MkLeaks - Викиликс Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Eddie_rebel
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
73947573.png


Наместо како досега досиеата за соработниците на тајните служби да се доставуваат пред куќи, еве можност анонимно да се стават на Нет и со тоа да бидат видливи за граѓаните на Р. Македонија. Се работи за новиот македонски сајт MkLeaks кој иако не е докрај среден, (бета верзија) сепак е функционален.

MkLeaks е направен по урнек на WikiLeaks од група на македонски ентузијасти, а некои од нив веројатно и ги знаете од форумов :)

Според креаторите на сајтот и самиот Џулијан Асанж е информиран за MkLeaks и ја имаат неговата подршка.

На сајтот можат анонимно да се објавуваат документи поврзани со процесот на лустрација, за корупција, незаконско работење, тајни договори, дипломатски извештаи, кршење на човековите права... Првенствено поврзани со Р. Македонија.

За тоа колку MkLeaks ќе биде успешен во тоа за што и е наменет ќе зависи и од она што граѓаните на Р. Македонија се спремни да го споделат со остатокот од граѓаните.

Ако темата не е за овде се извинувам, нека се префрли или припои.
 
Не се заебавајте со вакви работи, посебно не кога ни сами не знаете што правите.
Во купот грешки ќе ви набројам само 3, останатите сами најдете ги кога веќе сте се нафатиле на работава.
1. Сајтот е хостиран во Македонија. Да не речам глупо, ама ептен аматерски е сајт на кој би се објавувале тајни документи за Македонија, да биде хостиран во Македонија.
2. Копија од пораката што ви ја праќам ќе добијам на мојот мејл? Што е ова, барање за повеќе информации за душекот што сакам да го купам од вас?
3. Јазикот чоече, јазикот. мозе, њеб, Одете толку далеку, колку што можете да видите, и кога ќе стигнете таму, ќе бидете во можност да видите и подалеку...

И да, веќе реков да не се заебавате.
 
Интресно интресно, па ќе видиме што ќе излези.....
 
Онлине со Бета верзија на њеб страната.

Јеа, шур. За џабе купен домен, искрено :)
 
Ако се објави една статиа од било што, кое содржи тајна содржина или пак некаков друг документ, тогаш веќе за 1 саат сопственикот на сајтот ќе гние во затвор. :)
 
Добро е тоа што се направило таков сајт, само не знам колку замав ќе земе кај нас. Кој би објавил информации? Ако имаа информации некои доверливи, сега и самите политичари ќе ја соопштија јавноста за да дојдат/останат на власт. Ама тешко такво нешто... А и ако дојде до објавување на некоја доверлива информација, сигурно ќе има притисок врз тебе или кој и да е основач на сајтот и ќе си каже он кој му ги пратил информациите. Можете да видите што се случува со Асанж, а кај нас има од прва да те стрелат. :)
 
Некој е гладен за слава или несмасна шала...искрено се надевам дека компетентни луѓе се нашле зад ова,но со ваков наш трендашки менталитет чисто се сомневам.
 
Дечки, не е финта да ставите готов формулар за контакт, па уште да барате име, презиме и меил на испраќачот. Целиот процес на испраќање доверливи документи, од почеток до крај треба да биде 100% анонимен. Ова чудо во моментов е се` освен анонимно. Wikileaks не е само полиња од формулар и копче за испраќање. Во позадина има еден куп безбедносни сертификати и tor јазли кои гарантираат дека нема некој да ги пресретне податоците кои се испраќаат, или нешто со чија помош би се идентификувале самите испраќачи.

Чисто сумњам дека Асанж химселф (или некој друг кој има "извршна власт" во Викиликс) дал поддршка за сајтот/организацијата во оваа форма.

Другото веќе го покри Принц..
 
Значи секој може да фалсификува документ и да ви го испрати!?

I smell Epic Fail!
 
Не ми е јасно зошто толку се палите на Викиликс! Феноменот Викиликс е повеќе од јасно, помија на кујната во Вашингтон. Да беше поинаку, Асанж до сега барем 10 пати ќе го снемаше, заправо воопшто и не ќе се кренеше врева околу негу. Вака, многу успешно се вртат очите на светската јавност од официјалната јавна но и тајна дипломатија и меѓународна политика на Чичко Сем :drk:
 
Oops! Google Chrome could not find mkleaks.mk

Толку беше од страната или мене нешто ме заебава ова?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom