GUSAR-VMRO
МАКЕДОНИЈА ЗАСЕКОГАШ!
ВМРО-ДПМНЕ денеска ја почна акцијата за собирање на потписи со кои бара од министерките за правда, Мери Младеновска - Ѓорѓиевска и за надворешни работи, Илинка Митрева, како и од вицепремиерката Радмила Шеќеринска, да го вратат накитот што им го подарил министерот за здравство, Владо Димов.
"Со петицијата планираме да собреме 55.000 потписи, по еден потпис за секој денар потрошен за купување на накитот", изјави денеска Влатко Ѓорчев, члена на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој соопшти дека собирањето потписи, со кое воедно се бара и оставка на министерот Димов, ќе се одвива пред градските аптеки и во центарот на Скопје, во соработка на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Ѓорчев денеска и симболично го стави првиот потпис на петицијата пред една од градските аптеки во центарот на Скопје, со што беше и промовиран плакатот за оваа намена со наслов "Вратете го накитот купен со народни пари".
"За граѓаните на Македонија парите со кои е купен накитот се многу. Еден таксист за да ги заработи треба да помине 11.000 километри, една хигиеничарка треба да работи шест месеци, а еден земјоделец треба да ожнее 600 килограми пченица", изјави Ѓорчев на прес-конференцијата одржана претходно.
Тој повтори дека "парите од здравството се трошат ненаменски во време кога целото здравство, вработените и пациентите се наоѓаат пред колапс".
Одговарајќи на новинарско прашање, Ѓорчев рече дека неговата партија немала никакви контакти со Демократската унија за интеграција (ДУИ) во насока на коалицирање на претстојните парламентарни избори. "Наш традиционален партнер е Демократската партија на Албанците", потенцира Ѓорчев.
ИЗВОР: МИА