МАКЕДОНСКИ ИГРИ ВО РАЗВОЈ

  • Креатор на темата Креатор на темата daniela_p
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 јуни 2014
Мислења
2
Поени од реакции
4
Возраст
34
Здраво,

Веќе некое време го гледам развојот на македонските игри и морам да признаам дека во последно време се гледа голем напредок. Во последно време се појавија неколку независни девелопери кој направија страшно добри интересни игри па дури некои и од нив добија финансиска помош од големи компании и одлични понуди. Можеби сеуште не сме нација која може да го достигне врвот во оваа област но важно е дека се трудиме.
Па затоа гледајќи ја оваа тема за игри гледам дека сеуште нема отворено ваква дискусија и јас се решив да ја започнам. Морам да признаам дека првата 3Д македонска игра ме пријатно изненади. Се работи за прекрасен гејмплеј каде управувате со борбен хелихоптер и одлична графика. Играта се вика Excubitor и ова е линк од нивната страна: http://excubitorgame.com/
Друга игра која е во најава е Last Hope и сега за сега изгледа одлично. Ќе го почекаме крајниот резултат. Линк до играта: http://www.indiedb.com/games/lasthope
Сепак доколку повеќе сакате едноставни мобилни игри тогаш можете да ги пробате двете македонски андроид игри Adventure Birds и Astro Guardian. Првата го има сличниот гемплеј на добро познатата игра Flappy Birds, а додека во втората контролирате шатл каде треба да ги уништите астероидите кои доаѓаат кон вас. Линк до официјалната веб страна: http://www.as3gamestudio.com

Почитувајте го нашето и разгласете насекаде дека и ние можеме да направиме барем нешто.
 
А што се случува со игата Sonder? Инаку од Битола се дечките што ја прават таа игра.
Беше објавен концептот и треилерот на играта на it.com.mk
 
Сега се запознав со оваа игра и како што видов бараат издавачи и финансиери бидејки игра од таков ранк како што е најавена бара многу средства.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom