Мување низ историјата - од додворување, до што пиеш?
Љубовни писма, барање рака од таткото и пеење серенади под прозорец – некогаш најпопуларните начини за изјава на љубов денес не само што паѓаат во заборав, туку дури и ако ги користите, може да се соочите со потсмев и ’корпа’. Мобилните, интернетот и социјалните мрежи го забрзаа додворувањето и го претворија од долг процес полн со неизвесности во нешто што повеќе личи на нарачка во фаст фуд ресторан. Еве како беше тоа низ историјата:
На ’прастар’ начин
Во времето кога мажите шетаа со парчиња животинска кожа околу интимните делови, браковите се склопуваа така што мажот ќе отидел со ордата пријатели до соседното село и едноставно ќе ја украл невестата. Жената, која немала никакво право на глас, морала да живее со него во неговото село, а кога нејзините поранешни соселани ќе дошле да си ја бараат назад, новопечениот сопруг ја криел за да си ја зачува само за себе. Младенците цел месец пиеле посебен напиток од мед, заради што дошло и до изразот ’меден месец’. Браковите во тоа време биле и договарани, со цел добивање повеќе земја и други користи.
Среден век
Најромантичниот период кој е одбележан со носење цвеќе, рецитирање поезија и кавалерско однесување – средниот век е виновник за сите денешни романтични гестови кои најчесто ги гледаме само во филмовите. Ваквото однесување настанало како отпор на договорените браков, кога луѓето ја сфатиле љубовта во целата приказна. Но, откриената потреба за љубов во бракот не значела дека браковите се склопувале од љубов – се уште се ценела финансиската страна од приказната. Невиноста и честа биле врховни доблести во целиот период. Тогаш е легализирано и женското запросување на мажот, е тренд кој подоцна низ Европа.
Викторијанска ера
Љубовта станува главна варијабла во склопувањето бракови, а додворувањето добива мошне формален облик. Мажот не смеел, дури ниту кога некој ќе го запознаел со младата дама, веднаш да зборува со неа; потребно било да врачи молба да ја испрати дома, а младата дама на крајот на вечерта, откако ќе ги проучела сите понуди, ќе му врачела своја картичка на среќниот господин кој ќе има чест да ја испрати дома.
Додворувањето најчесто се одвивало во домот на девојката, под будното око на родителите, а кога парот би се одлучил да преземе чекор понатаму во својата ’врска’, излегувале надвор да поразговараат без стража. Дури ни запросувањето не било лесна работа, најчесто се испраќало во пишан облик.
Подароци како знак на завет
Во Норвешка и во соседните земји, сите обичаи на додворување подразбирале користење на ножови. Кога девојката ќе стигнела пред мажење, татко и околу појасот и врзувал празна футрола за нож. Потенцијалниот додворувач тогаш и го ставал во футролата неговиот нож, кој потоа девојката го носела како знак дека е зафатена.
Во Англија и САД обичајот на зближување вклучувал лежење в кревет на целосно облечените ’љубовници’, а на девојката краевите на ноќницата и биле заврзани за нозете, за да се осигура дека младите нема пребрзо да преминат на главното.
За Велс било карактеристично подарување лажица што мажот сам ја изработувал, а во Англија знак за запросување биле нараквици кои додворувачот и ги испраќал на потенцијалната сакана, па ако таа ги ставела на неделната миса, значело да го прифаќа запросувањето.
Држење свеќа
Дека свеќите не биле користени исклучиво за светлина, доказ е и оваа приказна. Кога додворувачот ќе дојдел во посета кај младата дама, нејзиниот татко палел свеќа – кога свеќата ќе изгорела, тоа значело крај на посетата. Таткото можел и да ја скрати свеќата, ако не му се допадне момчето.
"Dating"
Поимот кој посебно популарен стана во 20-тите години на минатиот век во САД, кога најважно од се било да се живее во моментот. Ваквиот начин на влегување во врска карактеризирало масовно излегување на состанок со што повеќе кандидати и се повеќе личело на натпревар во популарност.
’Одење’
По Втората светска војна работите се менуваат – сериската моногамија е заменета со вистинска моногамија и традиционални вредности, а целта е да се пронајде ’духовниот сопатник’ со кој ќе основате семејство. Оваа слика на идеално семејство трае до 60-тите години на минатиот век, кога се случува пресврт во размислувањето и жените ја преземаат иницијативата, како во деловниот така и во светот на љубовта.
Што пиеш?
Секоја девојка која барем еднаш излегла в кафич или во диско се сретнала со неизбежниот ’шармер’ кој во облик на течност го нуди своето време и љубов. Не велиме дека е невозможно, но ваквите мисии најчесто завршуваат со корпа, а нешто поретко со црковни камбани. Сепак, тоа е најчестиот начин на додворување денес (ако ги исклучиме најновите Фејсбук додворувања за кои треба да се пишува цела посебна статија), и сепак на вас е изборот дали ќе испиете нешто или не, и носталгично ќе сонувате за времето кога вашиот татко ќе ја скрател свеќата за неприкладниот господин...

24.07.2011