Мини бодибилдер

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин


[07.03.2012 - 13:58 часот]
Сподели 13
Џејсон Овен (30) кој се занимава со бодибилдинг работи како обезбедување во англиски барови во Есекс и Суреј, а висок е 137 сантиметри и може да крене товар кој е двапати потежок од него.
Во теретаната "Pinks Gym" во Суреј вежба единствениот англиски бодибилдер од низок раст. Џејсон Овен е познат под прекарот "Мини Арни", по својот херој и пример Арнолд Шварценегер. Тој е висок 137 сантиметри и тежок 69 килограми, а на "бенч" може да крене тежина која е двапати потешка од него.
article-2111205-120db973000005dc-776634x439.jpg

"Килограм по килограм и излегува дека сум најсилниот во теретаната", вели Овен кој поминува четири часа вежбајќи. Тој се придржува и кон строг режим на исхрана.
За појадок јаде житарици и шест јајца, а во текот на денот следуваат четири оброци на пилешко, брокула и ориз. Јаде храна богата со протеини со цел што е можно повеќе да ги "напумпа" мускулите.
"Ме нарекоа "Мини Арни", бидејќи имаме слична фризура. Тој е моја инспирација", изјавува Овен кој работи како обезбедување по клубови.
article-2111205-120db91b000005dc-341634x629.jpg

"Луѓето често ме исмејуваат кога ќе ме видат на вратите. Често на крајот од вечерта исфрлам некој преку рамена, па се чудат колку сум силен", додава Овен.
Иако сеуште нема победено на натпревар во бодибилдинг, напорно работи да го оствари тоа.
"Го сакам бодибилдингот и момците во теретаната ме третираат еднакво како и сите останати. Некои ми кажуваат дека сум им инспирација.
Сеуште немам победено на натпревар, но се надевам дека наскоро ќе победам.
Се случува да ми пристапат и девојки, но поголемиот дел од нив бараат совети како да ја намалат телесната тежина", изјавува Џејсон.
article-2111205-120db8f3000005dc-991634x431.jpg
 
мини ко хтц дизајр
 
Од нашите вратари од дискотеките се разликува само по тежината.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom