Ај еве јас да пишам нешто, не дека ова е некој мод туку корисна работа ако имаш стар CRT монитор, ти грее многу и како мене го оставаш да работи 24/7. Јас ова конкретно го имам направено зашто еднаш од многу висока температура ми се поеба мониторот па го носев на сервис и дадов 1500ден за поправка, па за да не се повтори ова си го направив следново:
Прво и основно си купив еден тивок 12cm вентилатор за куќиште, и како ми се погоди од една фирма Akasa абе не се слуша до него кога ќе дојдеш. После зимаш еден кабел за приклучување вентилатор на molex конектор
Го сечеш за да го добиеш ова
После ќе најдеш или ќе си направиш еден продолжен molex кабел од други стари кабли (можеш да не сечеш и лемиш да земеш повеќе проложни molex кабли, да ги споиш и тогаш нема потреба да го сечеш и горниот кабел и рипаш одма на крај, ама ќе те кошта повеќе)
Значи ги оголуваш двете жици и нормално ги спојуваш земја со земја 12V со 12V
Ги изолираш
И кабелот од вентилаторот до куќиштето ти е готов. Е сега можеш просто и едноставно да тргнеш една од задните плочки кај PCI портовите или како мене да си направиш нешто вакво:
За сполување можеш да употребиш милион и една работа, од спајалици да ги извиткаш во форма на кука до оние гумички што се лепат на двете страни. Како си сакате така. Еве една слика како изгледа на крај
Ова ич не е тешко да се направи и мислам дека секој може, е сега знам дека не е убаво ама е корисно зашто на електрониката високата температура и е најлош непријател. Дури и ако не ве заебавал мониторот до сега ви препорачувам да го направите ова зашто ќе му го продолжите работниот век. Температурната разлика стварно е голема може дури и преку 20-30 степени зашто пред тоа рака неможев горе да ставам а сега е онака млакичко. Сликите се со слаб квалитет зашто се сликани од мобилен и плус немав ама баш ич меморија и морав да ја намалувам резолуцијата. Па дечки
