Медицински прегледи

Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Локација
Скопје
Постојат....


Електрокардиограф (EКG)


ЕКГ е тест кој ја мери електричната активност на срцето. Срцето е мускулен орган кој ритмично се контрахира и ја пумпа крвта низ телото. Електричните импулси кои го тераат срцето да се контрахира, да работи, потекнуваат од синоатријалниот јазол (кај нормално срце), кој е природниот „пејсмејкер“ на срцето.

f5075a81552f41f8861a3305c5b99b9b.jpg


4a90d90432bf45f0bfb04ef9f1f6a385.jpg

Спроводен систем на срцето

При изведување на ЕКГ тестот, електричните импулси кои настануваат како резултат на срцевата контракција се снимаат и запишуваат на трака од посебна хартија. Електрокардиограм е всушност записот од ЕКГ на хартија и според тој запис се анализира состојбата на срцето.
b779cfbd30ae4b8b803f3030e868a3c1.jpg


Примена на ЕКГ


ЕКГ е рутински тест, кој се изведува како прв тест по лекарскиот преглед во дијагностицирање на срцеви болести. Со ЕКГ се одредува брзината на работата на срцето (удари во минута, фрекфенција), ритмичноста на работата на срцето, но и инфаркт на срцето, воспаление на срцевата обвивка (перикард-перикардитис), зголемување на срцевиот мускул-хипертрофија (како резултат на покачен крвен притисок или други состојби), ангина пекторис и голем број на други состојби. ЕКГ е незаменлив во откривање на некои состојби како на пример аритмии. Поради тоа што ЕКГ е сосема безбеден, безболен и ефтин тест, тој често се користи и кај здрави лица како скрининг тест. Од друга страна наодот од ЕКГ може да биде нормален и при постоење на тешки срцеви болести како на пример во најраната фаза на акутен миокарден инфаркт, може да биде нормален иако има стеснување на коронарните артерии и појава на градна болка при напор ( ангина пекторис), или да биде нормален кај пациент кој се жали на чувство на неправилна работа на срцето, а кај кој со други испитувања (24 часовен Холтер мониторинг) се открива аритмија. Затоа наодот од ЕКГ секогаш треба да се интерпретира заедно со резултатите од другите испитувања и пред се со лекарскиот преглед.

Изведба на ЕКГ


4d7a2c269a7d439d945df4b689fca406.jpg
Поради малата големина на ЕКГ апаратот и честата употреба на ЕКГ тестот во секодневната пракса, тестирањето се изведува во општа амуланта.

При изведување на тестот, пациентот лежи на грб и се поставуваат ( се „залепуваат“) електроди кои на траката даваат 12 посебни записи (одводи); 6 електроди се поставуваат на кожата на градите и по една на кожата на десната рака, левата рака и десната и лева нога. Тестот е безболен и откако ќе се постават елктродите трае помалку од една минута. По тестирањето, електродите се отстрануваат.

ЕКГ е измислен од Willem Einthoven, во 1901 година и иако има претрпено доста промени во днос на првобитниот изглед, сепак суштината и основниот принцип на работа е ист.

4566f2b8f1e0438db53d876f14f4aeea.jpg
 
Електроенцефалограм (EEG)

Дефиниција

ca58a7625b5441eb8c71c31d7a4682d1.jpg

Електроенцефалографија е неврофизиолошко мерење на електричната активност на мозокот и се изведува со помош на електроди кои се поставени на скалпот или во специјални услови субдурално или во церебралниот кортекс (кората на големиот мозок). Резултатот од електроенцефалографија се пренесува во вид на криви, на посебна хартија и тие криви гo претставуваат електричниот сигнал од голем број на неврони во мозокот.


e80345fb85fb4ed2809370ff53e46208.jpg


ebc099eb338e4487931f4395c1e55a92.gif


ЕЕГ често се користи за изведување на истражувања затоа што е неинвазивна, безболна метода и ЕЕГ се изведува за откривање на проблеми во мозокот преку следење на електричната активност, со тоа што извесни активности, како зборување даваат промени во електроенцефалографот-феномен кој се користи и како фидбек метода. ЕЕГ има висока временска резолуција, ги детектира промените на електричната активност во милисекунди.

0169b06d62854cfd974226008822f17c.jpg
ЕЕГ ја снима електричната активност на мозокот, но не чита мисли и не мери IQ.

Мозочните клетки-неврони комуницираат меѓу себе со електрични сигнали и ЕЕГ ги мери овие елктрични импулси.
Значи ЕЕГ примарно ја мери електричната активност на големиот мозок, поточно на кората на големиот мозок.

Кората на големиот мозок е изградена претежно од неврони и е одговорна за изведување на највисоките мозочни активности, како говор, размислување, памтење и свесни движења на телото. Активноста на кората е регулирана од две структури кои се сместени подлабоко во мозокот - таламус, кој носи сигнали од сензорните органи до мозокот и една друга структура-ретикуларниот систем-голема мрежа на неврони кои ни праќаат сигнали кога да спиеме и кога да се разбудиме.


1b24096569f04bd7a41bb5e465d342cf.jpg



Електричната активност на овие структури е примарниот фокус на ЕЕГ.

Изведба на тестот


Невроните комуницираат меѓу себе со слаби електрични импулси. При изведба на ЕЕГ електродите се поставени на скалпот и ги снимаат овие електрични импулси над различни делови на мозокот.

webcontent%5C4b7512734bc44ab4a66cd59172b20e50.jpg
c37a9139344945d59a7e52b1d2e0d128.jpg


Тестот бара посебни просторни услови и се изведува обично во болнички услови. Обично пациентот лежи на грб или седи во тек на испитувањето.

342b21f76a1a4081af612dbc485745e3.jpg


Се поставуваат 16 до 25 електроди на различни позиции на скалпот на главата. Овие електроди се поврзани со жици за амплификатор и апарат кој ја снима електричната активност. Апаратот кој ги снима електричните сигнали ги конвертира во серии на линии, кои се исцртуваат на хартија, која се движи во текот на снимањето. Во текот на снимањето потребно е пациентот да лежи мирно со затворени очи, затоа што секое движење се регистрира и влијае на резултатот.
Можно е во текот на тестот од пациентот да се побара да дише подлабоко или побрзо неколку минути или да гледа во светло.

5f6eadaf524e46a9ad0850ce956e4965.jpg
03ba70773d814445b8a013895d7d495c.jpg




Подготовка за тестот


Потребно е пациентот да ја измие косата ноќта пред изведбата на тестот. Не треба да се употребуваат било какви спрејови, гелови и сл. на косата пред изведување на тестот.
Без консултација со лекар, пациентот не треба да престане со лековите ниту да земе нови пред тестот. Потребно е да се избегне секаква храна која содржи кофеин 8 часа пред тестот. Понекогаш е потребно пациентот да спие во текот на тестот.Тестот не е болен ниту неудобен. Иако поставените електроди на главата можат на пациентот да му изгледаат чудно, тие само снимаат активност и не предизвикуваат никаква сензација (чувство).

Индикации


ЕЕГ примарно се употребува за дијагноза на конвулзии,епилептични нарушувања, епилепсија како и за нарушувања во спиењето, кома, и за утврдување на мозочна смрт кај коматозни пациенти. ЕЕГ не може да одреди интелегенција и да дијагностицира ментална болест.

Конвулзивни нарушувања
ЕЕГ е главниот тест во дијагнозата и одредувањето на зоната на нестабилни импулси при епилепсија. Со ЕЕГ може да се дијагностицираат и многу ретки епилептични синдроми и исто се користи за процена на ефикасноста на анти-конвулзивната терапија, која се користи за лечење на епилепсии.

Енцефалопатии
Енцефалопатија е секоја болест која ја оштетува мозочната функција, како Паркинсонова болест или церебрална парализа. Енцефалопатии можат да бидат предизвикани и од болести на бубрезите, црниот дроб или од болести на метаболизмот, инфекции и тн.

Ступор и Кома
Ступор се дефинира како намалена реактивност, реакција на дразби, додека кома е дефинирана како никаков одговор на надворешни дразби (пациентот не се буди, или ако изгледа буден не реагира на околината). Иако со ЕЕГ може да се утврди мозочна смрт, исто така може да се откријат и знаци кои укажуваат на добра прогноза кај пациент во кома.
Во минатото ЕЕГ имало поголема улога во дијагностицирање на мозочни повреди и мозочни инфаркти., но денес со комјутерска томографија и магнетна резонанца ретко се употребува за тие индикации.

Време потребно за добивање на резултатите


Анализата на ЕЕГ речиси секогаш се изведува од страна на невролог, поради комплексноста на самата метода и обично се потребни неколку дена за добивање на резултатите. Колку време ќе треба за да се добијат резултатите зависи од достапноста на невролог. Од друга страна, итно ЕЕГ кај коматозни пациенти обично се анализира брзо и резултатите се достапни за 1 час од завршувањето на тестот.

fde46ed5379245fab4bc3727f221695b.jpg
088ba8b340f7491d8b1729a11bc3005c.jpg

Безбедност на тестот


Тестот е многу безбеден. Кај пациенти со епилептични симптоми, може во текот на исптувањето да се провоцират напади со светилка или со хипервентилација, но затоа тестот се изведува во болнички услови и има обучен персонал, кој интервенира соодветно доколку се случи епилептичен напад кај пациенти со епилепсија. Кај пациенти кои немаат епилепсија, истите провокации немаат никаков ефект во смисла на појава на епилептични напади.


610015232f874c6a954c89b0746d6133.jpg
 
Рентгенографија

Радиографија, Рентген снимање


Рентгенографијата е најчесто користената дијагностичка процедура за добивање на слика на внатрешноста на телото. Најчесто изведуван преглед е рентген на граден кош, со кој се добива слика на срцето, белите дробови, дишните патишта, како и на ребрата и дел од рбетниот столб. Исто така многу често се користи за снимање на коските, особено при повреда со цел да се дијагностицира или исклучи скршеница(фрактура) на коските.

6e222bd6fe16412b90b8acc5760b6ad6.jpg


Рентгенографијата е безболна, неинвазивна метода која има непроценливо значење и е од огромна помош за лекарите со цел за добивање на дијагноза на голем број заболувања. Рентгенографијата подразбира изложување на телото на мала доза на јонизирано зрачење за добивање на слика на внатрешноста на телото. Рентгенографијата е најстарата и најчесто користена метода за добивање на слики на внатрешноста на телото.

Употреба на рентгенографија-Индикации


Рентген снимањето е речиси секогаш првиот чекор, првата морфолошка метода со која се добиваат слики од внатрешноста на телото. Ова особено важи за рентген снимањето на градниот кош.
Рентгенографијата на градниот кош обично е првата визуелизациона метода за поставување на дијагноза при следниве симптоми:
  • недостаток на воздух
  • долготрајна, тешка кашлица
  • болка во градите или повреда на градниот кош
  • покачена телесна температура, треска
Лекарите го користат оваа испитување за поставување на дијагноза или за следење на ефектите од лечењето на следниве болести:

35aa4374581d417c901e2eaf4e6b8cb3.jpg


  • пневмонија (воспаление на белите дробови)
  • срцева слабост и други срцеви болести
  • емфизем
  • белодробен кацином (рак)
  • при повреди на градниот кош.
Подготвка на пациентот за изведување на снимањето


Рентген снимањето не бара посебна подготвка на пациентот, што го прави особено погоден при итни состојби.

Најчесто од пациентот се бара да ја соблече облеката од делот од телото кој ќе се снима, како и да го извади накитот и други метални објекти за да не пречат на снимањето.

Жените треба секогаш да го информираат нивниот лекар доколку се бремени или се сомневаат на бременост. Многу прегледи од ваков вид не се изведуваат кај бремени жени бидејќи зрачењето може да биде штетно за фетусот. Но доколку снимањето е неопходно, се преземаат мерки за да се минимизира озрачувањето на бебето.

Изглед на рентген апаратот


Апаратот за рентген снимање се состои од еден дел кој личи на кутија и во кој е поставен рентген филмот или специјална плоча која ги снима сликите дигитално и рентген цевка која ги спроведува рентген зраците.

d8fa227dc8614efe9e887d9ce1d2775f.jpg
ad019c0f601647868109c290cba8f440.jpg


Опремата може да биде поставена на таков начин да рентген цевката се наоѓа над кревет на кој пациентот лежи во текот на процедурата.

3077f96f3c704b339e70cd87c1d819e9.jpg

Рентгенографијата е безболна процедура. Наодите од рентгенографијата ги анализира рентгенолог и резултатите се добиваат речиси веднаш по завршувањето на прегледот или во текот на истиот ден. Самиот преглед трае кратко, најчесто неколку минути.

582637e55bc34b79a364cadf9e63408f.jpg


Предности на рентгенографијата


  • По изведувањето на снимањето во телото на пациентот не останува никаква радијација.
  • Рентгенографијата обично нема несакани ефекти.
  • Рентген опремата во однос на поновите методи, КТ и МР е ефтина и многу подостапна, така да прегледот може да се врши и амбулантски.
  • Бидејќи рентгенографијата е брз и ефтина, таа е особено корисна при ургентни, итни состојби.
Ризици

  • Секогаш има мала шанса за оштетување на клетките од зрачењето, но овој ризик спореден со користа од снимањето е многу мал.
  • При рентгенографијата се користат најниските дози на рентген зрачење. Зрачењето кое се добива при рентген преглед одговара на 10 дневна изложеност на зрачење од надворешната околина.
  • Но жените треба секогаш да го информираат нивниот лекар доколку се бремени или се сомневаат на бременост.
a73faba650804686a9dfceb7794a7e72.jpg
 
Ехотомографија ( Ултразвук, Сонографија)

Ехтомографскиот преглед користи звуци со висока фрекфенција, кои преку посебна сонда се насочуваат кон одреден дел од телото. Преку истата сонда се регистрираат одбиените звучни бранови и врз основа на разликата од упадниот сноп на ултра-звучни зраци и одбиените зраци се добива слика на внатрешните органи и структури на телото. Звучните бранови се праќаат во телото со трансдусер, кој е сместен во сондата. Сондата се поставува врз кожата, над делот од телото кој се испитува, врз кој претходно се става слој од гел за подобар контакт на сондата со кожата. Звучниот сноп кој се праќа преку трансдусерот низ телото се одбива од внатрешните структури како „ехо“. „Ехото“ се враќа до трансдусерот и се пренесува до мониторот. По прегледот гелот се отстранува. Ехотомографскиот преглед е безболен и досега се изведени огромен број на студии во однос на безбедноста од неговата примена и не е откриен никаков несакан ефект.

Поради фактот дека ехотомографскиот преглед не бара посебни просторни услови, нема штетно зрачење, тестот е безболен и е релативно ефтин во однос на компјутерска томографија и магнетна резонанца, многу често се употребува. Најчесто ехотомографскио преглед го изведува специјалист од одредена област, на пример интернист, но сепак во голем дел од развиените земји истиот го изведуваат и општи лекари.

Примена


eac9a5c6d5464f2f8deee134e0ac8d8e.jpg
Ехотомографскиот преглед може да се употреби на различни делови од телото за различни состојби. Најчесто се изведува за преглед на стомакот, срцето и градниот кош, крвните садови, за следење на бременост, но и за преглед на зглобовите, преглед на мозок кај бебиња, преглед на окото, преглед на простата и тестиси кај мажи, преглед на дојка и тн. Исто така доста често се употребува за водење и следење на одредени интервенции како на пример вадење на течност (аспирација) од градниот кош и од стомачната празнина.

Особено е корисен за преглед и прецизно мерење на срцевите структури, за утврдување на болести на срцевите залистоци („шум“ на срце) но и за дијагноза и следење на болести како хронична срцева слабост, состојби после миокарден инфаркт и тн.

Исто така ехо-прегледот често се користи за преглед на стомакот, особено за преглед на жолчното ќесе и за дијагностицирање на камења во жолчното ќесе, преглед на бубрези и дијагностицирање на камен во бубрези, преглед на црн дроб, слезина како и на големите крвни садови во стомакот- аорта и вена кава, преглед на матка и јајници кај жени, простата кај мажи и тн

e811ebf5f65d423db868bb8af0ac21d2.jpg


Ехо-прегледот рутински се користи и за преглед на тироидна жлезда и преглед на дојка.
За време на бременоста се користи ехо-преглед за утврдување на големината, полот, движењата, позицијата и растењето на бебето.

811e7a2ca62e405495cffd0ae592e547.jpg

Срцето на бебето обично се гледа рано во бременоста. Ехо-прегледот е важен и често користен метод за следење на бременоста. Новите ехо-томографи имаат можност за 3-D визуелизација на бебето.

df82ba8c8fbf43a38f499acb5e417bbb.jpg




Подготовка за прегледот

Подготовките кои се потребни за изведување на ехотомографски преглед, од страна на пациентот се минимални. Општо, доколку е потребен преглед на внатрешните органи, како жолчното ќесе на пример, се бара од пациентите да не јадат и пијат течности (со исклучок на вода) 6 до 8 часа пред прегледот, затоа што храната и некои течности како кафето на пример доведуваат до стегање на жолчното ќесе и со тоа жолчното ќесе не може добро да се визуелизира при прегледот. Исто така при преглед на можен меур и простата потребно е пациентот да се воздржи од мокрење утрото пред да се изврши прегледот, за да можат подобро да се визуелизират мочниот меур и простата.
Кај бремени жени, се препорачува земање на повеќе течности пред прегледот, со цел да се исполни мочниот меур и со тоа да го олесни прегледот.

Изведба на прегледот


49d4ba34765d49efac569e36a9bb3adb.jpg
Во Македонија, прегледот се изведува најчесто од специјалист од одредена област, најчесто од страна на радиолози, интернисти и уролози. Самиот ехо-апарат не бара посебни просторни услови.


При прегледот пациентот обично лежи на грб, но во зависност од потребите на испитувањето испитувачот може да побара од пациентот да се заврти на бок, да седи и сл. Пред изведување на прегледот на испитуваниот дел од телото се става гел за подобар контакт на сондата со кожата и со тоа добивање на подобра слика. Прегледот е комплетно безболен и неговото траење варира, но најчесто трае од 10 минути до пола час. Во текот на прегледот можат да се отпечатат слики од испитуваниот орган или прегледот да се сними на CD.

5208007de0944005a5823e9471e3867a.jpg
Постојат и поспецифични ехотомографски испитувања кои обично ги изведува субспецијалист од одредена област, како на пример преглед на каротидните артерии, ехо-преглед на срце, ехо-преглед на срце со добутамин (фармаколошки стрес-тест) итн.
 
Доплер на срце и крвни садови

Со помош на Доплер, кој најчесто го има на новите ехо-апарати, се мери протокот на крв низ крвните садови, се мери дебелината на ѕидот на крвните садови со што може да се одреди степенот на атеросклероза и протокот на крв низ срцевите шулини.
040e3385465f4395a8b8ac36e816573b.jpg


Доплер најчесто се изведува заедно со ехосонографскиот преглед и е комлетно безболна и безбедна процедура, без несакани ефекти и без јонизирачко зрачење.

Принципи на функционирање


Ехосонографијата и Доплерот се засновани на употребата на ултразвук.
Ултразвукот се емитира од сондата на ехо-апаратот и се одбива од структурите на телото, на пример при преглед на срце - срцевите структури одбиваат дел од снопот назад кон сондата која ја анализира разликата и на основа на тоа се добива слика.

9494bb92f30e46e98ca4fffedd5cf8e7.jpg

Бидејќи брзината на ултразвукот е многу голема се добиваат неколку слики во секунда (најчесто 24) со што можат реално да се следат подвижни структури, како срцето на пример.

Доплерот функционира на ист начин и сликата може да биде прикажана во боја (Колор Доплер) или во сива скала ( пулсирачки или континуиран Доплер).
Така со Доплер може да се прати протокот на крв и брзината на проток на крв.

Примена


Со помош на Доплер можат се прегледаат артериите на нозете, на рацете, на вратот и на главата како и стомачните артерии и срцето. Испитувањето на артериите секогаш се изведува и на десната и на левата страна од телото, така да лекарот може да го спореди наодот од двете страни.
e091119b0dd34f6dbfb57a7438ec4d52.jpg

Васкуларна сонда.

b772d8fc19714c6b9b2a3b7850899d08.jpg
За Доплер испитување на артериите на нозете, пациентот лежи на грб или стои и прегледот започнува на ниво на стапалата и продолжува нагоре, се мери протокот на крв низ артеријата на ниво на колено и на ниво на препони (феморална артерија).

Доплер прегледот на артериите на рацете започнува од горниот дел на рацете, на ниво на градната коска и продолжува надолу.

Прегледот на артериите на вратот започнува со преглед на артерија субклавија, која е гранка на аортата и продолжува со испитување на каротидните артерии.

Од артериите на главата се испитува темпоралната артерија, но само при посебни индикации (темпорален артритис).
Резултати


Лекарот со помош на Доплер и ехосонографија може да ги виде ѕидовите на артериите и нивната содржина како и брзината на проток на крв низ артериите. Лекарите главно ги испитуваат следниве елементи со Доплер:
  • Присуство на атеросклеротични плаки на артериите
  • Мерење на крвниот проток во артериите.
  • Испитување на стеснување на артериите
  • Анализа на ѕидот на артериите.
  • Визуелизирање на пречка во артеријата, на примет тромб
Со Доплер лекарот добива целосна слика за оштетувањата на различни артерии.

48e032d37b3547e5abb2052599f8046a.jpg


65a9c1d605914125867f68e2b496a816.jpg


Еден од основните елементи во Доплер испитувањето е утврдувањето на некаква пречка во артеријата која го оневозможува протокот на крв низ неа. Степенот на опструкцијата на протокот, на затнувањето на артеријата е многу важен елемент во однос на идната терапија.

Од друга страна, кардиологот со ултразвук и Доплер на срце може да ги испита сите структури во срцето.

Така при прегледот се снимаат контракциите на срцето; кардиологот бара зони на срцето кои се контрахираат послабо од другите делови, или проширување на делови од срцето или задебелување на ѕидот на срцето.

e27e28332d70451194443cf1b8c69430.jpg

Приказ на срце со 4-те срцеви шулини


Многу важен дел од прегледот е секако испитувањето на срцевите залистоци, каде со помош на Доплер се утврдува правилната функција на залистоците.
Обвивката околу срцето, перикардиум, исто така се испитува со Ултразвук. Со помош на Доплер можат да се пресметаат притисоците во срцевите шулини, како и во белодробната артерија.

Сета тоа го прави овој безболен, брз и безбеден метод еден од најважните и најчесто употребуваните дијагностички методи.
 
Гастроскопија

Гастроскопијата е често изведувана процедура со која се овозможува директна визуелизација на внатрешноста на гастро-интестиналниот тракт (хранопровод -езофагус), желудник и дванаесетпалачно црево (дуоденум) со помош на гастроскоп кој е флексибилен, совитилив инструмент . Денешните гастроскопи ги пренесуваат сликите електронски додека постарите типови со помош на фибер-оптички систем.

Гастроскопија е иницијална процедура за потврдување на рефлуксен езофагит (рефлуксна болест), потврда на чир на желудникот и дуоденумот, но и за карцином на желудникот и хранопроводот.

Прегледот се изведува со ендоскоп, во случајов наречен гастроскоп. Има форма на цевка, долг е околу 100 см, со дијаметар од 9 мм. Во внатрешноста на гастроскопот се наоѓа оптичкиот системи и рaботен канал( преку кој по потреба се зема биопсија или се сопира крварење во хранопроводот или желудникот), на врвот се наоѓа камера и светло со што е овозможена дирктна виуелизација.

72a129fa55fd4045a330ee1bb7d1ea4e.jpg

Изглед на опрема за гастроскопија



Примена на гастроскопија

Гастроскопијата се применува при многу состојби. Покрај тоа што со гастроскопија се врши детален преглед на слузокожата на хранопроводот, желудникот и дуоденумот и можат да се откријат воспаление, чир, стеноза (стеснување) на хранопроводот, исто така доколку има потреба може да се отстрануваат полипи (бенигни тумори), да се сопре крварење, на пример при „прскање“ на чир на желудник и да се земе примерок од слузокожа (биопсија) за понатамошно испитување.

f5bdd76be54e45629cc5224fea3b1daf.jpg
1b4339c878ea4095b7b3d75985114675.jpg
082e5faa065a46f79009b1ec6a852550.jpg
1. Езофагит ; 2. Стеноза на езофагус; 3. Рак на езофагус


Припрема на пациентот


Пред прегледот пациентот не смее ништо да јаде и пие. Со тоа ќе се овозможи задоволителна визуелизација но и ќе се избегне повраќање во текот на процедурата.

Изведба на гастроскопија


aae0ea76cb214685b030f2fa2b0103b3.jpg
Гастроскопот е мека, совитлива цевка, која се спроведува до желудникот преку уста. Ова обично трае 5 минути и обично се изведува со истовремена интравенска ( преку инфузија) седација. Алергиските реакции кон овие седативи се ретки. По изведбата на процедурата, пациентот доколку примил седатив (средство за смирување), не треба да управува со моторни возила се до наредниот ден.

Гастроскопијата се изведува во болница, како амбулантска процедура, односно пациентот не се хоспитализира за изведба на гастроскопија. Обично, доколку пациентот примил средство за смирување треба да остане уште 3 часа по процедурата во болница.

7215e0f24bc04108a4be3d62be911dc0.jpg

Изведба на гастроскопија




Алтернативи на гастроскопија


Контрастно рентген снимање со бариумова каша на хранопроводот и желудникот дава слични податоци во однос на откривање на улкуси (чир) и дргуи абнормалности; снимањето е безболно и не бара седација но сепак гастроскопијата дава многу подобар, подеталн увид во реалната состојба, особено за болести кои се во рана фаза и кои можат да не се видат со бариумова каша.

Комликации


Гастроскопијата и покрај тоа што е непријатна за пациентите, сепак е многу безбедна; комликации најчесто се јавуваат при интервентни процедури како дилатација (проширување) на стриктури (стеснувања) на хранопроводот, отстранување на полипи и сл.

Компликации кои најчесто се јавуваат:
  • Преосетливост кон лековите кои се даваат за смирување
  • Перфорација (пробивање, пробушување) на ѕидот на хранопроводот, желудникот или доденумот.
  • Инфекција на вратот, градите или стомачната празнина по перфорација (пробивање) на некој од органите за варење.
  • Крварење-доколку се оштетат крвните садови, но најчесто по отстранување на полипи.
  • Белодробни инфекции како резултат на повраќање или аспирација (вдишување) за време на процедурата.
  • Срцев удар, срцев арест ( застој) и проблеми со дишењето (многу ретко).
Се преземаат сите мерки за да се минимизира ризикот од комликации. Постојат начини за рано откривање и следење на појавата на овие компликации. Многу ретко може да се јави потреба од хоспитализација, хируршка операција, хранење преку инфузија или трансфузија на крв. Иако може да дојде и до смртен исход од компликации при дилатација на езофагус (проширување на хранопровод), сепак тоа е екстремно ретко.

Посебни мерки на претпазливост се преземаат доколку пациентот:
  • има тешка срцева, белодробна или бубрежна болест
  • има дијабетес
  • има СИДА или намален имунитет
  • има лимфом, или прима хемотерапија
  • има заболување на срцевите залистоци, пејсмејкер и сл.
  • има вештачки, имплантиран зглоб
  • многу лесно крвари или зема лекови против згрутчување на крвта како аспирин на пр.
  • има алергија кон лекови
  • доколку е пациентка при бременост, или сомневање на бремен
 
Бронхоскопија

Бронхоскопијата е инвазивно испитување со кое се прегледуваат дишните патишта, дишникот (трахеа), главните бронхуси, и помалите бронхии со помош на посебен инструмент-бронхоскоп. Со бронхоскоп можат да се испитува и грлото (ларингс) со гласните жици. Најчесто бронхоскопија се изведува за дијагноза и отстранување на страно тело во дишните патишта ( најчесто кај децата), за испитување на нетипична инфекција (туберкулоза на пример), рак или некоја друга абнормалност.

da26f61fa15d46e4a1a7afc37f0807b1.jpg

Но бронхоскопијата ( ригидна бронхоскопија) исто така може да се користи за
сопирање на масивно, големо крварење од белите дробови, како ургентна метода.

Бронхоскоп

276309707f014968ac2b056857954473.gif
Постојат два типа на бронхосопи-ригидни (несвитливи) и флексибилни (свитливи). Најчесто употребуван е флексибилниот бронхоскоп и тој претставува свитлива цевка со дијаметар околу 2,2 милиметри за деца и поголем за возрасни. Бронхоскопот се внесува преку носот или преку устата во дишните патишта.Оваа свитлива цевка содржи фибер-оптички систем на чиј врв се наоѓа камера и осветлување. Светлото патува низ фибер-оптичкиот систем и ја осветлува внатрешноста на дишните патишта. Сликата видена на врвот од бронхоскопот се пренесува низ фибер-оптичкио систем назад до видео камера и можат да се прават слики од прегледот или целиот преглед може да се сними на диск.

Со помош на бронхоскопија лекарот може да ја види внатрешноста на дишните патишта и истовремено да земе материјал доколку е потребно или да извади страно тело од дишните патишта.

92cd1c640aca40e8b9ecf33e8595d8a3.jpg


Понекогаш бактериите се населуваат длабоко во белите дробови и тешко се пронаоѓаат и идентификуваат. Овој материјал може да се добие со промивање на дишните патишта со физиолошки раствор-бронхеоалвеоларна лаважа. Лекарот инјектира мала количина на физиолошки раствор низ бронхоскопот и потоа ја аспирира истата течност назад преку работнио канал на бронхоскопот и овој материјал се праќа во лабораторија на испитување.

Изведба на бронхоскопија


При закажувањето на прегледот од особена важност е пациентот да го информира лекарот доколку зема лекови кои ја спречуваат коагулацијата на крвта-аспирин, Плавикс и сл; овие лекарства треба привремено да се прекинат 5 до 7 дена пред изведувањето на бронхоскопијата.

Изведбата на бронхоскопија не бара посебни просторни услови, но бидејќи се работи за инвазивна метода, истата се изведува во болнички услови од страна на специјалист кој е посебно обучен за изведба на бронхоскопија.

cb8e750b64944790ae6ffaf897738368.jpg


На пациентот му се поставува венска линија (инфузија) преку која се даваат лекови за смирување, пациентот се поврзува за монитор преку кој се следат виталните функции како срцева фрекфенција и крвен притисок. На пациентот му се даваат лекови за инхалирање со кои се анестетизираат дишните патишта со што се спречува рефлексот за кашлање. Потоа се анестезираат и носната лигавица и грлото. Бронхоскопот се спроведува преку носот или преку устата до ниво на гласните жици каде се испушта локален анестетик за анестезија на гласните жици и потоа бронхоскопот се спроведува преку душникот (трахеа) до дишните патишта. По завршување на процедурата, бронхоскопот се извлекува. По процедурата пациентот е буден но поспан заради лековите за смирување.

Несакани ефекти


Најчести несакани ефекти се:
  • Болка во грлото
  • Поспаност
  • Кашлица со крвав искашлок (обично доколку е направена биопсија).
  • Чувство на сува уста и грло
  • Кашлица
Некои од овие несакани ефекти можат да траат и до 8 часа по процедурата. Доколку овие симптоми не се подобруваат или се влошуваат, пациентот треба да се обрати за совет кај лекарот.

Поради лековите за смирување и анестетиците кои се даваат во текот на бронхоскопијата на пациентот му се забранува јадење и пиење најмалку 3 часа по бронхоскопијата, како и управување со моторно возило или изведување на други активности кои бараат потполна концентрација 24 часа по бронхоскопијата.

2943c74d090b4772a3a1c9f9281ab31b.jpg


b99c9639441c415eaf032f837f76d732.jpg
Позиција на бронхоскоп во дишникот (рентген снимка)

Траење на процедурата


Самата процедура (заедно со поставување на инфузија, седација) трае околу 45 минути. По изведувањето на процедурата, обично се чека пациентот да биде потполно свесен. Иако лековите кои се даваат се со кратко дејство сепак при бронхоскопија на бебиња, тие обично го преспиваат остатокот од денот. Целата процедура обично трае до 4 часа во болница.

Ризици


Флексибиланата бронхоскопија е релативно безбедна дури и кај мали деца и бебиња. Но сепак можни се комликации, од кои најчеста е покачена температура по процедурата, која обично се симнува со парацетамол. При изведување на биопсија можно е крварење по процедурата. Можна е појава на пнеумоторакс- собирање на воздух околу белите дробови кој доведува до колапс (собирање) на белите дробови и доколку е многу изразен потребно е поставување на цевка преку градниот кош за да се извади овој воздух и белите дробови повторно да се рашират. Кај некои пациенти потребно е давање на кислород во тек и по процедурата.
 
Коронарографија

Коронарографија се изведува со цел да се види проодноста на артериите кои го снабдуваат срцето со крв, коронарните артерии; основниот принцип на коронарографијата е инјектирање на контраст кој преку крвните садови доаѓа во коронарните артерии, со што тие стануваат видливи со рентген снимање. Коронарографијата буквално значи рентген на коронарните артерии; за изведување на коронарографија се пунктира артерија, најчесто артеријата на ногата, во пределот на препоните или артерија на раката и преку артеријата се спроведува катетер преку кој ќе се инјектира контрастен материјал, видлив со рентген зрачење, директно во коронарните артерии.

webcontent%5C3966f472a223497baaa1b2983e07e57a.jpg
webcontent%5Cc61729cb29f84cffb9277a6b00b98412.jpg
Крвни садови на срцето - со црвена боја - артерии; со сина боја - вени

Прегледот е релативно безболен и трае од 15 до 20 минути; резултатите се добиваат веднаш. Доколку се установи пречка во протокот на крв низ крвните садови најчесто на коронарографијата се надоврзува стентирање (поставување на стент со кој се овозможува нормален проток на крв низ коронарните крвни садови).

Ризикот од процедурата е релативно мал, околу 3 до 5 компликации на 1000 изведени прегледи; компликациите најчесто се од масивен, голем миокарден инфаркт (срцев удар) до мозочен удар и емболуси во периферните крвни садови. За изведба на коронарографија потребни се посебни просторни услови, посебно обучен персонал (субспецијалист-кардиолог) и се изведува во болнички услови. И покрај релативно малиот ризик, сепак коронарографијата е инвазивна метода и се применува само кога е неопходно потребна; од друга страна истата има непроценливо значење, особено при инфаркт на миокард (срцев удар).

Опис на процедурата


webcontent%5C12bb74047efc4c6bba63e9e07d90ae39.jpg


Процедурата подразбира воведување на контрастен материјал во коронарните артерии, со што тие ќе станат видливи со рентген снимање, затоа се пунктира артерија на ногата, во пределот на препоните ( феморална артерија) или на раката (радијална артерија); одовде се спроведува специјална совитлива пластична цевка (специјален катетер), до аортата (главниот, најголемиот артериски крвен сад во телото) и одовде до отворите, почетоците на коронарните артерии.

Поставување на интродуктор водич за катетерот

Прво, на пациентот му се поставува венска линија (инфузија), така доколку се јави потреба веднаш да можат да се дадат лекови.

Местото каде ќе се изврши пункцијата на артерија, било на ниво на препони-феморална артерија или на раката, прво се премачкува со анитсептик, најчесто бетадин, за да се постигне стерилност и потоа се обезболува со локална анестезија; потоа се пунктира артеријата преку која ќе се изврши коронарографијата и во неа се поставува пластична цевка-интродуктор, со поголем калибар, преку кој ќе се спроведе жица која ќе го води катетерот низ артериските крвни садови до коронарните артерии.

webcontent%5C9ab1abd2859d41ed84d7c501afb7fd0a.jpg

Интродуктор поставен во атерија феморалис, на ниво на преоните

Спроведување на катетрот низ интродукторот

Откако ќе се постави интродукторот во артеријата (речиси безболна процедура), катетрот преку кој ќе се инјектира контрастниот материјал се воведува во артеријата, се насочува кон аортата до ниво на отворите на коронарните артерии.


webcontent%5Ccb03891feceb4842921b1be509c2ffe2.jpg

По пункцијата на артеријата, на сликата на ниво на препони, кардиологот поставува водич, специјална метална жица, во артеријата

Катетрот се постаува на отворот на коронарната артерија лоцирана на десната страна на срцето и радиолошкиот контраст се инјектира многу брзо, со цел артеријата да се исполни со контрастен материјал и да стане видлива со рентген снимање. Истовремено со инјектирањето се одвива и рентген снимањето, со што се добива слика на целата десна коронарна артерија.
Истата процедура се повторува со левата коронарна артерија.

Услови за изведување на коронарографија


Пред изведување на коронарографија се земаат податоци од пациентот во однос на алергија, особено кон лекови кои содржат јод, бидејќи во тој случај процедурата може да се изведе само со претходно давање на лекови против алергија како кортикостероиди и антихистаминици. Алергиски реакции кон контрастот кој се употребува се ретки, но доколку се јават, поради самата природа на прегледот, има обучен персонал кој е способен брзо и адекватно да реагира.

Понекогаш, доколку пациентот е многу вознемирен, се даваат лекови за смирување пред да се изведе коронарографијата; пред прегледот пациентот треба да е гладен и да ги следи препораките на лекарот во однос на лековите кои ги зема, особено привремено прекинување на лековите против згрутчување на крвта, со цел да се намали ризикот од крварење по прегледот.

За време на коронарографијата, пациентот е гол и лежи на грб.

Индикации за изведување на коронарографија


За потребата од изведување на коронарографија одлучува кардиолог и тоа најчесто при следива состојби:

- Силна, нагла болка во градите, која не се смирува со одмор и земање на нитроглицерин кај пациенти кои имаат историја за ангина пекторис и која укажува на нестабилна ангина пекторис или срцев удар (миокарден инфаркт);

- ЕКГ при мирување или стрес тест кој укажува на недоволен проток на крв низ коронарните крвни садови, исхемија, недоволна количина на кислород за срцевиот мускул;

- Миокарден инфаркт
Доста често коронарографијата е вовед во стентирање, доколку добиениот резултат укажува на голема оклузија, препрека на протокот на крв низ коронарните крвни садови.

Резултати од коронарографија

Нормална коронарографија, нормален наод
Сликата подолу покажува нормална коронарографија, нормална проодност низ крвните садови на срцето.

webcontent%5C150731ffc5054636b20484f793d46ef1.jpg
Нормална десна коронарна артерија

Абнормална коронарографија; абнормален наод
Наодот од коронарографија е абнормален кога има намалување на внатрешниот дијаметар на артеријата а со тоа и намален проток на крв.
Овие стеснувања, најчесто предизвикани од атеросклероза се означуваат како „стенози“.

webcontent%5C4559701806aa4ecfb8f20a1af7726403.jpg
 
Компјутерска Томографија ( КТ, КТ-скен)

Дефиниција


webcontent%5C8b91f54adbe04f688e898fed4ac92cf1.jpg
КТ (компјутерска томографија) има посебна опрема за рентген зраци за добивање на слики од телото од различни агли и потоа со помош на компјутер податоците се анализираат и обработуваат и даваат слики со пресек на телото, пресек низ органите и ткивата.

КТ е посебно корисен бидејќи прикажува повеќе различни типови на ткива- бели дробови, коскено ткиво, меко ткиво ( мускули и сврзно ткиво) и крвни садови-со голема јасност. КТ бара посебни просторни услови и посебно обучен кадар, рентген техничар и рентгенолог и обично се изведува во болнички услови. Со помош на КТ можат многу полесно да се дијагностицираат болести како карциноми, кардиоваскуларни болести, инфективни болести, повреди и мускуло-скелетни болести.

Индикации


Поради тоа што овозможува детален, надолжен и напречен приказ на сите видови ткива, КТ е една од најдобрите методи за испитување на градниот кош и стомакот. Најчесто КТ е преферираниот метод за дијагноза на различни видови карциноми, вклучувајќи рак на белите дробови, црниот дроб, рак на панкреас, бидејќи дава морфолошки изглед на туморот и може да се измери големината на туморот, да се утврди неговата прецизна локација и распространетоста на туморот во окoлните ткива и структури. КТ често се користи за планирање и соодветно администрирање на радијациона терапија за тумори, за водење на биопсија и дргуи минимално инвазивни процедури како и за планирање на хируршки операции и утврдување на операбилност на туморот. КТ јасно ги покажува и најмалите коски и околното ткиво како мускули и крвни садови. Ова го прави непроценлив во дијагноза и третирање на рбетни болести, повреди на рацете, нозете и останатите коскени структури. При случаи на траума, КТ брзо ги открива повредите на црниот дроб, слезената, бубрезите и другите внатрешни органи. КТ особено често се користи за утврдување на крварење во мозокот како и за дијагностицирање на тумор во мозoкот.

webcontent%5C01238ec8d8524dd1b30c4616c81583ae.gif
webcontent%5C40e7736f2d434ca59a17b2c1e4d84559.jpg

КТ Мозок- Крварење во мозок

webcontent%5Cd9f3900f039f41aa8f9af1e48e80e098.jpg
webcontent%5C3a1ca923a3bf48699b06ff68d499776a.jpg
КТ на стомак и на бели дробови

Подготовка


Бидејќи КТ често се користи како ургентна дијагностичка метода, особено при масивни, мултипни повреди на повеќе органи истовремено, не е потребна посебна подготовка на пациенотот за прегледот. Општо, металните предмети можат да влијаат на сликата, така да пред прегледот треба да се извадат. Во случаи кога КТ е однапред планирана, може од пациентот да се побара да не пие течности и да не јаде неколку часа пред прегледот. Бидејќи КТ користи рентген зраци кои можат да бидат штетни за плодот, жените треба секогаш да го информираат лекарот ако се бремени или ако се сомневаат на бременост!

Изглед на КТ


КТ е голема машина со облик на коцка која има дупка во средина. Пациентот лежи на кревет кој може да се движи горе или долу и кој се движи во центарот на дупката при прегледот. Машината има вградено рентген цевка која ротира околу телото на пациентот и дава слики од различни агли на телото. Иако рентген техничарот може да му зборува и да го гледа пациентот во текот на прегледот, пациентот лежи сам во просторијата во која е КТ апаратот. Во текот на прегледот машината прозведува силни звуци, за што пациентот треба да биде предупреден.

webcontent%5Cce080f50f77041f6a6906f3c17e94b0d.jpg


Во многу нешта КТ е сличен како и останатите рентген снимања. Многу мали, контролирани количини на рентген зрачење поминува низ телото и различни ткива апсорбираат различни количини од зрачењето. Кај обичните рентген снимања, сликата од рентген се добива кога специјален филм е изложен на рентген зраци. Кај КТ овој филм е заменет со низа на детектори кои го мерат рентген профилот на различни ткива.

Во КТ скенерот рентген цевката ротира а на спротивната страна се наоѓаат детекторите. Секогаш кога рентген цевката ќе направи свртување од 360 степени, рентген зраците поминуваат низ одреден дел од телото и се добива тенок пресек на телото (пресекот обично изнесува неколку милиметри и во текот на прегледот се прават голем број на вакви пресеци, надолжни или напречни на различни нивоа од делот од телотот кој се испитува).

За време на секоја поединечна ротација детекторот снима околу 1000 слики кои потоа се обработуваат од компјутерски до добивање на дво-димензионална слика. За управување на целиот систем на КТ се користат неколку компјутери.

Изведување на прегледот


Обично техничарот го позиционира пациентот на креветот на КТ, во зависност од делот на телото кој ќе се снима. Со започнувањето на прегледот креветот се движи бавно кон центарот на КТ машината.

webcontent%5C4c0eaa35a8624522a0474778bc62680c.jpg
При КТ прегледот често се употребуваат контрастни средства за подобар увид во одредени ткива и крвни садови. Контрастниот материјал, во зависност од испитувањето може да се проголта или да се инјектира интра-венски. Пред давање на контрастен материјал потребно е да се исклучи алергија на пациенотот кон лекови, особено лекови кои содржат јод, и потребно е да се земат во предвид хронични болести како дијабетес, астма, срцеви болести и особено бубрежни и тироидни болести. Овие состојби се поврзани со повисок ризик на реакција на пациентот кон контрастниот материјал како и во елиминација на материјалот по прегледот.

КТ прегледот обично трае од неколку минути до пола час. Кога прегледот ќе заврши, можно е од пациентот да се побара да почека, за да се утврди дали се потребни уште слики.

КТ прегледот е безболен.

Предности и ризици


Предности
  • КТ е безболна, неинвазивна метода
  • КТ прегледот е брз и едноставен во однос на подготовка на пациентот. Особено тоа доаѓа до израз при акутни состојби, повреди, кога со КТ можат да се откријат повредите на внатрешните органи доволно брзо за да се спасат човечки животи.
  • Со помош на КТ може да се елиминира потребата од инвазивна, експлоративна хирургија и хируршка биопсија.
  • КТ може да идентификува и нормални и абнормални структури, со што е многу важен алат за водење на радиотерапија, тенко-иглена биопсија и други минимално инвазивни процедури.
Ризици
  • КТ доведува до изложеност на х-зраци, но бенефитот од точна дијагноза во голема мера го надминува ризикот од зрачењето. Зрачењето од КТ е контролирано и точно дозирано и одговара на зрачењето на околината (телевизија и сл.) на кое сме изложени во период од три години.
  • Жените треба секогаш да го информираат рентгенологот доколку постои можност да се бремени.
  • Мајките кои дојат треба да го прекинат доењето најмалку 24 часа по инјектирањето на инекција со контаст.
  • Ризикот од тешка алергиска реакција предизвикана од контрастот е мал, на радиолошките оддели имаат и кадар и опрема за справување со нив. (Во нормално развиени земји)
 
Магнетна Резонанца (MR Imaging-MRI)

Што е магнетна резонанца ?


7030fe73c5e240f797692e4b177d7f7b.jpg
При прегледот со магнетна резонанца, за разлика од рентген снимањата, се користат силни магнетни полиња со кои се добиваат неверојатно јасни и детални слики од внатрешните органи и ткива. Магнетната резонанца се употребува за дијагноза на огромен број болести на сите делови од телото, вклучувајќи карциноми, срцеви и васкуларни болести (болести на крвни садови), мозочен удар и мозочни крварења, болести на зглобови и мускулоскелетни болести. За магнетна резонанца се потребни посебни просторни услови и посебно обучен персонал, вклучувајќи радиолог кој е посебно обучен за изведување на прегледот и интерпретација на резултатите, но со магнетна резонанца можат да се евалуираат телесни структури кои не се видливи со никој друг метод на преглед.

Најчести состојби при кои се изведува преглед со магнетна резонанца (МР)


7342200828174386ac1c548e44e10f0d.jpg
Бидејќи МР дава многу јасна слика на мекоткивните структури околу коските, таа e најсензитивниот преглед за болести и состојби на рбетот и зглобовите. МР многу често се употребува за дијагноза на повреди на зглобовите особено на повреди на колената, рамењата, колковите, лактите и рачните зглобови. Со МР можат да се видат дури многу мали повреди како што се мали раскини на лигаменти и мускули.

0945b4506d5f423692aaf7a731fa0a56.jpg

Исто така, МР прегледот на срце, аорта, коронарните артерии и останатите крвни садови е брза, неинвазивна, безболна метода за дијагностицирање на коронарна артериска болест и други срцеви болести. Со помош на МР, лекарите можат да ја утврдат големината и дебелината на ѕидовите на срцевите комори и да го одредат оштетувањето предизвикано од срцев удар (инфаркт) или од прогресивни, хронични срцеви болести како на пример хронична срцева слабост.

8d778050026e4956b10836db9ada3879.jpg


Органите во градниот кош и стомакот- белите дробови, црниот дроб, бубрезите , слезината, панкреасот и стомачните крвни садови-можат да бидат детално прегледани со МР, овозможувајќи рана дијагноза на тумори, нивна евалуација во смисла на нивна големина, распространетост, зафатеност на соседни органи и сл. МР се почесто се употребува наместо рентген мамографија за рана дијагноза на рак на дојка.
Бидејќи при МР нема зрачење, се преферира нејзината употреба при снимање на делови од телото кои се особено осетливи на зрачење, како органите за репродукција значи и карлицата, колковите и мочниот меур.

Подготовка на пациентот за снимањето


Бидејќи при прегледот со МР се користи силно магнетно поле, кое може да помести метален објект вграден во телото, пред прегледот пациентот се прашува за претходна операција во која му е вграден вештачки колк, пејсмекер (или вештачки срцев залисток) или метални шипки, штрафови и сл. Во најголем број од случаите, металните штрафови не се проблем доколку се поставени пред 4 до 6 недели. Пред прегледот секако пациентот треба да ги остави сите метални објекти.

Изглед на МР


Постојат два типа на МР, отворен и затворен тип. Затворениот тип има изглед на голема цилиндер и бидејќи е затворен од сите страни, пациентот може да се чувствува клаустрофобично.

45fc027021084140ad69d3f52a053175.jpg
5b4c05e76f4c486ab4e96f5ee1107ff3.jpg


Но новите МР се од отворен тип и се поприфатливи за пациентите.

82a928a9fe354987adf6b2d52371ebac.jpg
98f6708b9c8a476cb0a91ca5599cf04e.jpg


Принцип на функционирање на МР


МР е уникатен метод, бидејќи за разлика од конвенционалната рентген технологија и компјутерска томографија (КТ), сцинтиграфија, снимања со радиоизотопи и сл., при прглед со МР не се користат јонизирачки зрачења. Наместо тоа, радио-бранови се насочуваат како протони во силно магнетно поле. Протоните прво се ексцитирани, „возбудени“ а потоа се враќаат во стабилна состојба и така емитираат радио сигнали кои можат да бидат компјутерски обработени за добивање на слика. Во човечкото тело, протоните се всушност водородниот атом од молекулот на водата, која сочинува 45% од тежината на возрасен човек, така да МР сликата ја покажува разликата во содржината на вода на различни ткива во организмот. Дури и различни ткива на еден орган, како на пример сивата и бела материја на мозокот, можат јасно да се разликуваат со МР. Обично секој МР преглед се состои од 2 до 6 секвенци на сликање, од кои секоја трае по 15 минути, така да целиот преглед трае од 40 до 80 минути. На сликите од МР се добиваат пресеци од одредени делови од човечкото тело во различни рамнини.

Изведба на МР преглед


Пациентот лежи на кревет, кој е подвижен и се поставува во позиција која е соодветна за делот од телото кој ќе се испитува. Потоа радиологот и техничарот ја напуштаат просторијата и започнува снимањето. Пациентот може да комуницира со персоналот за време на процедурата. Од пациентите се бара да лежат мирно.

51f1ba218a504b1297c3e1d96ae7d52b.jpg
0cd93d3129474a5a978d9a37dec24f3d.jpg

Во зависност од прегледот можно е да се употреби контрастен материјал ( обично гандолиниум) за да се подобри видливоста на одредени ткива и крвни садови. Целиот преглед трае околу 40-80 минути и е безболен. За одреден дел од пациентите ќе мора да се употреби срдство за смирување поради чувството на клаустрофобија кај МР машините од затворен тип. На почетокот од снимањето обично се слуша звук како брмчење и чукање од машината и тоа е сосема нормално. Резултите од снимањето би требало да се достапни за пациентот до 24 часа по снимањето. По прегледот пациентот може слободно да продолжи со секојдневните активности.

11d9880d22054d92a517be6c50f3189d.jpg
ea7101fec9a240f4a89acd3c6136d370.jpg
 
Сцинтиграфија / Нуклеарна медицина

Нуклеарната медицина е субспецијалност од областа на радиологијата. Нуклеарната медицина користи дијагностички методи со кои се добива слика на телото но и функцијата на органите. Овие слики се добиваат од енергијата која ја емитираат радиоактивните супстанци претходно дадени на пациентот, било интравенски или преку уста. Општо гледано дозата на зрачење врз пациентот е слична со онаа при рентген снимање.

Примена


Сцинтиграфијата се применува за дијаностицирање на голем број на болести-тумори, инфекции и други пореметување кои можат да се дијагностицираат со испитување на функцијата на органите. Поспецифично, нуклеарната медицина може да се употреби за:
  • Анализа на бубрежна функција
  • Слика на протокот на крв низ срцето како и анализа на функцијата на срцето
  • Скенирање на белите дробови
  • Идентификација на блокада во жолчните патишта
  • Анализа на коски во однос на скршеници, инфекција, артритис или тумор.
  • Утврдување на присуство и раширеност на карцином (рак).
  • Идентификација на крварење во цревата
  • Лоцирање на инфекцијата
  • Мерење на функцијата на тироидната жлезда ( штитна жлезда)
Припрема на пациентот


Обично не е потребна никаква посебна подготовка за сцинтиграфија. Но доколку треба да се испитува стомакот, пациентот треба да е гладен или доколку треба да се испитуваат бубрезите пациентите треба да пијат многу течности пред испитувањето.

Изведба на процедурата и изглед на опремата


При изведбата на најголем дел од нуклерните медицински испитувања, пациентот лежи на грб врз масата за скенирање. Опремата во голема мера изгледа како Компјутерска томографија, со таа разлика што овде има гама камера.

6cf170c9a97e4665a5ef3a8d5327fb95.jpg
ac10fb971d194c1fbe763120a9afb3b5.png

Во соседната просторија се наоѓаат компјутерскиот дел од опремата кој ги обработува податоците добиени од процедурата.

Принципи на функционирање на процедурата


На пациентот му се дава мала доза на радиоактивен материјал, интравенски или преку уста, кој се задржува во специфични органи. Овој материјал наречен трасер испушта радиоактивни зраци кои се детектирани од страна на гама-камерата, која пак е поврзана со компјутер и на тој начин се добиваат слики и мерки од различни делови на органи и ткива.
Изведба на процедурата


Радиоактивниот материјал обично се дава преку вена. Во зависност од типот на скен кој ќе се изведува, сликите можат да се добијат речиси веднаш, по неколку часа или повеќе дена по инјекцијата. Самото снимање трае од 20 до 45 минути.
Во зависност од тоа кој дел од телото се испитува се употребуваат различни радиоактивни супстанци, кои се специфични и се акумулираат во различни делови од телото. Во зависност од типот на скенот, може да се потребни неколку секунди до неколку дена за радиоактивната супстанца да патува низ телото и да стигне и да се задржи во целниот орган и затоа времето на снимање варира кај снимања на различни органи и ткива.

Додека трае снимањето, пациентот треба да лежи мирно, особено доколку се прават серии од слики од некој орган за да се добие увид во неговата функција во тек на краток временски период.

По изведувањето на процедурата, субспецијалист по нуклеарна медицина го проверува квалитетот на сликите за да се осигура дека се добиени оптимални слики.

Самото испитување е безболно. Најголем дел од радиоактивниот материјал се губи преку урината и преку столица. Остатокот исчезнува заради природното губење на радиоактивност со тек на време. Во нуклеарната медицина се користат радиоактивни материјали со кратко време на полураспаѓање со цел да се намали зрачењето кое го прима пациентот.
Анализата на резултатите ја прави субспецијалист по нуклерна медицина и за нивно добивање се потребни неколку дена.
03917f5f76b24ce88dbc764ae1bccb27.jpg

Тироиден скен
75c26c6a27b643729065def674e9b473.jpg

Предности

  • Информацијата која се добива со сцинтиграфија е во однос на функцијата на органите е уникатна и моментално недостижна со другите методи. За голем број болести, нуклеарната медицина е најдобра за поставување на нивна дијагноза и одредување на правилно лечење.
  • Нуклеарната медицина е безболна за разлика од експлоративна хирургија и алергиски реакции кон радиоактивниот материјал кој се дава се екстремно ретки.
Ризици
  • Бидејќи дозите на радиоактивни супстанци кои се даваат се многу мали, изложеноста на радијација е многу мала. Сцинтиграфијата се употребува повеќе од 50 години и досега не се познати нескани ефекти.
  • Како и кај сите радиолошки методи пациентката треба да го информира лекарот доколку е бремена или доколку се сомнева на бременост.
Нуклеарните медицински испитувања бараат многу време. Може да бидат потребни и неколку дена за радиоактивната супстанца да дојде и да се задржи во органот кој треба да се снима.
 
Сцинтиграфија на срце

Брзиот развој на електрониката и медицината заедно допринесоа за развивање на методи со кои многу подобро може да се анализира структурата и функцијата на срцето. Сцинтиграфијата на срцето дава информација за функцијата на мускулниот ѕид на срцето како и за капацитетот на самиот срцев мускул.
Прегледот започнува со инјектирање на радиоактивна супстанца, која се задржува во срцето и потоа се снима енергијата која ја емитира радиоактивната супстанца со посебен апарат, гама-камера.

50ace897213b4f2bb1a31bbd18a7bfc1.jpg

Прегледот е сосема безболен, просечно трае од 15 до 30 минути.

Изведба на прегледот


Пациентот лежи на грб на специјален кревет, додека гама камерата е поставена над него.

18b7c9df29d74449bb760defe29c3dba.jpg

Сцинтиграфија на срце.

Оваа машина може да направи целосна ротација околу телото на пациетот, т.е. да го снима од сите агли.
Овој преглед може да се направи и по стрес-тест на срце, со цел да оцени капацитетот на срцето при вежбање.

Резултати


Радиоактивната супстанца се задржува само во живите срцеви клетки а не и во мртвите. Така регионите од срцето каде клетките се живи се прикажуваат со црвена боја (највисока концентрација на радиоактивна супстанца), додека регионите со мртви клетки ( по миокарден инфаркт-срцев удар) се прикажуваат плаво или зелено.

b8fe609866a848ca8d3e23c3047b8c4e.jpg

Опис на сцинтиграфија на срце-Сите делови од срцето кои се обоени црвено се нормални, додека жолтите региони укажуваат на намален проток на крв

Така врз основа на пребоеноста лекарот може да ја оцени точната состојба на срцевиот мускул.

Лекарите врз основа на овој преглед исто така можат да го оценат капацитетот на срцето за „оживување“ по срцев удар , односно за „оживување“ на оние клетки кои сеуште се живи. Ова е релативно нов термин во медицината -миокардијална вијалабилност.

8413570845ba4f05a96a5d7898711fae.jpg

Сцинтиграфија на срце за време на стрес тест-дел од регионите кои на горната слика се црвено обоени на оваа слика, значи при напор се обојуваат жолто, што укажува на намалена снабденост на срцето со кислород, намален проток на крв.


fa1cd9cb45df41b6aebd877440f78b44.jpg

Во миривање и при напор (При стрес тест)


Овој преглед е особено важен кај тешки срцеви болни, во однос на проценката на контрактилната резерва на срцето и на деловите од срцето кои се вијалибилни, односно сеуште живи и кои можат да се спасат со правилен третман.
Високата цена на овој преглед, потребата од високо обучен персонал и посебни просторни услови се негативни страни на овој метод
 
Тироиден скен

Тироидениот скен и тестот на акумулација на радиоактивен јод, се испитувања со кои се испитува фукцијата и структурата на тироидната жлезда. Тироидната жлезда се наоѓа на предниот дел од вратот и главна функција и е регулација на метаболизмот, со што се регулира нивото на функционирање на телесните функции.

За двата теста се користи радиоактивен материјал, наречен радиотрасер ( јод или технециум), кој се инјектира преку вена или преку уста. Овие супстанци се акумулираат, насобираат во тироидната жлезда, каде емитираат енергија, во вид на гама зраци. Оваа енергија се детектира со гама камера и преку компјутер се анализира количината на радиотрасер апсорбирана во тириоидната жлезда и врз основа на тоа се добива дигитална слика на тироидната жлезда.

8a11fa4794df4127876e40d499090637.jpg



2559a4ad34e74127a18c6b7721aee701.jpg

Примена на тироиден скен


Тироидниот скен се употребува за одредување на големината, обликот и позицијата на тироидната жлезда. Тестот на акумулација на радиоактивен јод се користи за испитување на функцијата на тироидната жлезда.

Најчесто овие тестови се користат за:
  • одредување дали жлездата функционира правилно.
  • поставување на дијагноза на болести на тироидната жлезда, како преголема активност на тироидната жлезда, состојба наречена хипертиоидизам, карцином (рак) и други состојби.
  • одредување присуство на нодули (јазли) во жлездата.
  • детектирање на области во тироидната жлезда кои имаат абнормалност, како зони на воспаление и инфекција.
  • одредување дали проширеноста на карцином на тироидна жлезда е надвор од тироидната жлезда.
  • за следење на состојбата по одредена интервенција, како операција, радиотерапија или хемотерапија.
Тироиден скен на целото тело се изведува кај луѓе кои имале тироиден карцином, со цел утврдување на евентуално проширување на ракот во други делови од телото, метастази, кои исто имаат карактеристика на апсорбција на јод (најчесто при скенирањето се користи радиоактивен јод).

Подготовка за процедурата


Лекарот треба да биде информиран доколку пациентот има претходни прегледи, операции или тратмани со радиоактивни материјали или рентген снимања со јоден контраст, во последните пет години.
Неколку денови пред прегледот, може да има потреба од изведување на лабораториски тестови за одредување на ниво на тироидни хормони во крвта.

Изглед на апаратура



webcontent%5C25e87c56bfd540e19f8104f8e58b13cf.jpg

Еден од основните делови е сондата која функционира како микрофон кој е способен да ја мери дистрибуцијата на радиотрасерот во тироидната жлезда. Се поставува на предниот дел на вратот, над тироидната жлезда и се држи неколку минути (Тест на акумулација на радиоактивен јод).

webcontent%5C078de1c9671a4c52876a362edd0ca006.jpg

Гама-камерата е посебна камера која ја слика тироидната жлезда од три различни агли. Целиот изглед на апаратурата е сличен на компјутерска томографија.

Изведба на тироиден скен


Пред изведбата на тироидниот скен, на пациентот му се дава радиотрасер ( јод или технециум), кој или се дава преку уста или се инјектира во вена.
На јодниот радиотрасер даден орално му требаат 24 часа за да се акумулира во тироидната жлезда. На радиотрасерот со технециум, даден венски му требаат 30 минути за да се акумулира во тироидната жлезда.

Самиот преглед, тироидниот скен трае околу 30 минути.

Тироидниот скен е безболна процедура.

Резултатите од процедурата ги анализира рентгенолог, кој е специјално обучен за овој тип на испитувања.

webcontent%5C5ad6e5dd9e9141c8abda5fcb6d96012e.jpg
 
Општ лекарски преглед

Општиот лекарски преглед е првиот и најважен чекор во поставувањето на правилна дијагноза а со тоа и терапија. Иако лекарскиот преглед се изведува по строго утврден редослед, сепак интерпретацијата на наодите зависи од умешноста и знаењето на самиот лекар.

d9532d0b30ea41c0a9cab801b9c2ed15.jpg
Прегледот започнува со земање на анамнеза, т.е лекарот го испрашува пациентот за историјата и развојот на болеста. Овој дел од прегледот речиси целосно зависи од способноста на лекарот за воспоставување на контакт и здобивање на довербата на пациентот. Вториот дел е физикалниот преглед, односно преглед по органски системи. Секако дека при физикалниот преглед најголемо внимание се обрнува на оние органи и делови од телото за кои пациентот се жали, но при секој преглед рутински се изведуват аускултација со стетоскоп ( „слушање“) на градниот кош и мерење на крвниот притисок (кај млади лица и возрасни). Утврдувањето на вистинскиот проблем на пациентот може да биде доста тежок процес, доста често пациентите се исплашени и вознемирени од проблеми кои не се суштински, додека симптомите кои би можеле да упатат на сериозна болест ги прескокнуваат и затоа анамнезата бара големо внимание и трпеливост од страна на лекарот. (Ако земеме во предвид дека доста често се случува лекарот да има и преку 60 прегледи на ден ( при епидемија на грип на пример) се поставува прашањето колку е тоа вистински можно.)

Вториот дел од прегледот е физикалниот преглед, кој подразбира преглед на телото, при што прво лекарот го зема во предвид изгледот на пациентот, неговата висина, ухранетост и дали остава впечаток на лесно, средно или тешко болен пациент. Обично прегледот започнува од главата па надолу, при што во зависност од симптомите на пациентот се прегледуваат најчесто грлото, надворешниот ушен канал со ушното тапанче (отоскопија) , тироидната жлезда на вратот; при посебни состојби како на пример мозочен удар се утврдува големината на зениците и нивната реакција на светлина и тн.

94e18f28ede945079cb561fd3a1b5673.jpg
На градниот кош се врши аускултација со стетоскоп, со што се прегледуваат белите дробови и срцето. Аускултацијата е незаменлив метод за дијагноза на голем број на болести, од пневмонија до вродени срцеви мани. Дури и кога наодот од аускултацијата не е конклузивен т.е. не може со сигурност да се каже точно која болест е во прашање, сепак има огромна важност затоа што врз основа на тоа пациентот се праќа на понатамошно иследување, на пр. многу тешко може со 100% сигурност да се постави дијагноза на точниот вид на само со аускултација, но без изведба на аускултација речиси е невозможно да се земе во обзир можноста за постоење на срцева мана.

Прегледот на стомакот најчесто се изведува доколку пациентот се жали на болка во стомакот, пролив, доколку има жолтица и слично. При прегледот се изведува палпација ( „напипување“) на органите (особено внимание се посветува на црниот дроб како и на болните точки) со што се утврдува нивната големина, се испитува постоењето на слободна течност во стомакот ( асцитес- најчесто при цироза на црн дроб но и при одредени видови на карциноми и други состојби).

542f584fc47a40859381525918e1b587.jpg
Една од најтешките состојби за утврдување на точна дијагноза е акутен абдомен, односно нагла силна болка во стомакот поради големиот број на болести кои имаат речиси исти симптоми и кои речиси сите се животозагрозувачки доколку првилно не се лечат.

Во зависност од симптомите, прегледот продолжува на екстремитетите, рацете и нозете, каде се гледа опсегот на нивното движење, се проверува пулсот во периферните артерии и тн.

Сите луѓе се различни и различно реагираат на иста болест, различно поднесуваат болка и сл., така да секој пациент треба да се разгледува индивидуално.
Општиот преглед би требало да трае минимално 15 минути и истиот треба да се изведува во потполна дискреција (лекарска тајна-лекарот одговара кривично доколку ги пренесе информациите за здравствената состојба на пациентот на друго лице, со исклучок на друг лекар или лекарски конзилиум).

По земените податоци за историјата на болеста и нејзиниот развој и по извршениот физикален преглед, третата фаза е поставувањето на дијагноза. Постојат мал број на болести, најчесто акутни болести кои можат да се дијагностицираат и лечат веднаш, без изведување на посебни испитувања. Речиси сите хронични болести бараат посебни испитувања меѓу другото и за следење на болеста, дали со тек на време болеста се подобрува, влошува или се одржува под контрола. Дел од овие испитувања (лабораториски испитувања, ЕКГ и сл.) лекарот најчесто сам ги извршува или ги анализира, но за другите мора да го упати пациентот до одредена институција ( со специјалистички упат од матичен лекар).
 
gi zaboravi ednoskopjija(podrazbira rektoskopija i koloskopija),PET(positroniemisiotomografija),Biopsija i punkcija.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom