Македонските слики заробени во амбасадите на СФРЈ

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Слики од основоположниците на македонското современо сликарство, меѓу кои од Лазар Личеноски, Никола Мартиновски, Вангел Коџоман, кои за време на поранешна Југославија биле изложени во дипломатските претставништвата на СФРЈ низ светот, останаа заробени во бавната сукцесивна постапка и 17 години по распадот на таа држава, никако да се вратат дома. Во просториите на дипломатските претставништва на поранешна СФРЈ, кои во најголем дел преминаа во сопственост на Србија, со години стојат платна и скулптури од Петар Мазев, Данчо Ордев, Петар Хаџи-Бошков, Спасе Куновски, Васко Ташковски, Ана Темкова, Родољуб Анастасов, кои се исклучително важни за заокружување на сликата за современата македонска ликовна сцена. Македонските историчари на уметност, вклучени во процесот на враќање на ова уметничко богатство, и покрај долгиот временски период кој го имаа на располагање за попишување на нашата оставина низ амбасадите на поранешна Југославија, се уште немаат увид во конечниот број дела, ниту, пак, ја имаат проценето нивната вредност.
kultura-sukcesija.jpg


Српските медиуми неодамна објавија детална листа на уметнички дела во 73-те дипломатски претставништва на поранешна СФРЈ, на која се наоѓаат околу две илјади уметнички остварувања. Од нив, педесетина се од македонски автори. Српскиот весник „Блиц“ ја објави и вкупната вредност на уметнички слики кои се наоѓаат во некои од поранешните амбасади. Вредноста на делата кои се во Париз, на пример, е проценета на 389.000 евра. Нешто помалку чинат сликите во Москва, а оние во Пекинг „тежат“ 247.000 евра.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom