- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.592
Голема благорадност до Macedonian Arts Council од Њујорк за преземената акција да се спасат и прикажат македонските носии.
Изложба со наслов „Млади невести, стари скапоцености - македонски везен фустан“ ќе биде отворена од октомври годинава до 6 јануари 2013 година во Музејот на интернационалната народна уметност во американскиот град Санте Фе, Ново Мексико
Носиите и по затворањето на изложбата ќе бидат удомени во американскиот музеј.
Во 2005 година, Македонскиот уметнички совет иницира создавање колекција на македонски народни носии, а целта беше да се најде постојан дом за автентичните и оригинални артефакти што се во сосопственост на приватни колекционери во САД и во Македонија. По шест години колекцијата стана стварност и си најде свој дом во Музејот на интернационалната народна уметност во Санте Фе, уметнички центар на Западна Америка.
Реновираниот музеј нуди можност за македонската народна носија да биде ценета и презентирана надвор од границите на Македонија. Околу 200 илјади посетители ќе имаат шанса да ги видат носиите во музејот.
Куратор на изложбата е Боби Самберг, кој ја реализира постановката во тесна соработка со македонскиот експерт и собирач на народна уметност проф. Владимир Јаневски. Изложбата ќе биде придружена со каталог со ист наслов „Млади невести, стари скапоцености - македонски везен фустан“, кој вклучува есеи од водечки македонски научници-етнолози и богат фонд на фотографии на колекцијата, најобемна во САД. Проценета на 600 илјади долари колекцијата ќе се дополнува додека не достигне вредност од еден милион долари.
Изложбата ќе биде под покровителство на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, и ќе се отвори на 1 октомври.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7231193546&id=16&&prilog=0setIzdanie=22338