^
Зошто ги мешаш Евреите како нација во сето ова ?
Хитлер бил Австриец по националност, но станал диктатор на Германија, праќал германски војници во војна, а злосторствата на СС, на СА и на Гестапо ги вршеле исклучиво Германци, па сепак не гледам некој да ги колне Германците или Австријците како нација поради Втората Светска Војна, Холокаустот и ред други злосторства.
Инаку, по Втората Светска Војна, и САД и СССР вработувале германски научници кои пред и за време на војната работеле за Хитлер и нацистите, првите советски балистички ракети биле базирани на германските V и V2 ракети, НАСА должи огромен дел од своите први успеси на германски научници кои од Германија биле преселени во САД за да вршат истражувања за потребите на САД, а претходно работеле за Хитлер и нацистите, па сепак не гледам некој да се жали поради тоа.
Па и самиот Алберт Ајнштајн бил германски Евреин, кој избегал од Нацистичка Германија во раните години на нацистичкиот терор и прогонувањето на Евреите од страна на Хитлер и нацистите, учествувал во реализацијата на Проектот Менхетен, чиишто производи се Малото момче - атомската бомба која била фрлена врз Хирошима, и Дебелиот човек - атомската бомба која била фрлена врз Нагасаки, па сепак не гледам некој да се жали за сето ова.
Никој не се жали од наједноставна причина, бидејќи иако овие луѓе се виновни затоа што создале оружја за масовно уништување, сепак, ако владите за кои овие луѓе работеле воопшто не би им ги дале алатките со кои ја вршеле својата работа, тие оружја можеби никогаш и не би биле создадени.
И за Иран важи истото.
Сегашниот тоталитаристички режим кој владее во Иран не ја ужива довербата на сите Иранчани и без разлика какви злосторства веќе спровел и спроведува тој режим или ќе ги спроведе во иднина, вината за тие злосторства ќе остане исклучиво врз тие кои ги вршеле тие злосторства, врз тие кои ги поддржувале, како и врз тие кои ги наредиле истите, а не врз целиот ирански народ.
Така да, те молам, не мешај одредена нација како главен виновник за одредени злосторства, слободно спомни ги злосторниците со име и презиме, со партија, секта, идеологија, но не ги поистоветувај со цела нација или со цели нации.