Македонска женска репрезентација до 17 години

  • Креатор на темата Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување Време на започнување
А

Ајсшутер

Гостин
Еве тема да дискутираме околу женската репрезентација до 17 години,ако има друга слободно ова нека иде канта.

Фудбалерките до 17 години втори во групата​

Македонските девојки ја декласираа Летонија и го освоија второто место во групата што во зависност од расплетот во другите групи би требало да ги однесе во следната квалификациска рунда.
Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години со 3:0 славеше против соодветната селекција на Летонија.
Тоа беше последниот натпревар во Струмица и Турново во рамките на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство.
„Црвено-жолтите“ надежи го освоија второто место во групата со 6 бода зад врсничките од Чешка, кои со 2:0 го добија последниот дуел против Полска за максимален учинок.
Во зависност од резултатите во останатите групи Македонија се очекува да ги продолжи резултатите во следната квалификациска рунда. Според пропозициите, натпреварите ќе ги продолжат првопласираните селекции и шесте најдобри второпласирани од сите групи.
 
Играа во Струмица деновиве ги гледав ама како таа 10 Наташа Андоновска не верувам да има некоја друга во Македонија. Не ми се верува минува по 4-5 фудбалерки,мн добра лева нога,техничар,бомба шут... Да игре со машки ке биде конкурентна :vozbud::vozbud: Голманката е елегантно потпунета малку повеке,има една шпиц игре ама не се мрде од место... одбраната знам има една каниџа ја викаат цар е одзад...добра репрезентација која и треба добра организација и можеме понатаму.
 
Ќе дојде време и кога Женскиот фудбал ке биде на 1 место во Македонија, сум ги гледал како играт..навистина се екстра
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom