Министерско економично затоплување

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Возраст
71
Министерско економично затоплување

( Каде се 4 милиони денари? )

Деновиве весници се преполни со изјави на еден меѓу жените особено популарен Министер, кој се фали дека за затоплување на Клиничкиот центар само за месец февруари 2014 се заштедени 140 илјади евра. Според негово кажување тоа е постигнато со гасификација, односно наместо мазут сега се кориси гас и затоа се постигнати вакви успеси.

Неговата изјава ја пренесоа бројни весници и еве како ја пренесе Денешен

http://denesen.mk/web/2014/03/05/so...iot-centar-zastedeni-povekje-od-140-000-evra/

Тој наводно рекол:

„- Овој капитален проект, кој го промовиравме во ноември 2013, досега овозможи големи придобивки за здравствените установи, бидејќи со овој начин на затоплување на објектите се заштедуваат значајни износи финансиски средства. За илустрација, во месец февруари 2013 година за затоплување се потрошени 20 цистерни мазут, кој чинел 20.135.571 денари (по 1 цистерна мазут на ден), а по спроведената гасификација на Клиничкиот центар, во февруари 2014 година за затоплување се потрошени 398.750 m3 гас, во износ од 11.475.347 денари. Јасна и евидентна е разликата од 8.660.224 денари, појасни Т. “

Сите знаете дека „ ме бива “ за математика и направив мали пресметки

Заштедите кои наводно се постиgнати во проценти изнесуваат

11.475.347 : 20.135.571 = 0,57, што значи заштедата е 43%

Гасот е поефтин од мазутот но не за толку проценти и тоа ме изнанади и продолжив да пресметувам

Еден килограм мазут чини 40,698 денари. Килограм мазут содржи 12 KWh. Значи еден KWh топлина добиена од мазут чини: 40,698 денари : 12 KWh = 3,39 денари за еден KWh

Еден нормален м3 гас чини 28,7783 денари. Еден м3 гас содржи 9,5 KWh. Значи еден KWh топлина добиена од гас чини: 28,7783 денари : 9,5 KWh = 3,03 денари за еден KWh

Значи гасот е навистина поефтин но не за 43%, туку за 3,03 : 3,39 = 0,894 односно за 10,6%

Се замислив, од каде му се овие заштеди, па продолжив да пресметувам:

Тој тврди дека порано се трошеле 20 цистерни мазут, кој чинел 20.135.571 денари.

Една цистерна има 20 тони мазут, па може да се пресмета

20 цистерни * 20 000 кг мазут * 40,698 денари = 16. 279. 200 денари ( значи 4 милиони помалку од колку што тој тврди. Прашањето е каде се овие 4 милиони. )

А за гасот вели дека оваа година се потрошени 398.750 m3 гас, во износ од 11.475.347 денари

Ако се пресмета 398.750 m3 гас * 28,7783 денари = 11 475 347денари ( значи овде добро пресметал ).

Ако се пресмета колку топлина изразено во KWh е потрошено:

Минатиот февруари потрошени се 20 цистерни * 20 000 кг * 12 KWh = 4.800.000 KWh

А овој февруари 398.750 m3 гас * 9.5 KWh = 3.788.125 KWh

Изразено во проценти овој февруари во однос на минатиот, помалку е потрошено 3.788.125 : 4.800.000 =0,79 или 21%. Значи за повеќе од 1/5 им го намалиле греењето на болните.

Со други зборови болните мрзнеле а Министерот се фали дека заштедил

И додека ова го пишувам се подсетив на една песна која Бранислав Нушиќ ја напишал како ученик во основно училиште. Песната гласи:

Мрзнемо се на математики,

Мрзнемо се на физики,

А директор шаље школска дрва својој свастики.

Кога директорот ја слушнал оваа песна, се наљутил и почнал да вика: Не е точно, не е точно, не е точно....,

Не се вели математики, туку математици... Не се вели физики, туку физици... Не се вели свастики, туку свастици...

Прашањето е каде се овие 4 милиони кои повеќе се платени за мазут во февруари 2013?

Ве молам само духовити одговори!
 
Да не ти се мешам во математиките , ама тука земаш фиксно дека еден килограм мазут има толку и толку енергија која ја претвораш во топлина. Ако одиме по твојата логика тогаш со еден литар бензин или дизел два различни модели на автомобили со иста снага на мотори нема да поминат исто километри. Дури и два исти автомобили со исти мотори но различен режим на возење нема да поминат исто километри.
Мислам ми ја сфати компарацијата и што сакам да кажам.
 
Еве го повторно истиот:
Сега тврди дека заштедил 40 милиони денари на затоплување на клинички
И планирал во Клиничкиот центар, да се изгради когнеративна централа
http://kurir.mk/makedonija/vesti/18...n=Feed:+kurir/makedonija+(Курир+-+Македонија)

Со изградбата на оваа когенеративна постројка, комплексот клиники ќе добие сопствен, независен извор на електрична и топлинска енергија, односно самите ќе си ја произведуваме електричната и топлинска енергија неопходна за функционирање на комплексот клиники „Мајка Тереза".

-Со изградбата на оваа постројка, имаме направено проценка дека ќе заштедуваме дополнителни 10 милиони денари годишно, а овие средства, како и сите останати кои ги остваруваме како резултат на заштеди, ќе бидат инвестирани за подобрување на севкупниот здравствен систем во државата.

Сакам да истакнам дека изградбата на когенераторската постројка ќе биде со воспоставено јавно-приватно партнерство, при што критериумот за доделување на договорот за ЈПП на приватен партнер ќе биде најниско понудена цена за топлинска енергија и електрична енергија испорачана од котлара/когенерација изразени во проценти од постојната цена.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom