Македонски богатства - иконите исчезнуваат

Дворот на црквата Свети Атанасиј на тетовското Кале остана без покрив откако се украдени шестте плех табли. Кражбата ја открил домаќинот на црквата.

2511acetetovocrkva_463.jpg

Тој вчера забележал дека недостигаат таблите од покривот за разлика од саботата кога последен пат отишол до црквата која се наоѓа во Калето на ридот Балтепе.

Овој верски објект неколку пати во текот на изминатите осум години е ограбуван. Исто така често пати е оштетуван, така што биле кршени вратите, прозорците и други предмети.

Црковниот одбор ја постојано ги поправа штетите но, оштетуавањта продолжуваат постојано.

Алоооо, има некој дома ??? :kesa:
 
Ставот на Македонската архепископија и нејзината администрација е дека МПЦ нема доволно средства за да ги обезбеди сите цркви.
Односно голем дел од црквите се оставени на милост и немилост. Со други зборови крадци навалете, нема кој да ве спречи, за тие цркви никој не се секира. :kesa:
Срам невиден!
 
Досега никој не превзема ништо! А јас незнам како не им е срам да кажат дека немаат пари за да ги обезбедат сите цркви. Па ако не се обезбедени сите тогаш колку од нив се обезбедени ? - Ниту една. Ако се нема доволно пари , какви мерки имаат превземено за да се добијат потребните пари па да се обезбеди нешто што е бесценето за Македонската вера и култура?
Молк :toe:

МПЦ ќе гради црква во Загреб!

МПЦ во Загреб ќе гради прва своја црква за што веќе е определена локација на површина од околу 700 квадратни метри. Објектот ќе се прави на три нивоа: во сутеренот ќе бидат простории за другарување и одржување разни активности на верниците, во приземјето ќе се направи главната молитвена сала на црквата, а на катот службени простории. Ова за "Тпортал" го соопштил, протојерејот Киро Велински, кој додал дека ништо нема да биде мегаломански, ниту пак во некакви византиски стилови, туку дека се работи за мал проект, како за една поголема куќа, кој ќе ги задоволи барањата на верниците.
Според него, финансиската конструкција се уште не е затворена и дека помошта ќе се бара од Македонците во Загреб, Македонската православна црква, како и од Европската епархија на која и припаѓа. Сепак, тој е оптимист и се надева дека изградбата на црквата ќе почне идната година.
Официјалната статистика, според пописот од 2001 година, вели дека во главниот град на Хрватска има 667 Македонци, но се знае дека ги има многу повеќе. Засега, богослужбата се одвива во несоодветна просторија, која е во рамките на католичката црква "Светог Рока" на Британскиот плоштад во централниот дел на градот.

Пари за градење цркви и начини на наоѓање фондови за вакви проекти има, а нема доволно пари да се заштитат постоечките цркви во Р.Македонија. Која иронија :kesa:
-Убаво тоа што се гради Македонска црква , било каде во светот, ама прво заштите ги сите цркви во Македонија, еднаш за секогаш , за да не биде прекасно кога ќе се пробудите.:smir:
 
Извадок од подолго интервју (Атентатот врз Глигоров беше дворски) со српскиот адвокат Тома Фила, со Македонско потекло од Битола:

...Како гледате на српско-македонските односи, од аспект на црковниот спор. Македонците сеуште не можат да го прославуваат Илинден, во манастирот Св.Прохор Пчински?

Фила: Нема отворели проблеми меѓу Србија и Македонија, особено мегу народите од двете земји. За Србите, Македонците се најсакана нација. Дури се и пред Црногорците. Никој не пречи да се формираат школи, медиуми. Србија дури и издвојува буџетски средства за тоа. Србите немаа ништо против и за признавањето на Косово од страна на Македонија, за разлика од Црногорците, за што нема да им простат. Тие знаеја дека, е тоа прашање на македонското пристапување во НАТО, дека беа приморани. А НАТО е кичмата за Македонија. Без НАТО ќе биде со скршена кичма.

ИНПРЕС: А што е со спорот меѓу двете цркви?

Фила: Да вие со право инсистирате на тоа прашање. Тоа е навистина голем, отворен проблем. Но ќе ви откријам една работа. Државната делегација, предводена од претседателот на Собранието Трајко Вељановски, во манастирот Св. Прохор Пчински, ќе биде примена, со ист третман и по ист протокол, каков што беше оној, кога, на истото место, Бранко Црвенкоски беше пречекан од Воислав Коштуница. И тоа без изненадувањето - Вранишкоски. Согласноста на СПЦ, да и се дозволи на државната македонска делегација да го чевствува Илинден во Прохор Пчински, не беа случајни, на тоа се работеше подолго време, за тоа стана збор при неодамнешната посета на македонскиот премиер Никола Груевски на Белград.

Јас малку помогнав колку што можев, но главната заслуга е на амбасадорот Љубиша Георгиевски. Отиде да разговара со Иринеј бачки, благословот го добив јас, го доби и Љубиша. Вранишковски нема да биде таму, а делегацијата на Македонија, не само што ќе положи венец, туку ќе биде и угостена.

Ќе работиме и натаму на тоа СПЦ и МПЦ да се најдат на една заедничка платформа, за што јас ќе го искористам сето свое влијание.

http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=8C5DC70628EAB54BAD3AA3BCDCF226C5

И кога веќе започнав да пишувам на темава еве уште една интересна вест :

-Јован Вранишковски повторно е во Македонија

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=8E63B2C9C05AA94CAA329B513530C98C

Прочитав интересен коментар во врска со владика од МПЦ кој е поврзан или одговорен за бизнисот со украдените икони од Македонските цркви!

-Дали затоа МПЦ - ОА нема доволно средства т.е. не вложува никакви напори да го заштити богатството на своите верници , -сироти (НЕСВЕСНИ) Македонци ? :kesa::tapp:
 
После ни е крив петко , јанко станко -.-

Како ќе се промовираме ко земја со огромно историско богатство кога тоа богатство се краде .
Сеа топката ќе иде од една до друга институција , никој нема да превземе одговорност и на крај некој ќе се офајди :jaj:
 
После ни е крив петко , јанко станко -.-

Како ќе се промовираме ко земја со огромно историско богатство кога тоа богатство се краде .
Сеа топката ќе иде од една до друга институција , никој нема да превземе одговорност и на крај некој ќе се офајди :jaj:

Како мала држава, која поседува огромно културно богатство, едноставно нема веќе место каде да се чува, па се изнесува надвор за да се направи место за ново... :)

Инаку, да, најлесно е несериозноста околу ценењето на културното богатство што го поседуваме, да се канализира во препукување низ институциите. Така најлесно ја задскриваме нашата неукост и необразованост, што всушност значи културно богатство. Поимот културно богатство кај нас е: бекатон плочки, алуминиумски прозори и врати, ламинат, по некоја бела чарапа (ако е од фирма, не оние 5 за 100), пластифицирани тапети и други „пазарни“ реликвии кои јасно го изразуваат статусот за нашата културна гологазост...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom