Музички конкурси

  • Креатор на темата Креатор на темата Jordan Rudess
  • Време на започнување Време на започнување

Jordan Rudess

Tonight's the night.
Член од
3 декември 2008
Мислења
412
Поени од реакции
53
Едитирано од модератор:

Во оваа тема ќе се постираат информации за конкурси и се околу нив. Значи нема да се отвараат повеќе теми за да не се трупа форумот.




Почнуваме:

Здраво на сите.. Деновиве слушам дека на А1 тв се припрема конкурс за музички бендови, артисти од најразлични жанрови рок, поп, фолк... со примамлива награда од 10 000 евра. Па сите информации околу конкурсот поставајте ги на оваа тема.
 
Toa не е баш конкурс, туку фестивал во организација на А1 кој ќе се организира летово, на кој во главно ќе настапат имиња од типот на Врчак, ДНК, Бојана, Билбилов, а ете бараат и други композиции, нови лица со нови песни
 
лооооол...можеш некое подетално инфо да дадеш бро?
 
Абре давајте неш инво за ова конкурсот ок?
 
Баш видов во весникот "Вечер", композициите треба да се испратат најкасно до 10ти јуни на festa1@a1.com.mk.
Најдобрите кандидати ќе ги пеат песните на концертот Феста 1, каде специјални гости ќе се ексклузивците од "Република".

Со среќа!
 
Баш видов во весникот "Вечер", композициите треба да се испратат најкасно до 10ти јуни на festa1@a1.com.mk.
Најдобрите кандидати ќе ги пеат песните на концертот Феста 1, каде специјални гости ќе се ексклузивците од "Република".

Со среќа!
Не му е името Фест А1?
Anyway....со среќа на тие што ќе се пријават. Јас сум поминал покрај вакви фестивали, така да не ги пратам.
 
Пишуваше како Феста 1, ама по логика треба да е Фест А1.
 
Пратив песна, ме избраа, отидов, видов договор, си се вратив дома.

Сака некој да ги виде условите за договорот?
 
Пишуваше како Феста 1, ама по логика треба да е Фест А1.

festa300x170.jpg

Мене повеќе ми личи како Фешта 1 (прво издание). :)

Пратив песна, ме избраа, отидов, видов договор, си се вратив дома.

Сака некој да ги виде условите за договорот?

Сакаме да видиме, зошто да не? :)
 
festa300x170.jpg

Мене повеќе ми личи како Фешта 1 (прво издание). :)



Сакаме да видиме, зошто да не? :)

Да не ги скенирам сега, ќе препишам само членови кои баш ме "импресионираат".
Откако на почетокот ги вметнуваш податоците за тебе, дека твоја е песната, продукциски, дека твој е текстот и сл. следуваат 9 членови со по неколку ставки.

Да не ги пишувам сите, ќе издвојам нешто на кратко:

Член 3:
"2: Aдаптација - измени на песната доколку тоа го бараат техничките, услови за снимање, односно програмските потреби за користење."

Член 6:
"Продуцентот, пренесените права со овој договор може да ги остварува сам или да ги пренесува или и дозволува користење од страна на други лица.

Продуцентот е слободен во изборот на методите и техничките процеси за чување и натамошно користење на песната, односно на материјалната подлога на која е ставена песната."

Член 7:
"Со потпишување на договорот, сите материјални права кои за пеачот произлегуваат од песната, кои права се опишани во овој договор, пеачот му ги пренесува на продуцентот без надомест."

Ги видов само другите што беа пред мене како без да го прочитаат ова и без размислување потпишаа. Овде потпишуваш дека не ти плаќаат ништо, а пази, нема одреден временски период и секако:

Член 9:
"Во случај на спор, надлежен за решавање ќе биде Основен суд Скопје 2 Скопје."
 
Млади и талентирани музичари

Млади и талентирани музичари – Јавете се!

4A361534EC2A0A41A57F600849D9B4B7.jpg

Јавна соба во соработка со Zoey Foundation for Arts and Culture распишуваат отворен повик за музичка работилница. На вкупно 20 талентирани музичари ќе им биде овозможено да учествуваат на работилницата, да експериментираат со електроника во живо, компонираат, импровизираат и да изведуваат пред меѓународна публика.

Проектот предвидува конструирање на креативен подиум каде што 10 млади композитори на современа електроакустична музика (студенти по музичка технологија) од Холандија и 10 млади музичари, изведувачи на акустични (може и традиционални) инструменти од Македонија ќе соработуваат и творат заедно.

Програмата се состои од многу неформален начин на учење и компонирање. Надгледувани од професионален кадар младите таленти ќе имаат 10-дневна работилница на разни локации во Охрид. Музичарите ќе бидат охрабрени да комуницираат меѓусебно преку музиката: изведба, импровизација и проби на дадена дневна тема. По завршување на дневните активности, секоја вечер мали перформанси ќе бидат организирани на некое отворено место во градот. Работилницата завршува со концерт во кој ќе имаат удел сите учесници.

Факти

Наслов: Технологијата навлегува во традицијата

Формат: Музичка работилница

Период: 9ти - 23ти Јули 2009

Локација: Охрид, Македонија

Сместување: Студентски дом Охрид

Координатори: Катерина Пејоска и Александар Велиновски

Професори/ композитори: Катерина Пејоска, Jorrit Tamminga , Hans Timmermans и Marcel Wierckx

Критериуми за учество:

Учесници од Македонија

Работен јазик е Англискиот (без превод). Поради тоа се очекува сите учесници да го знаат англискиот јазик (и говорен и пишан).

Од македонските учесници се очекува да поседуваат одлични вештини на минимум еден акустичен инструмент.
Старосна група на учесниците: 18 - 25 години

Профил на учесниците:

Повикот е отворен за музичари кои што се спремни за нови предизвици, односно се заинтересирани да експериментираат со технологија, со електроника во живо, кои сакаат да соработуваат со музичари од друга култура, кои се љубопитни и отворени кон нови предизвици во музиката. Учесниците пред се мора да се добри во импровизирање на нивниот инструмент.

Конкурсот е отворен за сите талентирани музичари и селекцијата нема да се врши според нивното музичко образование. Селекцијата ќе биде направена според горе-наведениот профил.

Трошоци поврзани со работилницата:

Вкупно: 100 евра
Во цената се вклучени предавањата, сместувањето, храната и евентуалните трошоци за превоз низ Охрид.

Потребно

Ве молиме испратете ја вашата Кратка биографија (CV) максимум 15 реда, вклучувајќи ја вашата музичка позадина, досегашни изведби и едукација на следнава адреса: avelinovski@publicroom.org.

За повеќе информации обратете се кај:

Александар Велиновски и Катерина Пејоска
 
nikoj ne go sledi festivalov?

od site 10 ucesnici jas mislam deka darko si zasluzi vlez za u finale..drugiov tip mi e nekako folkerski nastroen..
Ostanatite pesni nekako bea cudni (rap i hip hop ne slusam zatoa nema da gi komentiram)
imase edna tipka od kumanovo..dodusa samo soloto na pesnata vredese donegde..
VO sekoj slucaj ostanuvaat uste 5 veceri pa ne e loso da iskomentirame nesto za festa1..
 
Глеам на некој им се свиѓа фестивалов :) Лошо, стварно лошо, мислам ептен лошо :) Добро бе луѓе, кај со такви песни сакаат слава овие нашиве, шо ви е на вас, како може едно такво шоу да има такфи е***и песни? Кога првпат ја видов рекламата за шоуто мислев дека е нешо добро, за кое вреди да се учествува, но видов што shit e.Зборам као музичар, и како добар познавач на добрата музика. Вакви срања нема на запад. Кој пее дечки песни, кој писка и фалшира, кој не знае да збори, а не па да пее, буквално сите се кој од кој. Шо е тоа бе?
Зошо бе коа веќе бива да даваат 10000 евра за победникот не се направи едно шоу со бендови во кое ќе може да се види кој колку вреди и да се свири во живо, а не да се даде 1000 евра за учество и си потенцијален добитник на 10000 евра :) Кога веќе се дава 10000 евра, тоа да се уложи у нешто добро, нешо шо ќе може да се извлече од пустава Македонија... свестете се малку...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom