Македонските хакери ја нападнаа страната на албанскиот претседател

  • Креатор на темата Креатор на темата kapadaster
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 јануари 2009
Мислења
3.159
Поени од реакции
375
Веб страната на албанскиот претседател Бамир Топи денеска беше нападната од хакерската група од Македонија „Macedonian Dark Security“.

На официјалниот сајт на претседателот Топи е прикачена страната http://president.al/english/pub/keshilltaret.asp?id=156 на која покрај картата од Голема Македонија, е оставена порака „Don't Play With Us!!“ (Не си играјте со нас!)

Претходно, три дена на официјалната страна на македонскиот претседател Бранко Црвенковски беше прикачена страната www.president.gov.mk/owned.html од косовско-албанска хакерска група KHG, па така за време на првомајските празници, наместо за активноста на Црвенковски, им се отворала нова страница со знакот на групата.

Целта на хакерите најверојатно била да се докаже дека ниту официјалните страни на албанските институции не се доволно заштитени од хакерски напади.

dark-security.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom