Македонски цркви под грчка јурисдикција!!!

  • Креатор на темата Креатор на темата manastirli
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 март 2010
Мислења
22
Поени од реакции
4
По повод крајно непристојните клевети упатени на моја сметка и на сметка на заедниците кои ги претставувам, објавени во Австралиско-македонскиот неделник, на 21ви Јуни 2011, со наслов ‘Антиохиската Патријаршија не е Грчка Црква – Злобни Лаги Против МПЦ,’ под кој стои името на неофицијалниот гласноговорник на владиката Петар, Џими Мераков, го изјавувам следното:

1. Написот на Џими Мераков е одговор на наш напис кој воопшто не е објавен во Австралиско-македонскиот неделник, иако ние тоа уредно го побаравме. Чесно ќе биде Австралиско-македонскиот неделник да ги објави и написот и документите на кои се однесува одговорот на Мераков, за читателите самите да се уверат кој зборува врз основа на документирани факти, а кој сака да ги оцрни своите противници со сеење на злонамерни чаршиски фантазии.
2. Како одговор на нечесната и злонамерна лага на Мераков дека ние лажеме кога Антиохиската Патријаршија ја нарекуваме Грчка, се повикуваме на доставниот извадок од енциклопедијата Википедија, кој потврдува дека официјалното име на Патријаршијата за која станува збор е Грчка Православна Патријаршија од Антиох. Но нашиот проблем со заткулисните обиди да се овозможи ставање на Македонските православни цркви под јурисдикција на таа Патријаршија не е во самото тоа што се нарекува Грчка, туку во нејзиното непризнавање на автокефалноста, односно националната самобитност на Македонската православна црква. За неупатените, доставуваме извадок од веб страницата на Австралиската Архиепископија на таа Патријаршија, на која МПЦ е ставена во редовите на неканонски, што значи незаконски цркви цркви.
3. Уште една крајно нечесна клевета на Џими Мераков е лагата дека јас добивам плата од $150,000 годишно од ‘верниците од двете цркви од Сиднеј.’ Таа злонамерно измамничка клевета Мераков ја крунисува со уште помонструозна лага дека ЈАС СУМ ГО ПРИЗНАЛ ТОА. Авторот на таквата лага очигледно нема никаква почит кон вистинитоста или чувство за човечко достоинство. Како што на повеќе наврати имам изнесено на радио програми во Мелбурн и Сиднеј, надоместокот за моите професионални услуги како Генерален Раководител на Македонската православна заедница од Сиднеј НЕ Е НИ ПОЛОВИНА од сумата која ја наведува Мераков. На повеќе наврати ги имаме повикано владиката Петар и другите официјални претставници на неговата Епархија на јавна дебата, пред телевизиски камери, на која со задоволство ќе го објавиме мојот документиран надоместок за професионални услуги од Македонската православна заедница од Сиднеј, заедно со моите пријави на приходи до австралиската даночна служба, ако и владиката и неговите попови, адвокати и други контрактори ‘ги отворат книгите’ за нивните пријавени приходи, за платите кои ги бараат од ‘Епархијата’, за сумите кои им ги платиле на своите досега безуспешни адвокати за узурпирање на македонските православни црковни имоти во Австралија, како и за изворот на пари за мултимилионските судски трошоци за кои адвокатите на Петар Каревски и Митко Митрев пред Врховниот Суд на Нов Јужен Велз инсистираа дека се од ‘анонимен’ донатор. Македонската јавност има право да знае кој од каде прима пари за своите контроверзни дела во Македонската заедница во Австралија. Само така можеме да утврдиме за чии интереси работи.
4. Уште една монструозна клевета на Џими Мераков е тврдењето дека јас и организациите кои ги застапувам се бореле против признавањето на МПЦ. Ја повикуваме Епархијата или Архиепископијата на Мераков да покажат тронка доказ дека некогаш формално побарала ‘признавање’ на афтокефалната Македонска православна црква од страна на парламентот на Нов Јужен Велз.
5. Кога Мераков тврди дека ние наводно сме биле ‘отпадници’ од МПЦ, а демек тој и неговиот претпоставен владика биле бранители на МПЦ, ги замолуваме официјалните преставници на неговата Епархија или Архиепископија јавно да цитираат точно во која категорија на правни лица во МПЦ, според Член 172 од Уставот на МПЦ, се наоѓа нивната Епархија или Архиепископија за Австралија и Нов Зеланд, во која категорија на правни лица се наоѓаат трите приватни лица кои се законски сопственици на четири ‘нивни’ цркви, во која категорија на правни лица се наоѓа компанијата која се обидоа да ја формираат со законот кој безуспешно го предложија пред парламентот на Нов Јужен Велз, во која категорија се наоѓа Архиепископијата која во 2004 ја инкорпорирале со протоѓакон на Грчката Православна Патријаршија од Антиох како нејзин јавен чиновник, а во која категорија на правни лица спаѓаат регистрираните Македонски православни општини во Австралија кои се признати како дел од МПЦ од страна сите претходни австралиски архиереи на МПЦ, па дури и од самиот Петар Каревски, кога тоа му одговарало.
6. Дали Џими Мераков е официјален претставник на Епархијата на Петар? Ако не, зошто Епархијата која тој ја брани не ги изнесува злобните лаги изнесени во неговото писмо во свое име? Дали неговите претпоставени го користат како жртвено јагне, кукавички криејќи се себеси од тужби за клевета, какви што досега заради нивните недолични измислици беа успешно покренати против сателитската телевизија УБИ, против сиднејската радио станица Eastside FM, против радио водителите Јон и Бети Треноски, и какви што сеуште се водат против Ацо Џеповски, Миле Петров и Миле Димовски? Дали препуштајќи му го на Мераков нечесниот клеветнички ‘одговор’ на фактите за заткулисните махинации со Грчката Патријаршија од Антиох, која не ја признава афтокефалноста на МПЦ, неговите претпоставени свесно го фрлаат во оган за себични цели? Ако е така, ги прашувамe вашите читатели дали таквите ‘духовни водачи’ на Мераков воопшто заслужуваат почит како луѓе и како христијани?
Игор Аврамовски Александров
Претседател на Здружението на македонските заедници од Австралија
Генерален раководител на Македонската православна заедница од Сиднеј

--- надополнето: Jul 11, 2011 12:44 PM ---
http://makedonskaiskra.com/mk/vesti/komentaridebati/582-2011-07-11-12-22-09 Овде можете да ги видите сите слики и текстот
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom