Мултиплекс Склероза

  • Креатор на темата Креатор на темата MortusD
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 јануари 2015
Мислења
55
Поени од реакции
18
Возраст
28
На поголем дел од вас верувам дека оваа болест ви е многу позната, на некои и не толку. Ако имате некоја информација или искуство со ваква болест многу би ми помогнале.
 
Тешко на старите лица односно тие што ги чуваат.

Болните од склероза забораваат кога јаделе,кога вршеле физиолошка потреба,забораваат имиња,лица и истите ги мешаат.
Често знаат да забегаат од точка А до точка Б при тоа да заборават каде била точката А па незнаат да се вратат и се губат.

Накратко кажано тие се карактеристиките на болеста
 
Не склероза, мултиплекс склероза.
 
Sclerosis multiplex е неуродегенеративно, прогресивно и автоимуно заболување и нема врска со склерозата која се јавува кај старите луѓе. Оваа болест ја напаѓа белата мозочна маса, ја уништува миелинската обвивка на аксоните кои се продолжетоци на нервните клетки, со тоа се прекинува преносот на импулсите по нервните клетки Причината за оваа болест е сеуште непозната, но се претпоставува дека генетската предиспозиција во комбинација со надворешните фактори и одредени инфективни агенси ја предизвикуваат болеста. Болеста ја има следнава симптоматологија: диплопија (двојно гледање), слепило, укоченост на екстремитетите, вртоглавица, замор, тешкотии во движење до комплетна одземеност на екстремитетите. Почесто се јавува кај женскиот пол посебно по породување. Нема специфичен лек за лекување на оваа болест иако се употребуваат многу лекови за успорување на симптомите на болеста, како што се: интерферон, имуноглобулини и други.Освен лековите од научната медицина, може да се употребуваат и хомеопатски лекови.
 
Мултиплекс склерозата може да се појави во било кој период од животот, не е ексклузивна за старите лица.
 
Запознаен сум со мултиплекс склероза, пред некое време прочитав пост некаде дека некој што боледувал од таа болест, одел на некои третмани и сега може и да оди и да трчи но мора постојано да оди на третмани бидејќи нема лек,но може да се контролира таа болест. И ме интересира за тие третмани ако знаете да ми кажете
 
@MortusD не знам на кои третмани мислиш. Во лекувањето на оваа болест многу е значајна физикалната терапија.
 
Vaka.neznam kolku bi ti znacelo. Imam poznanicka vo stranstvo. Znan oti bolesta ja narekuvat ,, bolest vo 1000lica. Zatoa sto sekoj den te boli razlicen del od teloto. Tesko za lek ama neznam
 
Блиска роднина моја има, и ја открија пред еден месец на 21 година
Зима некакви лекови секој ден незнам кои се
 
Моја прва братучеда ја доби оваа болест на 26-27 години и сега е во најлоша можна состојба.Слабо слуша,скоро воопшто не зборува,движење само малку со шаките,телото никако,умот одамна загубен,меморијата е застаната на едно место.............

полошо нема

Пробавме со све,и со терапија во костозглобна болница,и на биоенергија во Нови Сад,и операција со матични клетки(многу касно се направи).. и нема ефект.

Прочитав на нет дека причина е запушување на главните вратни артерии што го снабдуваат мозокот со крв,ја снимивме и за чудо се најдоа такви запушувања.Се направи бушење како оние на срце,краткотрајно како да имаше ефект,ама.............

Има едни кинески чаеви `Тијанши`,ги зема еден мој сограѓанин,и знам дека веќе 10 години најмалку како ги зема,а здравјето му е сито.Можи сам да оди пешки по улица исто како и пре 10 години.

Кој знае некој нека пиши било што можи да помогни.
 
Имам две другарки на кои им рекоа дека имаат МС. Едната отиде во странство да се провери и таму и рекоа дека врска нема од МС, а на другата заборавија да и го дадат вториот дел од терапијата.
Иначе втората зема уље од марихуана и инекции што не ми текнува како се викаат, и ќе мора вел живот да ги зема. Од тоа ми кажа дека има грди последици иако помагале многу, ка стега срцето после инекцијата, ка маваат паранои, докторот рекол дека може и самоубиствени нагони да добие. Меѓутоа од 5те црни точки на мозокот, две исчезнале, а другите се намалиле.

Знам дека сето ова лаички го пишав ама толку знам. Како и да е, деф би отишла во странство да се прегледам и да прашам за терапија!
 
Запознаен сум со мултиплекс склероза, пред некое време прочитав пост некаде дека некој што боледувал од таа болест, одел на некои третмани и сега може и да оди и да трчи но мора постојано да оди на третмани бидејќи нема лек,но може да се контролира таа болест. И ме интересира за тие третмани ако знаете да ми кажете

јас имам некој познавања, и она што го знам е дека официјален лек нема/ше до скоро време, но во последнава година има еден третман што официјално е или се одборува од здравствениве организации во светов,колку што знам кај нас мислам се уште не е дојдено до тој степен ама кај да е тука, се очекува, да не речам секој момент. Се работи за Lemtrada.
 
За лек дека не постои не постои но има третмани за контролирање на оваа болест .. и сега зависи се до болеста . Некои третмани неможат да ја намалат болеста .. некои можат . Мој близок роднина е болен од оваа болест и неговите не сакаат да пробуваат некои третмани како што се од пчели и слично. И ме нервираат бидејќи за здравјето се работи јас се би пробал макар и да умрам. Ми требаат некои цврсти докази за тие третмани дали помагаат за да помогнам некако .
 
нема цврсти докази, моментално најоптимистички резултати дава како што пишав Lemtrada, јас читав за успешен случај, мислам беше во Англија некаде.
А што се однесува за тоа дека лугето не сакат да ризикуваат до некаде се во право, јас знам случај кој што не беше толку лош, али од кога почна да ги прима тие мислам се работеше за интерферон или баферон како ли се викаа,имаше негативен ефект, наместо да ја успори ја забрза болеста, од човек кој претходно се движеше дојде до ситуација да не може да стои на нозе. Јас имав контакти со доктор кој што имаше соработка со два експерти во странство кој што работат на оваа проблематика и ми беше кажано дека тој третман кај некој има негативно влијание. На мој совет човекот престана да ги прима тие инекции и за чудо ситуацијата му се подобри, повторно се крена на нозе.

инаку кога станува збор за Lemtrada еве еден да речам позитивен случај
http://www.davidscampathstory.org/experience.html
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom