македонска карикатура

  • Креатор на темата Креатор на темата popokatepetl
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 мај 2011
Мислења
2
Поени од реакции
0
Што мислите, има ли (имало ли) квалитетни карикатуристи во Македонија ? Колку се тие далеку (блиску) до светски и YU имиња како Џим Унгер, Ласалви, Џери Кинг, Рајзингер, Коракс ... ? Еве еден првичен список (кој може да се дополни) колку да послужи за ваш избор и коментар:

- Дарко Марковиќ - Дар Мар
- Јордан Поп Илиев (Дневник)
- Делчо Михајлов
- Ане Василевски
- Мирослав Георгијевски (Дневник)
- Драган Поповски (Утрински весник)
- Блаже Докулевски - Докуле
- Петар Јанков - Перо (Публика)
- Миле Манчевски
- ....
 
darko_markovic_1.jpg 75DBC9BB4A74CB448E6DEEF3A4C8D656.jpg 98F4B612407F3045889C9956CDAB4507.jpg karikatura.jpg 30b.jpg


Nepotizam(B).jpg mile_mancevski_1.jpg 8C584E56860F9C47B76F5855754619E4.jpg
 
Што мислите, има ли (имало ли) квалитетни карикатуристи во Македонија ? Колку се тие далеку (блиску) до светски и YU имиња како Џим Унгер, Ласалви, Џери Кинг, Рајзингер, Коракс ... ? Еве еден првичен список (кој може да се дополни) колку да послужи за ваш избор и коментар:

- Дарко Марковиќ - Дар Мар
- Јордан Поп Илиев (Дневник)
- Делчо Михајлов
- Ане Василевски
- Мирослав Георгијевски (Дневник)
- Драган Поповски (Утрински весник)
- Блаже Докулевски - Докуле
- Петар Јанков - Перо (Публика)
- Миле Манчевски
- ....
 
Македонска карикатура- ФОРУМ КАЈГАНА

По мое мислење тешко е да се одговори на тоа прашање од причина што повеќе фактори влијаат на тоа, дали некој од македонските карикатуристи е на рамниште со Ласалви, Реизингер, Коракс итд
Македонските збиднувања не се исти со француските и другите познати карикатуристи од западните земји и донекаде и карикатуристите од поранешна ЈУ.
Македонија пред 8.9.1991 г. и после тоа се наоѓаше во транзиција односно, се бараше самата себе да се издвои како самостојна Република . И во тоа успеа но, ни еден македонски карикатурист не беше на браникот на осамостојувањето на Р. Македонија освен Томе Секуловски (односно јас) објавувајки карикатури во Нова Македонија на денот на референдумот а и пред тоа како и во дневниот весник Република.
Од оваа констатација се гледа дека ни еден македонски кариктурист не е на ниво на споменатите светски карикатуристи, бидејки карикатуристите треба однапред да ги предвидуваат настаните и храбро да го водат сопствениот народ со она што го умеат најдобро а во случајот хуморот, во исполнувањето на заедничката цел.
Некој ќе каже дека во тоа време било многу опасно да се објавуваат такви карикатури. Па било и од таа причина се разликуваме како луѓе и творци .
На таа тема имам објавено повеќе текстови во неделниците Дело и Македонско сонце „Карикатура што ли беше тоа? 1995,; ;, Карикатуристите без промени,, 1999, ,,Карикатуристите во транзиција,, 1999 и други.
Можеби некој горенаведеното погрешно ќе го свати или разбере, можеби никој тоа нема да го прифати но, останува надежда дека секој може на горе наведеното да дотури , поттури, извади или додаде со крајна цел да се оформи прифатлив став на поставеното прашање.

Томе Секуловски25.06.2011 г.

Види на WWW. SET-HUMOR.COM

stairs%20of%20the%20life.png
stairs%20of%20the%20life.png
stairs of the life.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom