- Член од
- 22 декември 2007
- Мислења
- 1.457
- Поени од реакции
- 376
Ментални калкулатори се луѓе кој што можат да прават математички пресметки на памет, неверојатно брзо. За истите такви пресметки да ги изврши обичен смртник ќе му треба дигитрон, или барем лист и хартија и многу повеќе време. Некој мислат дека оваа способност е поврзана со генијалноста. Но, ако се види кој се ја имал оваа способност очигледно е дека нема правило. Оваа способност ја имале на пример Џон фон Нојман, конструктор на првиот компјутер и физичар, но и еден Џед Бакстон кој што бил само циркуска атракција. Некој од нив биле само мали деца.
Еден од најинтересните случаи е оној од 19 век на Зера Колберн, син на американски фармер. Откако татко му ја открил способноста кај неговиот син, почнал да ги прикажува неговите способности по панаѓури и циркуски представи. Зера имал само шест години. Два четвороцифрени броја можел да помножи моментално (За дел од секунда). За поголеми бројки му требало нешто повеќе време. Кога од него е побарано да помножи 21734 со 543 тој моментално одговорил 11801562. На прашањето како тоа го пресметал шестгодишниот Зера одговорил: 543 е еднакво на 181 х 3. 21734 го помножил прво со 3, а потоа со 181. Но сето ова за дел од секунда??????
Денес интересен случај на ментален калкулатор е оној на, францускиот студент Алексис Лемар кој поставил нов светски рекорд во ментално пресметување успевајќи за помалку од 50 минути да го најде 13-от корен од 200 цифрен број! До бараниот резултат - 16 цифрен број - водат преку 400 милијарди комбинации а на Лемар му биле потребни 48 минути и 51 секунда.
Кај нас ваквата спсобност ја има Јонче Дигитронче, чија способност за брзо пресметување доста често е прикажувана по нашите телевизии.

...но еднашка згреши....но како имаат таква моќ да пресметуваат на памет многу брзо...