Мисијата Фобос-Грант

  • Креатор на темата Креатор на темата Human
  • Време на започнување Време на започнување

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.562
Поени од реакции
5.246
Мисијата Фобос-Грант е Руска мисија, која треба да ја врати Русија во истражувањето на длабоката вселена. За жал, мисијата тргна наопаку. Моторите кои требаше да го исфрлат леталото од Земјината орбита не се активирале, што е доста невообичаено, имајќи предвид нивниот успех во минатото. Сега леталото е заглавено во земјината орбита и со секој изминат ден, губи висина и ако не успеат да ги рестартираат моторите, леталото ќе падне на Земјата.
Опасното е, што ова летало содржи гориво кое е исклучително штетно за здравјето на луѓето. Кога пред некое време, паѓаше Американски сателит, кој содржеше дел од горивото што го има на Фобос-Грант, сателитот беше соборен од Американските сили за да не предизвика материјална штета и човечки загуби.
Овојпат опасноста е далеку поголема. Леталото тежи преку 13 тона (многу потешко од сателитот што падна на крајот на септември) и содржи делови кои би го преживеале топлинскиот удар поминувајќи низ атмосферата. Особено моторите што не се активирале, а содржат гориво, кое требаше да биде искористено.
Русите имаат рок до 21 ноември да ја спасат мисијата. Во спротивно, се затвора прозорецот за лет кон Марс. Ако не успеат, се очекува леталото да се сруши неколку дена подоцна.

Мисијата Фобос - Грант требаше да слета на еден од сателитите на Марс, сателитот Фобос, да остави еден сателит во орбита на Марс и да врати примероци од Фобос на Земјата, што преставува една од најкомплицираните и најтешки вселенски мисии воопшто.
 
На некој начин ова е и добро бидејки подобро уште одма да ми се уништи мисијата и за во иднина да ја подобрат отколку да загллавел сателитот на пат назад или уште полошо ако останел таму...
 
Марс е црна дупка за Русите, последниве 50 години имаат испратено 20 сонди и сите со сериозни технички проблеми. Па Русија реши да си ја испроба среќата со Фобос-Грант
Амбициозно безпилотско летало,,,,,,,и ,,,,,,,,,,,,,пак проблем
тешки денови за Русите,,,со оглед на тоа колку милиони се фрлени во игра,
не верувам дека мисијата ќе биде спасена :(
 
До каде се, има некој информации ?
 
До каде се, има некој информации ?

Се претпоставува дека после исфрлањето на првата фаза, некој дел ја блокирал антената, преку која леталото може да прими команди од Земјата.
Исто така, се претпоставува, дека причината заради која не се активирале моторите е рестартирање на компјутерот?

http://www.thespacereview.com/article/1968/1

Горивото на леталото е доста опасно по човековото здравје. Бидејќи целото гориво е неискористено, преставува голема опасност, ако леталото падне во населено место.
Засега не се знае точно кога ќе падне, ни каде.
--- надополнето: Nov 14, 2011 1:37 PM ---
Марс е црна дупка за Русите, последниве 50 години имаат испратено 20 сонди и сите со сериозни технички проблеми. Па Русија реши да си ја испроба среќата со Фобос-Грант
Амбициозно безпилотско летало,,,,,,,и ,,,,,,,,,,,,,пак проблем
тешки денови за Русите,,,со оглед на тоа колку милиони се фрлени во игра,
не верувам дека мисијата ќе биде спасена :(
Едноставно Русите немаат среќа со Марс.

Овој истиот мотор, што не се активира, успешно ги однесе неколку Европски мисии во длабоката вселена.

Мисијата не е многу скапа, доколку ја споредуваме со некои други мисии, но штета доколку не отиде до Марс... а преставува и потенцијална закана на Земјата.
Ова е само вовед (па бил и неуспех) во истражувањето на вселената во наредните години за Русија.

Останатото, продолжва според распоредот. :)
 
Мисијата е евтина само 170 милиони долари, ;)

Русите се надеваат дека сепак ќе проработи,,,но надежта не значи и успех,
 
Мисијата е евтина само 170 милиони долари, ;)

Русите се надеваат дека сепак ќе проработи,,,но надежта не значи и успех,
Па добро, ако ги земеме пример... пример САД им плаќаат 350 милиони годишно на Русите за превоз на Американски астронаути...
Едно лансирање на сега пензионираниот шатл чинеше скоро 500 милиони долари.
Развојот на вселенскиот телескоп Џејмс Веб досега чини 8 милијарди долари!

Инаку, според она досега.... мали се шансите да ја вратат мисијата во живот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom