- Член од
- 29 ноември 2008
- Мислења
- 192
- Поени од реакции
- 22
ME ZACHUDI KAKO OVIA MONASI SE PCUJAT MEGU SEBE ZAREM NE SE NAREKUVAT BOZHJI LJUDI ? Монаси се степаа во манастирот Грачаница
Смената на администраторот на Рашко-призренската епархија - причина за тепачката
ГРАЧАНИЦА - Во манастирот во Грачаница во неделата дојде до судир меѓу поддржувачите на владиката Артемие и владиката Атанасиј. Во манастирот моментно е мирно.
Во портата на манастирот во Грачаница дојде до кошкање на две групи монаси, една, која е лојална на епископот Артемие, и кој вчера привремено беше разрешен од Синодот на СПЦ, и другата, која дојде со владиката Атанасиј што вчера Синодот го постави за администратор на Рашко-призренската епархија. Еден од соработниците на владиката Артемие за агенцијата „Бета“ изјави дека имало кошкање меѓу две групи монаси, но дека не дошло до поголеми физички судири. Како што претходно јави Радио КиМ, групата монаси, поддржувачи на епископот Артемие, предводени од црноречки калуѓери, на капијата на манастирот во Грачаница физички се нафрлиле кон монасите што ја поддржуваат одлуката на Синодот на СПЦ за разрешување на владиката Артемие и именувањето на владиката Атанасиј за администратор на Рашко-призренската епархија.
Според тие наводи, групата монаси што го поддржуваат Артемие се обидела да влезе во манастирот во Грачаница со намера да го заштитат разрешениот епископ. По неколку неуспешни обиди 20-ина монаси предводени од црноречки калуѓери физички се нафрлиле врз монасите, кои ја поддржуваат одлуката на Синодот на МПЦ. Според изворот на агенцијата „Бета“, во манастирот во Грачаница се наоѓаат тројца епископи: Артемие, Анастасиј и владиката липјански, Теодосиј. Но, тие се во одвоени простории и меѓусебно не комуницираат.
Новопоставениот администратор на Рашко-призренската епархија, епископот Атанасиј, во манастирот во Грачаница служеше света архијерејска литургија со што и официјално ја презеде новата должност откако од таа должност беше разрешен владиката Артемие. Истиот извор додаде дека владиците Анастасиј и Теодосиј вчера дошле во манастирот во Грачаница со придружба од неколку монаси од манастирот Високи Дечани и зазеле поединечни канцеларии во епархиската управа. Моментално ситуацијата во манастирот е мирна и го обезбедуваат вообичаени сили на КФОР. Манастирот е отворен за верниците.
Светиот архијерејски синод на СПЦ вчера привремено го разреши владиката Артемие од управувањето со Рашко-призренската епархија, а за администратор на епархијата го одреди пензионираниот епископ Атанасиј (Јефтиќ). По повод одлуката на Синодот на СПЦ за разрешување на владиката Артемие, патријархот српски Иринеј изјави дека е уверен оти СПЦ ќе најде најдобро решение за надминување на проблемот во Рашко-призренската епархија. „Епископот Артемие е добар и честит човек, но работите премногу им ги препушти на другите што го компромитираа“, изјави патријархот Иринеј за ТВ Чачак.
Рашко-призренската епархија вчера на својот веб-сајт, за кој благослов даде и владиката Артемие, оцени дека епископот Атанасиј како администратор во епархијата „спроведува чистки на брутален и безобѕирен начин“. Во соопштението на епархијата се напоменува дека епископот Атанасиј и епископот липјански Теодосиј стигнале во Грачаница само еден час по одлуката на Синодот на СПЦ за разрешување на владиката Артемие. Како што се тврди во соопштението, веднаш почнале со „кршење на бравите и насилно влегување“ во приватните простории на владиката Артемие на „ужас и запрепастеност на монасите што се наоѓаа таму “. Според соопштението на епархијата на литургијата што вчера изутрина во Грачаница ја служеше владиката Атанасиј, присуствуваа само „Србите што излегоа на неодамнешните избори на Хашим Тачи“. (Б-92)
#
Статијата е прочитана 9715 пати.
Испрати коментар
Од: skopskoДатум: 16.02.2010 01:08:06Nemase tepanje.Zatoa predlagam vo pravoslavnite manastiri da se ucat borilacki vestini(kako vo budistickite hramovi)pa ako dojde do tepacka,da ima sto da se vidi.Од: jean luc picardДатум: 16.02.2010 01:54:42ее што дочекавме да видиме. оние коишто треба да ни се пример за смирение и трпение се степаа и пцуеја како да се некои уличари!! ако имаат трошка каење во себе треба веднаш да си ги соблечат монашките мантии и да го напуштат манастирот. очигледно дека одбрале да ѝ служат на својата суета, а не на Бога. Utrinski vesnik