ММФ-За пет години крај на ерата на Америка

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.169
Поени од реакции
1.333
Најголемата економска сила го губи приматот



26.04.2011 11:43
mmf-zgrada.jpg

За пет години САД би можеле да го загубат статусот на најголема економска сила на светот а со тоа и „ерата на Америка“ дефинитивно ќе биде окончана и тоа десетина години порано од првичните предвидувања на аналитичарите, пишува „Блиц“.
Тоа значи дека победникот на претседателските избори во САД во 2012. година ќе мора да се соочи со непријатниот факт дека ќе треба да управува со земја која ќе доживее голем „историски“ економски пад.
Ова е прв пат ММФ временски да го одреди незадржливиот напредок на комунистичките сили, но доколку се остварат предвидувањата, тоа значајно ќе влијае на глобалниот однос на силите.
ММФ тврди дека неговите проценки се засноваат на споредување на куповните сили на двете земји.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=137136


http://www.marketwatch.com/story/imf-bombshell-age-of-america-about-to-end-2011-04-25?pagenumber=2
 
Ха, можеби и би било така, кога работите би се одвивале според нечии предвидувања, ама никој со сигурност не може да каже што се може да се случи за 5 години. Тоа е долг период, посебно во денешницава кога за 24 часа има секакви изненадувања. Факт е дека Кина е во подем, како што е познато и дека кај развиените западни општества не е се најсјајно. Но има најразлични начини да се влијае врз светската или регионалната економија - политички кризи, војни, економски блокади, во безброј варијанти. Не се само САД загрозени од галопирачкиот економски и воено-политички подем на Кина. А и самата Кина може да има сериозен ривал во Индија (чиј потенцијал не е за потценување), која се развива на сличен начин како што тоа го прави најбројниот народ на светот. Да видиме, ако сме здрави и живи, што ќе се случи во нареднава деценија. Како што реков, се е можно.
 
Тоа значи дека победникот на претседателските избори во САД во 2012. година ќе мора да се соочи со непријатниот факт дека ќе треба да управува со земја која ќе доживее голем „историски“ економски пад.
Тој намерно и смислено ќе ја води во таа насока исто како и неговите претходници.
 
SAD vo blisko vreme ce go kreva limitot na drzavniot dolg, galonot za prvpat im e 4.06$ i se e poskapeno. Im cadi situacijata.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom