Митот за романтична љубов

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
Прво мислам дека треба да сте најдобри другари и да има разбирање и после се ќе има и љубов и милион глупости со неа што следи.
 
Не знам за турските серии...не ми изгледа ниедна серија реалана и затоа не ги гледам. Но љубов не постои, барем не таква каква што ние си ја представуваме. А, романтиката е предигра за секс.
 
Еве нешто за романтичната љубов од научна гледна точка. Биолошкиот антрополог Хелен Фишер заедно со своите колеги-научници спровеле студија во врска со состојбата на мозокот во однос на љубовната состојба. Интересно е што таа напоменува дека љубов постои и меѓу животните и дека ниту тие не се водат единствено и само од инстинктот за репродукција и продолжување на видот.

http://www.ted.com/talks/lang/eng/helen_fisher_studies_the_brain_in_love.html
 
1.„Љубов на прв поглед“
2.„Љубовта е слепа“
3.„Љубовта се победува“
4.„Љубовта е вечна“
5.„Љубовта е најбитна“

1. Постои физичка привлечност на прв поглед. Кој знае со каква дроља или каков клошар си имаш работа кога ќе сфатш кој е. Нека и пристапи одма чим ја види нека од чиста мира му акне колено у муда,па нека ја сака уште.

2. Во секој момент ти ''гледаш'' со кого си имаш работа. Ако единката е слепа ондак и љубовта е.

3. Кажи му го тоа на Трајче наш кога браќава го фатиле дека иде со Албанка и му ги изместиле сите коски.

4. Како беше она на Ајнштајн-само вселената е вечна и човековата глупост. Али за вселената не бил сигурен.

5. Е тоа да им го кажат на Сомалијците што ги лазат муви, кај што не виделе вода и храна.
 
VXKXe.jpg
 
постои љубов за оној што ја почуствувал.....оние што велат не постои најверојатно никогаш не ја почуствувале...па како тогаш за нешто што не сте го почуствувале можете да кажете дали постои или не..можно е и цел живот да останат без да ја почувствуваат и навистина ми е жал за нив.....а што е тоа љубов...не верувам дека и најгоолемиот филозоф може да објасни.....
 

Мислам дека времето ја убива љубовта колку и да биде голема или пак човек едноставно се менува со текот на времето (мислам и на физички промени).
Оние кои постојано се поклонуваат на романтична љубов, а без да имаат вистинска љубов во својот живот всушност се манипулатори и имаат скриени мотиви и болни амбиции кои ги поистоветуваат со други свои најчесто егзистенцијални потреби. Љубовта започнува само во мигот (ако е невозвратена мигот може да трае целиот живот) но може да заврши и за миг ако се рационализира или планира. Љубовта не е за пресметливи луѓе што калкулираат со неа, ја злоупотребуваат, се повикуваат на неа кога ќе почувствуваат дека се осамени и оставени на заборавот на времето. Љубовта не е за луѓе што ја ставаат на некоја своја листа на остварена цел. Љубовта не е за луѓе што се трговци со сопствениот морал и ја ставаат љубовта на второ место веднаш зад нивната кариера. Љубовта е ирационална и невротична потреба, или ќе се случи во мигот или ќе исчезне во мигот, љубовта не може да се одложи за некои подобри времиња зашто таа се случила само во одреден миг под одредени околности. Љубовта не е романтична ако некој постојано мечтае за неа, не превзема ништо да ја реализира и чека од небо да падне и ја посакува фанатично и само фантазира дека за неа се би сторил, а ништо не прави, зашто љубовта е само збор, а оној што треба да се љуби е жена од крв и месо, жена со свои доблести и маани, жена што љуби и сака да биде љубена . . .
За мене романтична љубов не е мит, таа е реалност . . .
Романтична љубов е кога со девојка ми се љубиме дури и со поглед, кога моите мисли стануваат нејзини и обратно, кога го препознавам мирисот на нејзиното тело дури и во моите мисли, кога нејзината прегратка ми дава моќ да помислам дека можам да го освојам целиот свет ако појдам во поход да го одбранам нејзиното достоинство, кога заедно сме пливале голи во ноќта низ големо водено пространство и само месечината била сведок за нашата игра, кога заедно сме биле на лов на дивеч, кога ќе ми дојде некој другар на гости таа знае да направи шопска и да седне со нас да пие ракија и да прави муабети за фудбал, кога ме сака и покрај тоа што имам пивски стомак и никогаш не ме навредува и не ме фрустрира туку ми дава мотив да тренирам и да ослабнам, кога поради мојата импулсивност но и вечна заложба за следење на сопствениот инстикт и интуиција јас сепак сум нејзина утеха и кога го истепав нејзиниот шеф на работа бидејќи ја плеснал по задникот и ја малтретирал и кога ја отпуштија од работа и кога немаме ебан денар, кога се гушкаме по цел ден и заеднички се справуваме со секојдневните проблеми, кога не излегуваме по кафиќи и кафани затоа што една бесплатна прошетка низ паркот е поскапоцена од најскапиот ручек во најскапиот ресторан и кога знаеме дека љубовта на крајот победува без разлика на се . . .
Љубовта е романтична само во миговите поминати заедно во животот и затоа пред љубовта и боговите молчат. :cool:

p.s. малку се помачив за овие мои мисли во ова рано утро
 
Ме замисливте со темава рано посабајлечки.
Според мене, романтичната љубов постои и може да постои се додека не се идеализира и поистоветува со одреден шаблон претходно виден. Мислам на оние од типот на “ваков треба да биде дечко ми за да биде вистинскиот за мене“, “јас го чекам принцот на бел коњ“ “треба ова и ова да го направи за да почувствувам дека е вистинскиот за мене“ “романтична љубов е кога... бла бла“ итн. Чисти глупости. Нема шаблон за идеален дечко/девојка, па нема ни шаблон за романтична љубов.
Секоја врска е различна, па така и секоја љубов е различна на свој начин. За некого е романтична прошетка во паркот, за некого е романтична вечера со свеќи. На некого му е доволна една реченица за да го промени мислењето и да се заљуби, на некој му треба одреден период поминат со една личност. Се е до самите нас. Лично јас верувам во една таква романтична љубов бидејќи ми се случила, односно и сеуште ми се случува. И неа не ја прават големи работи, туку ситници. Држењето во прегратки пред заспивање, прегратките при секоја нова средба, цврстите прегратки кога е најтешк... погледите што значат повеќе од милион зборови, погледи низ кои можеш да го прочиташ тој којшто е до тебе... Инстинктивните нешта што ќе се направат, инстинктивните зборови што ќе се кажат, насмевката што може да се изнуди од другиот иако низ лицето му течат солзи, тоа е она што може да го направи љубовта. И да, доколку е вистинска и доволно силна, ништо не може да ја сруши.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom