сите школи треба да биде истото а не само за некои.
Каква им е таа одлука не ми е јасно...
Многу е јасно. Училиштата побарале дозвола, градот им одобрил.
 
Абе мене грешка ми е во насловот! Треба да стои 30 април ај нека поправат модераторите,!
Сепак, ич не фер работа!!!
 
Fantom_oh напиша:
И охриѓани не учиме за 1ви, па дури ни на 30ти не учиме...:helou:
Во Охрид никој нема да учи само ние БРАТСТВО ЕДИНСТВО..... Со Албанци Турци Роми и НИЕ МАКЕДОНЦИ. Изгледа оти е Бартство Единство хаха
 
Значи само училиштата од Скопје ја побарале таа дозвола?

Зошто тогаш од 3 средни школи во Струмица само едно го обработува денот на 30 мај?

Fantom_oh напиша:
И охриѓани не учиме за 1ви, па дури ни на 30ти не учиме...:helou:

:pos: За 1ви сите не учиме. За 30ти е муабетот.
 
Мистичен напиша:
Многу е јасно. Училиштата побарале дозвола, градот им одобрил.
Побарале, тајно и подло бе! Шо ке беше сите училишта да побараат?
 
ПрИтИ_гРл напиша:
Сепак, ич не фер работа!!!
Причините не ги барај во локал патриотизмот и во изјавите од типот на "што се Скопјани, нешто посебно?"
Директорите на училиштата побарале дозвола од градот, кој во согласност со министерството им одобрил 30 април да го одработат во сабота. Побарале - добиле. Тоа е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom