Модови

  • Креатор на темата Креатор на темата krusha03
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 февруари 2006
Мислења
1.500
Поени од реакции
160
Локација
Delft
Имате ли направено некој мод до сега или планирате добрва да направите? Па тогаш зашто да не го споделите вашето искуство и дело со другите на фодумов. Стајте тука нешто што вие го имате направено.
 
Ај еве јас да пишам нешто, не дека ова е некој мод туку корисна работа ако имаш стар CRT монитор, ти грее многу и како мене го оставаш да работи 24/7. Јас ова конкретно го имам направено зашто еднаш од многу висока температура ми се поеба мониторот па го носев на сервис и дадов 1500ден за поправка, па за да не се повтори ова си го направив следново:

Прво и основно си купив еден тивок 12cm вентилатор за куќиште, и како ми се погоди од една фирма Akasa абе не се слуша до него кога ќе дојдеш. После зимаш еден кабел за приклучување вентилатор на molex конектор

picture1cc7.jpg


Го сечеш за да го добиеш ова

picture3xr4.jpg


После ќе најдеш или ќе си направиш еден продолжен molex кабел од други стари кабли (можеш да не сечеш и лемиш да земеш повеќе проложни molex кабли, да ги споиш и тогаш нема потреба да го сечеш и горниот кабел и рипаш одма на крај, ама ќе те кошта повеќе)

picture4dv1.jpg



Значи ги оголуваш двете жици и нормално ги спојуваш земја со земја 12V со 12V

picture6vl4.jpg


Ги изолираш

picture7cl2.jpg


И кабелот од вентилаторот до куќиштето ти е готов. Е сега можеш просто и едноставно да тргнеш една од задните плочки кај PCI портовите или како мене да си направиш нешто вакво:

picture8hm8.jpg


За сполување можеш да употребиш милион и една работа, од спајалици да ги извиткаш во форма на кука до оние гумички што се лепат на двете страни. Како си сакате така. Еве една слика како изгледа на крај

picture9qa3.jpg


Ова ич не е тешко да се направи и мислам дека секој може, е сега знам дека не е убаво ама е корисно зашто на електрониката високата температура и е најлош непријател. Дури и ако не ве заебавал мониторот до сега ви препорачувам да го направите ова зашто ќе му го продолжите работниот век. Температурната разлика стварно е голема може дури и преку 20-30 степени зашто пред тоа рака неможев горе да ставам а сега е онака млакичко. Сликите се со слаб квалитет зашто се сликани од мобилен и плус немав ама баш ич меморија и морав да ја намалувам резолуцијата. Па дечки :toe:
 
Знаеш дека добра идеја е ова..ептен оригинално ти е :)
Ај уште вечер ќе го напраам за секој случај(монитор е не е заебанција)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom