Медицински прегледи

Линеарен акцелератор

Линеарниот акцелератор најчесто се користи за радијационен третман на рак. Исто така линеарниот акцелератор се употребува за стереотактичка хирургија слично како гама нож, за тумори во мозокот.


Линеарниот акцелератор најчесто се користи за радијационен третман на рак. Исто така линеарниот акцелератор се употребува за стереотактичка хирургија слично како гама нож, за тумори во мозокот. Линеарниот акцелеретор може да се употребува и за карциноми во други делови од телото. Акцелераторот доставува униформна доза на високо-енергетско рентген зрачење во туморот. Овие рентген зраци ги уништуваат канцер клетките а го поштедуваат околното нормално ткиво. Линеарниот акцелератор се употребува и за радијациона терaпија со модулиран интензитет.

Принцип на работа


Линераниот акцелератор користи микробранова технологија (слично на радар) за забрзување на електроните, овој процес се одвива во еден дел на акцелераторот наречен „водич на бранови“, кој ги насочува електроните за судирање со препрека од тежок метал. Како резултат на овој судар од препреката се ослободуваат високо-енергетски рентген зраци. Дел од овие зраци се собираат и оформуваат за формирање на радијационен сноп, пулсно зрачење кон туморот на пациентот. Овој радијационен сноп излегува од акцелераторот преку еден дел кој ротира околу пациентот. Пациентот лежи на подвижен кревет и со ласери се осигурува правилната позиција на пациентот. Радијацијата може да биде насочена кон пациентот од секој агол, со ротирање на делот кој го испушта радијациониот сноп и движење на креветот.

ec73b230881746f2ad6555f894959037.jpg

Соодветната доза и траење на третманот ја одредува онколог, специјалист за лечење карциноми додека дозиметристот и медицинскиот физичар го пресметуваат времето кое е потребно за да се даде целата доза на зрачење. Радијациониот терапевт управува со акцелераторот и го води дневниот третман на зрачење на пациентите.

Безбедност на пациентот


Безбедноста на пациентот е на прво место. За време на третманот, терапевтот постојано го следи пациентот преку монитор. Исто така има микрофон во просторијата на пациентот така да пациентот може да зборува со терапевтот доколку тоа е потребно. Рентген снимки кои се добиваат со третманот се користат регуларно за да се осигура дека патеката на радијациониот сноп е според претходно направениот план.

3b040181272e4b52909bc9b176d67693.jpg
Линеарниот акцелератор бара посебни просторни услови-посебна просторија со ѕидови со олово и многу бетон за да се спречи излегувањето на високо-енергетските рентген зраци надвор од просторијата за зрачење. Радијациониот терапевт управува со акцелераторот од соседна просторија. Бидејќи акцелераторот произведува радијација само кога е вклучен шансите за несакана изложеност на радијација се минимални. Така и на бремени жени (терапевти) им е дозволено оперирање со акцелератор.


Модерните машини имаат и систем за внатрешна контрола, кој обезбедува додатна безбедност така да машината нема да се вклучи се додека не се постигнат сите параметри препишани од онкологот.

Квалитетната контрола на линеарнот акцелератор е многу важна. Постојат неколку безбедносни системи вградени во самиот акцелератор, со кои се обезбедува правилното дозирање, според дозите препишани од онкологот. Секое утро пред да започне третманот, терапевтот користи еден дел наречен трејсер со кој се проверува дали интензитетот на радијацијата е ист во целиот сноп. Подетални проверки се прават секоја недела и месец.
 
Mnogu pati sum prisustvuvala na zracenje so linearen akcelator, i mnogu dobra rabota e,bidejki ne se zraci u zdravo tkivo, tuku zrakot e nasocen samo kon tkivoto so rak.Pacientite se oblelezuvaat so specijalni markeri po teloto za pri sekoj nareden tretman da se zraci egzaktno istiot zabolen areal. Inaku spravata e prilicno komplicirana za upotreba i sekogash se potrebni minimum 3osobi za rakuvanje so istata, ama ima nevideni rezultati.
 
Еднашка кога бев у Белград на Онкологија, пошо таму специјализираше мајка ми, и сум видел вакви апарати.., луѓето премногу добро се опремени, и точно е ова за линеарниот акцелатор, ептен е мн тежок за ракуванје, е сега не знам какви се овдека кај нас ваквите или слични апарати, али таму веќе почнуваат да минуваат во полуавтоматика на работење со ваквите апарати., нешто како у принцип на роботика,..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom