Математичка мистерија

  • Креатор на темата Креатор на темата acetetovo
  • Време на започнување Време на започнување

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Значи вака, во бар седат тројца другари. На заминување бараат сметка да платат, конобарот им носи сметка од триесет евра, која другариве ја поделуваат и секој дава по 10 евра за да платат севкупно 30 евра. Во меѓувреме откако платиле, газдата на барот ги препознава и му вели на конобарот да им даде попуст од 5 евра, бидејќи му биле стари познаници. Конобаров од тие 5 евра им дава кусур по едно евро на секој од другарите/муштериите а за себе краде 2 евра.
Мистеријата е во тоа по колку платиле другарите а колку украл конобарот.

Ај да ве видам! :)
 
Сите исто платиле...само многу е долго за објаснување со зборови,и пак неможе да се долови сликовито.....затоа отворете paint и пробајте сликовито да си го претставите....оти јас ако ви ја пратам мојата слика од paint пак нема да ви биде јасно.
 
Со попустот, требало да платат 25 евра вкупно, ама конобарот им украл 2 евра па платиле вкупно 27, односно по 9 евра, со тоа што 25 евра се во касата на барот, а двете као што кажав се кај конобарот.

Значи, од 30 евра, 25 се во касата, 2 кај конобарот, а 3 евра им се вратени на дечките.
 
Финатата е што овие веќе платиле по 10 евра, конобаров им дал по едно евро кусур а им здиплил 2 евра. Прашањето е колку платиле другариве?

10+10+10 = 30, конобарот им вратил по едно евро, а им украл две евра, или 9+9+9=27+2 = 29. Каде е 1 евро?
 
10+10+10 = 30, конобарот им вратил по едно евро, а им украл две евра, или 9+9+9=27+2 = 29. Каде е 1 евро?

Погрешно ја поставуваш задачата. Тие две евра што ги украл келнерот се веќе во тие 27, така да нема потреба да додаваш 2 на 27. Пишав и во првиот пост, да не им украдел 2 евра ќе требало да платат вкупно 25, а вака платиле 27 евра.

25 во каса + 2 украдени од келнерот= 27 + 3 евра вратени како кусур=30 евра
 
Лоша ти е математиката... 3-ца*9 евра =27 евра + 5 евра колку што е попустот - 2 што се украдени = 30

Или може и вака: 30 евра - 5 евра попуст = 25 евра. Од овие 25 на секој доаѓа по 25/3=8.(3), 8.(3)+1=9.(3) * 3 = 28 + 2-те украдени = 30
 
Другарите си платиле по 10 евра, а добиле бакшиш 1 евро. :pos: Ова е најсрање резултат што некогаш ми излегол. Знам оти нема логика да е точно ама ај смејте се :D
21321.jpg
 
Here we go in the loopty loop
Here we go in the loopty lap
Here we go in the loopty loop
On a saturday night
 
Финатата е што овие веќе платиле по 10 евра, конобаров им дал по едно евро кусур а им здиплил 2 евра. Прашањето е колку платиле другариве?

10+10+10 = 30, конобарот им вратил по едно евро, а им украл две евра, или 9+9+9=27+2 = 29. Каде е 1 евро?
Да не е 27+3?
Нели плаќаат 25 за пивата+ 2 за келнерот =27+ 3 евра што им се вратени од првата сметка = 30
Требаше еден circlejerk ама ми си легнав :(
 
Не бе луѓе пак не се разбираме, овие веќе платиле 30 евра, додека конобаров е на шанк и ги става парите во каса, сопственикот му вика оди дади им попуст од пет евра. Конобаров за себе од тие 5 евра задржува 2 а на гостиве им враќа по 1 едно евро кусур. Логички излегува вака 30 - 5 = 25 + 1 + 1 + 1 + 2 = 30
Ама ако другариве платиле со попустот по 9 евра а конобаров украл 2 излегува 9+9+9 = 27 + 2 = 29. Каде е 1 евро?
 
Абе види
25/3= 8.(3)+1 = 9.(3)
9.(3)*3=28 +2 = 30
Нели новата цена е 25, 8.3 евра од пиво и после тоа им се враќа по 1 евро и стануваат 9.3. Вкупно три пива си ги плаќаат 28 евра, а ќелнерот се офајдува 2 евра.
Иначе права мистерија е каде нашле пиво од 10 евра кога за 1.5 евра има литро и пол.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom